Вардар не е доволно атрактивен за ЛШ, а атрактивни се екипи како Елверум, Динамо, Запорожје и Загреб? Вардар по моменталниот квалитет на својот ростер е поквалитетен од овие екипи (или па е тука некаде со нив), сезони уназад е во топ 3 најгледани тимови на домашен терен во ЛШ и Македонија има свој загарантиран претставник во ЛШ уште следни две сезони според рејтингот кој го имаме. Нема никаква теорија на заговор против Вардар, дури и да постои нешто такво, виновникот кон кого треба да се впери прстот најпрво пред сите други, е "господинот" Сергеј Самсоненко.
Еј, еден Суидад Реал, шпански тим со 3 титули во ЛШ, 3 титули во ЕХФ Куп и уште дузина други, со неверојатен буџет за своето време престана да постои заради финансиски потешкотии. Да не си правиме филмови, да ни беше чист газот нас, па да се занесуваме ајде, ама сумата која ја должиме веќе подолго време се збори дека надминува 3 милиони евра. Во ваква ситуација можеме само да ќутиме.