Коронавирус (COVID-19) - Општа дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата A__
  • Време на започнување Време на започнување
Се вратив од мртвите,д димери од 3900 симнати на 400,сатурација 98,нема повеќе опструкција и пневмонија.Збогум клинико за пулмологија,се надевам нема да се видиме никогаш повеќе :D
 
... не приметив да некој спомна пред тебе низ темиве за стерилитетот, па ти си побарала факти, туку ти спомна дека така си слушнала, па јас ти дадов линк дека навистина има клиничка студија за таа проблематика околу антиковид вакцината и стерилитетот што е во тек,

...како и да е, не можеш да ја побиеш клничката студија што е во тек, без разлика какви крајни заклучоци ќе има, не излезе пак на моето дека има активни клинички студии за антиковид вакцина почнато ова 2021 год а ќе завршат 2022, а популацијата веќе се вакцинира со истата, нели требаше тоа претходно да се направи пред да се пуштат?

...е сега може да речеме - да паничната ситуација со многу починати и немање време да се реагира поинаку доведе до ова оправдување на побрза примена на антиковид вакцините,
... кога можеше со изолација и локдауни да се направи нешто, граници беа отворени, па инфицирани луѓе мигрираа ширејќи го SARS-koV-2, епидемијата излезе од контрола се претвори во пандемија, така последна опција беше ,,набрзина,, да се примени ова искуство од SARS-koV-1 od 2003 год во смисол:
,, дај што дајш, да се спаси светот,,
и така бидна!

...дефинитивно треба некој да одговара за SARS-koV-2 падемијата, поточно за сите починати како резултат на истата,
Ммм па ти сама се пријави од кога го прашав тенеке од каде такви информации, затоа што и јас самата сум вакцинирана со конкретната вакцина па ете ме тангира не само како медицинар, туку и како жена која еден ден сака да се оствари како мајка. Човекот несакајќи налетал на антивакс информации, во секој случај разјаснивме со него се што не ни беше јасно.
 
Имам кронова болест и секој месец примам инекција од 90 мл имуносупресив кој се вика Стелара. Докторот вчера ми рече дека ме штити од компликации од ковид меѓутоа рече дека ако сакам да се заштитам најдобро што може, да сум се пријавел за вакцина и тоа стриктно Фајзер, која овде кај што сум може да се прими без проблем.

Друго интересно пто ми рече е дека пред 25 години работел на развивање на базата за вакцините мрна, ми рече дека не е нова технологија како што се пишува по интернет.
 
Друго интересно пто ми рече е дека пред 25 години работел на развивање на базата за вакцините мрна, ми рече дека не е нова технологија како што се пишува по интернет.
...па што не ти даде пример, знаеш едно е ,,да се работа на развивање,, друго да се прими вакцината mRNK антиковид,
и Нострадамус може имал визија за ваква технологија на вакцина, тоа не се смета дека од тогаш ,,се развива,,,
...ти си прележал инфекција со коронавирусот?
 
Факт е дека едина причина ради која вакцините беа направени и пуштени у рок помал од година дена се парите. Парите и економиите, lockdown е рамно на банкрот.

Тоа е се што секој со два грама мозок го знае, и автоматски ова значи дека вакцините ги тестираат на население. Затоа тек сега искачат информации за Фајзер и срцеви заболувања и други работи што тек ќе искачат, ваљда.

Може и се сигурни вакцините али у наредни 4-5 години никој неможе да гарантира, и секој што сега убедува дека се 100 % сигурни лаже.
 
...па што не ти даде пример, знаеш едно е ,,да се работа на развивање,, друго да се прими вакцината mRNK антиковид,
и Нострадамус може имал визија за ваква технологија на вакцина, тоа не се смета дека од тогаш ,,се развива,,,
...ти си прележал инфекција со коронавирусот?

Тој ги прими и двете, и беше баш искрен кога го прашав дали би имал несакани ефекти од вакцината, човекот си рече дека вакцина, како и секоја друга, може да има несакани ефекти.

Развивање за други болести, не за ковид, погрешно се разбравме овде...

Јас немам го закачено, барем не симптоматски, немам се проверено дали имам анти тела, а треба тоа да го сторам.
 
Имам кронова болест и секој месец примам инекција од 90 мл имуносупресив кој се вика Стелара. Докторот вчера ми рече дека ме штити од компликации од ковид меѓутоа рече дека ако сакам да се заштитам најдобро што може, да сум се пријавел за вакцина и тоа стриктно Фајзер, која овде кај што сум може да се прими без проблем.

Друго интересно пто ми рече е дека пред 25 години работел на развивање на базата за вакцините мрна, ми рече дека не е нова технологија како што се пишува по интернет.
Мене ми изгледа дека овој те вози ко мало дете. Да не речам ти продава приказни. Вакцините се развиваат во лабораторија, кадар кој учествува во тоа се најмногу хемичари, биохемичари и микробиолози. Доктор кој работи примарна па дури и секундарна медицина да се фали дека учествувал во развој на вакцина е ноторна лага. За секој случај прашај го и на месечината да не има одено така успат, за викенд некогаш.
 
Докторов ми го спаси животот повеќе пати и е прв доктор кој ме третирал ко човек, дури и на времето кога прв пат дојдов и кога не знаев збор француски. За жал во Македонија имав само волови и митаџии ко доктори, кои ми го испозаебаа здравјето бидејќи беа премногу горди да кажат дека не знаат како да ме лечат, меѓутоа ајде, да го оставиме тоа на страна.

Докторов кој ме вози рече дека учествувал во развивањето на мрна вакцината, не за ковид, ами за сосема други болести и беше баш искрен кога ми рече дека вакцина ко вакцина не е 100 проценти без компликации, ако решам да ја примам, може нема да имам никаква реакција освен тие нормалните, а може и да имам и посериозна реакција.

Докторов учествува на повеќе форуми и состаноци од светски ранг колку сите гастролози заедно во Македонија, така да ако на него не му верувам, кој како што реков погоре има неколку пати ме спасено, значи дека на ниеден доктор не треба да давам да ме лечи.
 
Докторов кој ме вози рече дека учествувал во развивањето на мрна вакцината, не за ковид, ами за сосема други болести,
...не се натегајте, вистината е некаде на средина, твојот доктор како еден што ти ја следи и ја лечи болеста, може само да собира податоции (информации) токму од такви пациенти со болести за кои често не се знае причината, кои можеби се како последица на наследни фактори, како што може да биде и Кронова болест (воспаление на дигестивниот систем), но тој не може да учествува во нејзино создавање каде работаат научници во своите лаборатории,

...со проучување на генетиката на болеста може да се дојде до начинот како се појавува, дали влијаат надворешни фактори или само наследни фактори да таму некаде во твој геном има некој вид активатор кој доведува до промени во имунолошкиот систем на организмот и појава на воспаление во системот за варење,
затоа и самото лечење со имуносупресивен лек Stelara, сето тоа твојот доктор ќе го елаборира како учесник за давање податоци за изработка на лекови или вакцини (лечење со генетска терапија) со исправување на „погрешниот геном“ и ќе делува на наследниот фактор одговорен за таа болест до тие научници што се одговорни за пронаоѓање и изработка на тие mRNK вакцини што човештвото толку долго чека посебно за лечење на ракот,

... така да твојот доктор, со давање на такви податоци индиректно придонесува во развој на новата нанотехнологија на изработка на вакцините mRNK кои според мене се еден вид нарушувачи на генот,

...да речеме конкретно во твој случај, да се изработи mRNK вакцина каде ќе делува (нарушува) твојот геном одговорен за појава (како наследна болест) Кронова болест и да „ја поправи“ таа грешка која највероватно се пренесува како генетски наследен фактор,
Тој ги прими и двете, и беше баш искрен кога го прашав дали би имал несакани ефекти од вакцината, човекот си рече дека вакцина, како и секоја друга, може да има несакани ефекти.
... штом е експерт во својата област, штом те лечи со имуносупресивниот лек Stelara (ustekinumab) требаше барем малку да биде резервиран, затоа што има јасно нагласено предупредување за тие што примиле вакцина BCG (Bacillus Calmette and Guérin) најмалку треба година дена разлика да се третира со лекот Stelara, односно ако е вакциниран моментално пациентот со бесеже (BCG) треба година дена да помине од вакцинирањето, па да се третира со имуносупресивниот лек Stelara, така да не знам колку е тој сигурен дека ќе имаш нормална реакција како другите вакцини кога се работи за Фајзер што е некласична невирусна вакцина,
 
Последно уредено:
Докторов ми го спаси животот повеќе пати и е прв доктор кој ме третирал ко човек, дури и на времето кога прв пат дојдов и кога не знаев збор француски. За жал во Македонија имав само волови и митаџии ко доктори, кои ми го испозаебаа здравјето бидејќи беа премногу горди да кажат дека не знаат како да ме лечат, меѓутоа ајде, да го оставиме тоа на страна.

Докторов кој ме вози рече дека учествувал во развивањето на мрна вакцината, не за ковид, ами за сосема други болести и беше баш искрен кога ми рече дека вакцина ко вакцина не е 100 проценти без компликации, ако решам да ја примам, може нема да имам никаква реакција освен тие нормалните, а може и да имам и посериозна реакција.

Докторов учествува на повеќе форуми и состаноци од светски ранг колку сите гастролози заедно во Македонија, така да ако на него не му верувам, кој како што реков погоре има неколку пати ме спасено, значи дека на ниеден доктор не треба да давам да ме лечи.
Не сумњам у стручноста на докторот кој работи на гастро како специјалист бе човек.
Муабетот е дека нема шанси ваков профил на лекари да учествуваат во развој на вакцини, не оди едното со другото. Има посебен профил на микробиолози кои тоа го работат. Без разлика дали мрна или други вакцини. Типот можда е бил на конгреси каде се едуцираат за овие вакцини, но никако тоа не значи дека учествувал во развојот.
 
Ај извинете сите за оф топик,али тука верувам има членови што пиеле xarelto или пак некој што знае,прашањето ми е имам дома од 20мг а ми препишаа по 10мг на ден да пијам.Дозволено е да се делат на пола или морам да купам од 10?
 
-прво, зашто да пиеш антикоагулантен лек кога д-димерите веќе ти се спаднати во средина на референтната вредност, спомна тука од 3900 на 400 веќе ти се спаднати,
- второ, лекот е филм таблетка, значи обложена со некоја глазура и тоа по правило не треба да се крши, туку така да се испијат со вода уз јадење,
- трето, ако пациентот има проблеми со голтање во упаството има насока да филм таблетата може да се здроби, па да се голтне, па дури и многу тешки пациенти во болнички услови здробената таблета се внесува преку стомачна сонда,
- четврто, јачината од 20 мг е доста поскапа 2907.42 , па можеби ти ја наметнаа да ја купиш, за разлика од 10 мг 1081.63 која е поевтина варијанта, затоа што најчесто после примање на клексан се дава Ксарелто до 7 дена,
( но пак ќе кажам д-димерите ти се во нормала, да не се намалат ептен па да има спротивен ефект со Ксарелто па да дојде до крварење, консултирај се повторно)
 
Тоа пишува у отпусна листа,10 дена Ксарелто од 10мг па контрола.Дома имам 20мг па мислев да ги кршам,штом не може ке купам.А тоа 3900 ми е грешка,д димерите ми биле 7000
 
Тоа пишува у отпусна листа,10 дена Ксарелто од 10мг па контрола.Дома имам 20мг па мислев да ги кршам,штом не може ке купам.
... тогаш крши ги, нема проблем!
(само со 400 д-димери пак ќе кажам, консултирај се пак)
ice_screenshot_20210701-212315.jpeg
 
Последно уредено:
Трескаш недозреани и морам да те поправам во две работи:
1. Неможеш од форум да му се мешаш во терапија на друг доктор прво непрофесионално е
2. Не може да се кршат тие таблети
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom