Охрид ги губи туристите од кои преживува

  • Креатор на темата Tetro
  • Време на започнување
Член од
28 август 2009
Мислења
1.529
Поени од реакции
3.171
Вие шо плачите за паркингот имат превозно средство автобус, минибус, комбе или такси а ако сакате до вкафич со колата да влезете ќе си платите. Запвите со цените ко по другиве градој да се поефтини абе ало и Охрид имат макијато и еспресо за 40/50 денари само шо сакате покрај езеро да прајте слики то е друга работа ќе кеширате. Кафето гној водата моч прво се пикате во гужви и секој нормален гостин ја избегават во угостителски објект зш све шо ќе добиеш е набрзина да непрам муабет дек персонал имат пола од она шо стварно требит услугата и да сакаш немојт во гужва да бидит саглам биди среќен и ако добиеш иста и да напоменам дека вработените немаат појма од угостителство све се приучени шо очекувате од него плус за минималец работат работа која е исклучително тешка немат никаков мотив. Немаме култура ние роѓаци особено не дома кога сме туристи разликата меѓу домашен и странски турист е светлосни години во секој поглед со ретки исклучоци го работам ова и гледам на кое ниво сме.
Еј друже многу мешаш ти. Па Охрид идеме бе, кај да се напиеме кафе? Ај ако не у локалното дуќанче ќе пиеме или под дрво кај тебе у двор.

Нормално е дека таму сакаш да испиеш кафе, нормално е ако идеш на ручек да седнеш некаде у нормално место, нормален ресторан. Мерак ти е ебате, поред езеро да се напиеш една пијачка, да одмориш. Тие се цените, нема љутиш, ако ги креваат и пак има народ, алал да им е, нека цепаат. Ние си збориме од наша гледна точка. И неможеш да кажеш за ресторан/кафич „еј имало гужва затоа не е добра услугата што идете таму“. Ако дигнал 150 денари нес, па пичкаму матер, бар направи кафе бе, стај мраз, стај ладно млеко, ладна вода. Ела тука, по ресторани/кафани/кафичи, све е фул од понеделник до недела па пак имаш квалитет и услуга. Тоа е веќе до менаџментот, сакаат само да глумат елита, а не се ни блиску до тоа.

А за странски турист ќе ти дојде, ќе ти испие чаша вино, ручек и ќе стане. Веќе не ти доаѓа и бакшиш 50 денари нема да ти остави. А ние ќе ти испиеме 20 флаши од све по нешто, па мезе, па скара, па благо, и ако не испоштуваш, утре пак ќе ти дојдеме.

Едино што ти држи вода е дека немаат асални вработени за таа работа и дека не се платени подобро.
 
Член од
25 март 2012
Мислења
188
Поени од реакции
43
Охриѓани се посебна сорта на луѓе... во зградата кај што имам станче веќе 15 години се расипа лифтот , а станот ми е на поткровје( 6 ката вкупно).. Кога дојде време да се поправи нормално фирма побара xxxх сума на пари и сите што се викендаши дадоа согласност да се поправи, додека станарите ( охриѓани) беа сите до еден против бидејќи сите живеат на први, втори и трети и само некој на 4ти кат, со образложување дека нив не им требал лифт А ОНИ НАЈМНОГУ ГО КОРИСТАТ И БЕЗ НЕГО НЕМОЖАТ ( сите се скоро пензионери ) ... И после скоро година дена еве конечно лифтот работи .. ама друго ми е муабетот.. викендов ме гледа една бабетина како искачам со торби да одам накај кола, се враќам по втора тура и таман да викнам лифт да се спуштам надолу ми светнува дека не работи.. се симнувам пешки натоварен со милион ствари лифтот на приземје, отварам врата бабатината намерно стиснала СТОП за да неможам да го викнам лифтот а она си дреме пред влез ... не и искоментирав ништо зошто немам намера да се оправам со 90год жена само ме чуди од каде и доаѓаат вакви идеи и што толку ние Скопјанишчана и згрешивме ( ние ако не сме во зградата ни лифт ни влезни врати ни курац ќе имаа).. кажете ми е дека е случајно сето ова.. брука невидена .....
Друга работа одам на едно диво плажиче и таман се понадевав дека нема никој тоа да ти имало двајца запалиле мало оганче до сама вода и ми пече пирерки и патлиџани , тоа беше крајот парадајз туризам .. Имам уште еден мал милион вакви дешавки од ГРИЗНАТИ пици во куба либре, до ултра прљав прибор во стационе па уште бараш нов ОН ТИ ПОТЕНЦИРА ДЕКА ИСТИОТ ЧЕ МИ ГО ВРАТЕЛ алоооооооооооооооо каде со овој менталитет и некултура ... многу поган народ самобендисан .. Охриде тешки опинци те газат
 

Darklady

Модераторка
Член од
29 октомври 2011
Мислења
5.544
Поени од реакции
34.850
Охриѓани вакви, такви, онакви, аман те бре луѓе. Дали сте свесни дека насекаде околу вас живеат секакви луѓе. Свесни сте дека секаде се случуваат Х случки. Далеку од тоа дека локалното население на Охрид се цвеќиња за мирисање, ама погледнете си во сопствениот двор, маало, град, и кај вас ќе си најдете од истава сорта за која што тука фрлате камења.
Друго, ако веќе од некаде не си задоволен од услуга, сместување, народ и слично, тогаш фино лепо за свои пари одиш каде што сакаш. Нема потреба од плукање на се што е наше.
Споредбата море и езеро е веќе излишна да се дискутира.
Охрид за тие селцата во Албанија со козите и кравите околу вас или за грчкото селско крајбрежје, Охрид е Монте Карло. Таму немате проблем да плукате, а тука ви било скапо, не ви бил чист приборот, постелнината не ви ја менувале и 300 чуда. За 200 евра сакате во Охрид да добиете врвна услуга како да сте во Хилтон хотел. Колку пари, толку музика.
Единствени луѓе кои имаат право да се жалат се ОХРИЃАНИ. Затоа што тие таму живеат преку цела година, затоа што за нив тие цени се преку цела година.
И за крај, не дека не го критикувам Охрид, за критики има колку и да ми сакаш, Охрид како и насекаде има свои маани и работи кои треба под итно да се променат. Ама немојте само со плукање и кукање на се што е наше.
Охрид е навистина бисер, со своја единствена убавина и треба тоа да го цениме, тоа големо НООООООООО, оставете го некаде во позадина, и уживајте во својот одмор :pipi:
 

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.612
Поени од реакции
31.819
Одете Трпејца и не му ја мислете многу многу.
Дефинитивно едно од најмирните места во Македонија.
Има некој посебен шмек во истото, некој ретро-филозофски.
 
Член од
3 март 2020
Мислења
2.413
Поени од реакции
5.063
Во Охрид сè има по ресторани и кафичи: од лоша услуга и немаме домати за шопска, до навистина супер услуга. Две места со одлична услуга:

Кај Местоно (Пештани) - пред некоја година, услуга ептен европска, и тоа не беше едно седење таму, туку речиси секој ден;

МоМир или Далга беше, што излегува на езеро со масите на платформа - се најдов во близина да чујам дека новиот келнер го подучуваа оти не смее преку маса да додава кафиња или било што (ќе застане крај секој човек посебно и ќе постави пред него што е за него) и дека никако не смее пивските шишиња од маса да ги собира со една рака (обично прстите ги ставаа порано во отворот од шишето и така ги изнесуваа од маса).

Значи има менаџмент што знае како треба :)
 

Емкаа

the worst thing about prison was the dementors.
Член од
14 мај 2008
Мислења
4.924
Поени од реакции
12.417
Охриѓани се посебна сорта на луѓе... во зградата кај што имам станче веќе 15 години се расипа лифтот , а станот ми е на поткровје( 6 ката вкупно).. Кога дојде време да се поправи нормално фирма побара xxxх сума на пари и сите што се викендаши дадоа согласност да се поправи, додека станарите ( охриѓани) беа сите до еден против бидејќи сите живеат на први, втори и трети и само некој на 4ти кат, со образложување дека нив не им требал лифт А ОНИ НАЈМНОГУ ГО КОРИСТАТ И БЕЗ НЕГО НЕМОЖАТ ( сите се скоро пензионери ) ... И после скоро година дена еве конечно лифтот работи .. ама друго ми е муабетот.. викендов ме гледа една бабетина како искачам со торби да одам накај кола, се враќам по втора тура и таман да викнам лифт да се спуштам надолу ми светнува дека не работи.. се симнувам пешки натоварен со милион ствари лифтот на приземје, отварам врата бабатината намерно стиснала СТОП за да неможам да го викнам лифтот а она си дреме пред влез ... не и искоментирав ништо зошто немам намера да се оправам со 90год жена само ме чуди од каде и доаѓаат вакви идеи и што толку ние Скопјанишчана и згрешивме ( ние ако не сме во зградата ни лифт ни влезни врати ни курац ќе имаа).. кажете ми е дека е случајно сето ова.. брука невидена .....
Друга работа одам на едно диво плажиче и таман се понадевав дека нема никој тоа да ти имало двајца запалиле мало оганче до сама вода и ми пече пирерки и патлиџани , тоа беше крајот парадајз туризам .. Имам уште еден мал милион вакви дешавки од ГРИЗНАТИ пици во куба либре, до ултра прљав прибор во стационе па уште бараш нов ОН ТИ ПОТЕНЦИРА ДЕКА ИСТИОТ ЧЕ МИ ГО ВРАТЕЛ алоооооооооооооооо каде со овој менталитет и некултура ... многу поган народ самобендисан .. Охриде тешки опинци те газат
Абе да се донесит некој закон сите викенд станој да се даночет со некоја луда сума, само то е чаре!
Добри 95% од луѓето со викенд станој не плаќет никакви давачки од септември до јуни. Па редовните станари често имаат проблеми од типот на исклучена струја во влезот, неодржување на влезот поради заостанати плаќања, и генерално лоша состојба на зградите бидејќи никој не сака да плаќа поправки ако седи таму само 2 месеци годишно.


Аце ко викаше патарина ќе стајт на влез го праевме будала, ама само то е чаре изгледа.
 

LustingVertigo

Snopdan Dogovich
Член од
1 декември 2017
Мислења
753
Поени од реакции
1.008
Во Охрид сè има по ресторани и кафичи: од лоша услуга и немаме домати за шопска, до навистина супер услуга. Две места со одлична услуга:

Кај Местоно (Пештани) - пред некоја година, услуга ептен европска, и тоа не беше едно седење таму, туку речиси секој ден;

МоМир или Далга беше, што излегува на езеро со масите на платформа - се најдов во близина да чујам дека новиот келнер го подучуваа оти не смее преку маса да додава кафиња или било што (ќе застане крај секој човек посебно и ќе постави пред него што е за него) и дека никако не смее пивските шишиња од маса да ги собира со една рака (обично прстите ги ставаа порано во отворот од шишето и така ги изнесуваа од маса).

Значи има менаџмент што знае како треба :)
Ако сакаш да те служат врвни келнери, ќе заминеш на одмор пример Дубаи, Монако и ќе си седнеш таму во ресторан и ќе добиеш услуга од 5 ѕвезди.

А келнер кој е платен 200/250 евра месечно дека ќе те служи како господин, мало морген синкото :pos: :pos: :pos:
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.305
Поени од реакции
79.002
... или за грчкото селско крајбрежје, Охрид е Монте Карло. ...
На многу од проблемите со кои се среќаваат туристите во Охрид, во Грција им нема ни траг. Охрид е штала у однос на некои туристички места во Грција.
Природно, би требало да биде Монте Карло у однос на грчките места, заради уникатноста на повеќе нивоа. Но, во реалност е штала у однос на нив.
 

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.662
Поени од реакции
34.958
Ако сакаш да те служат врвни келнери, ќе заминеш на одмор пример Дубаи, Монако и ќе си седнеш таму во ресторан и ќе добиеш услуга од 5 ѕвезди.

А келнер кој е платен 200/250 евра месечно дека ќе те служи како господин, мало морген синкото :pos: :pos: :pos:
НЕ! Без разлика што работиш и за колку го работиш треба да си професионалец. Јас не сум го натерал да работи како келнер, а уште помалку да работи таму. Ако ти се малку пари, ако не ти е денот поради приватни проблеми и сл. ќе си побараш слободен ден или ќе си го чуваш во себе додека да заврши работно време, муштеријата ти е најмалку крив за тоа што заработуваш малку.

Инаку генерално ова е проблем на македончето и важи за секоја професија, не само за келнерите, не можат да удрат по магарето (газдата), па ајде по самарот (муштеријата).
Автоматски споено мислење:

Абе да се донесит некој закон сите викенд станој да се даночет со некоја луда сума, само то е чаре!
Добри 95% од луѓето со викенд станој не плаќет никакви давачки од септември до јуни. Па редовните станари често имаат проблеми од типот на исклучена струја во влезот, неодржување на влезот поради заостанати плаќања, и генерално лоша состојба на зградите бидејќи никој не сака да плаќа поправки ако седи таму само 2 месеци годишно.


Аце ко викаше патарина ќе стајт на влез го праевме будала, ама само то е чаре изгледа.
Ќе дојде време и за ова, како што беше во Грција, данокот на имот ќе биде понизок на првата недвижност и прогресивно се повисок и повисок на секоја следна. Само мора да биде направен законот на семејство, а не на индивидуа оти ќе ги префрлат недвижностите на други членови од семејството и пак нема да платат.

Не разбирам како не плаќаат за влез кога влезовите најчесто се одржуваат од трета страна, ако не платиш Х период ќе ти ја блокираат сметката.
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
11.618
Поени од реакции
18.090
Јака темава. Во Охрид кога и да сум отишол, а последен пат беше пред десетина години се дешавало некое срање. Пред повеќе од 10 години некаде за 2ри август имаше некоја журка и пошто не се наоѓаше смештај во Охрид, се сместивме во едно село, Коњско. Фино тоа, плажата преку улица. И не кани газдата една вечер на мешана скара или така нешто и ај ние ко добри гости земавме голема флаша коњак. И седнуваме на маса све тоа фино, газдата и жена му, муабети ова она и ај жена му почна да носи од скарата на куп и секој си зема и става во тањир. И јас јадам и случајно ги гледам двајцава домаќини, ја буцка плескавицата, ја нагризува и ја става пак така во чинијата. Не ми се веруваше, го гледам другарчево и се смеам, глупо беше да се искоментира било што.

Друга ситуација, вечерта пред искачање сум ја заборавил сијалицата во соба. Се враќам некаде 3 саат сабајле тиква напраен, газдата ме чека у кујна на приземје и ми вика пошто сум му ја заборавил сијалицата морало уште 100 денари да ми наплати за смештај. :pos: Тој одмор си го изгубив телефонот или газдата го собрал и од тогаш не сум стапнал таму.

Лето пред горната ситуација, одиме 4 ца другари, пак имаше некоја журка, пак 2ри август или така нешто, Армин пушташе музика итн. Ја покрш смештај не сум видел у живот. Не сместија у една соба, за да човек влезе у собата другите треба да си легнат у кревет. :pos: Ај што беше крш смештајот него имаше и доста други луѓе во куќата, а само едно вц. И таман ќе дочекаш ред, напраен лом со гане влегувам у wc то и гледам лајна на капак од шоља, а внатре смрди корне. Тука ме лупа бед инстантно и си ги пакувам алиштата и си отидов уште на 2 риот - 3 тиот ден.
 
Член од
7 декември 2019
Мислења
4.633
Поени од реакции
8.205
Абе да се донесит некој закон сите викенд станој да се даночет со некоја луда сума, само то е чаре!
Добри 95% од луѓето со викенд станој не плаќет никакви давачки од септември до јуни. Па редовните станари често имаат проблеми од типот на исклучена струја во влезот, неодржување на влезот поради заостанати плаќања, и генерално лоша состојба на зградите бидејќи никој не сака да плаќа поправки ако седи таму само 2 месеци годишно.


Аце ко викаше патарина ќе стајт на влез го праевме будала, ама само то е чаре изгледа.
Не патарина, ами контролен пункт на влезовите од градот! Легитимирање и штом го видиш дека е од Скопје, стрелање по брза постапка :D и фрли им малку жива вар да не се умирисаат на жашкото! Они ќе ви мочаат во езеро;)
 

LustingVertigo

Snopdan Dogovich
Член од
1 декември 2017
Мислења
753
Поени од реакции
1.008
НЕ! Без разлика што работиш и за колку го работиш треба да си професионалец. Јас не сум го натерал да работи како келнер, а уште помалку да работи таму. Ако ти се малку пари, ако не ти е денот поради приватни проблеми и сл. ќе си побараш слободен ден или ќе си го чуваш во себе додека да заврши работно време, муштеријата ти е најмалку крив за тоа што заработуваш малку.

Инаку генерално ова е проблем на македончето и важи за секоја професија, не само за келнерите, не можат да удрат по магарето (газдата), па ајде по самарот (муштеријата).
Автоматски споено мислење:


Ќе дојде време и за ова, како што беше во Грција, данокот на имот ќе биде понизок на првата недвижност и прогресивно се повисок и повисок на секоја следна. Само мора да биде направен законот на семејство, а не на индивидуа оти ќе ги префрлат недвижностите на други членови од семејството и пак нема да платат.

Не разбирам како не плаќаат за влез кога влезовите најчесто се одржуваат од трета страна, ако не платиш Х период ќе ти ја блокираат сметката.
Да, келнерите би работеле како вистински професионалци доколку би биле платени како вистински професионалци.
Пример јас кога работев во угостителство, кога ме плаќаа минимално, и јас минималното од себеси го давав.
Кога ме плаќаа солидно, имав оброк + кафина тие работи, работев солидно.

Не е така црно на бело како што мислиш. Ова важи за многу професии, не само за келнер.
Иди плаќај Машински инженер потпросечно, кога ќе ги поправи машините, ќе се расипат за еден месец.
Плаќај го колку што му вреди знаењето, машините нема да јават проблем години со правилно одржување.

Од искуство можам да кажам дека служењето Македонци и служењето странци има огромна разлика.
Странците се педантни, културни и те третираат со висока почит, додека Македончето....Нема потреба да дискутирам на оваа тема, не вреди... *БРАТ ДО КАЈ Е ЛОВЕЧКАТА ДА МУ ЕБАМ МАЈКАТА ДО САБАЈЛЕ ДА НЕ ТРЕБА ДА ЧЕКАМ АААА?!*
 

Staufer

Вардар - Егеј - Пирин: Македонија!
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.198
Поени од реакции
21.348
Абе да се донесит некој закон сите викенд станој да се даночет со некоја луда сума, само то е чаре!
Добри 95% од луѓето со викенд станој не плаќет никакви давачки од септември до јуни. Па редовните станари често имаат проблеми од типот на исклучена струја во влезот, неодржување на влезот поради заостанати плаќања, и генерално лоша состојба на зградите бидејќи никој не сака да плаќа поправки ако седи таму само 2 месеци годишно.


Аце ко викаше патарина ќе стајт на влез го праевме будала, ама само то е чаре изгледа.
Ne e bas tocno. Isto si plakaat davacki (od moe iskustvo). Toa za zgradite e individualno, veruvam deka ne plaka sekoj ama ne bi rekol 95%. Koj ne saka oddrzana da e zgradata kade sto ima stan? Barem ja taka mislam.
 
Член од
7 декември 2019
Мислења
4.633
Поени од реакции
8.205
НЕ! Без разлика што работиш и за колку го работиш треба да си професионалец. Јас не сум го натерал да работи како келнер, а уште помалку да работи таму. Ако ти се малку пари, ако не ти е денот поради приватни проблеми и сл. ќе си побараш слободен ден или ќе си го чуваш во себе додека да заврши работно време, муштеријата ти е најмалку крив за тоа што заработуваш малку.

Инаку генерално ова е проблем на македончето и важи за секоја професија, не само за келнерите, не можат да удрат по магарето (газдата), па ајде по самарот (муштеријата).
Џабе прајш муабет, тој си го вергла неговото! Кој е крив што во кафана каде кафето има европска цена келнерот има бангладешка плата? Муштеријата со шарската? Па не било до народот, не до Тито е!
 

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.662
Поени од реакции
34.958
Да, келнерите би работеле како вистински професионалци доколку би биле платени како вистински професионалци.
Пример јас кога работев во угостителство, кога ме плаќаа минимално, и јас минималното од себеси го давав.
Кога ме плаќаа солидно, имав оброк + кафина тие работи, работев солидно.

Не е така црно на бело како што мислиш. Ова важи за многу професии, не само за келнер.
Иди плаќај Машински инженер потпросечно, кога ќе ги поправи машините, ќе се расипат за еден месец.
Плаќај го колку што му вреди знаењето, машините нема да јават проблем години со правилно одржување.

Од искуство можам да кажам дека служењето Македонци и служењето странци има огромна разлика.
Странците се педантни, културни и те третираат со висока почит, додека Македончето....Нема потреба да дискутирам на оваа тема, не вреди... *БРАТ ДО КАЈ Е ЛОВЕЧКАТА ДА МУ ЕБАМ МАЈКАТА ДО САБАЈЛЕ ДА НЕ ТРЕБА ДА ЧЕКАМ АААА?!*
Друже, јас работев како инженер за 250 евра месечно, и на сонце од 45 степени и на камен ладно од -10, па не сум се заебавал да доцнам кај клиент или да му се искурчам оти јас заработувам малку.
Платата ќе си ја бараш кај газдата, ако не ти дава и сметаш дека треба да бидеш подобро платен си бараш друга работа.

Угостителство е место каде што јас како клиент идам да искулирам, а не да ми го кренеш притисокот оти си бил малку платен.

Дури и за бакшиш сум против, тоа се навеа од Америчките филмови каде навистина се платени на минималец и е како правило дека ти мора да оставиш бакшиш.
Не знам како е во Охрид ама во Скопје имам другари што како келнери имаат од 25-35 000 плата, тоа е далеку од мала плата за оваа индустрија.

Џабе прајш муабет, тој си го вергла неговото! Кој е крив што во кафана каде кафето има европска цена келнерот има бангладешка плата? Муштеријата со шарската? Па не било до народот, не до Тито е!
Епа ќе плачат после оти дури и со ПЦР тест секој порадо ќе отиде во Грција отколку кај нив.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom