Фан клуб - РК Вардар

Некој инфо за 27-ва ? Ќе се повлекува дресот или ништо ? Еве поминаа скоро 2 недели ништо ново нема. Некој мислам спомна претходно да пуштиме текст на официјалниот меил на клубот, или петиција нешто.
 
Претерувате со повлекувањето на дресот. Барате да се повлече дрес на играч што е сеуште активен и непензиониран.


Sent from my iPhone using Tapatalk
 
Ако го повлечат дресот не значи дека вечно ќе биде така,на пример Металург ја повлече 13ката на Миркуловски и после некое време дојде Шпилер побарал 13 број да носи и овие само го прашале Жути дали може да го дадат бројот,нормално овој рекол може.

Во таква ситуација сигурно дека некој ако бара да носи дрес број 27 Чупко исто би постапил.
Бројот не игра голема улога,се памти што направил играчот за клубот,многу поважно е Чупиќ да остане запаметен и ценет засекогаш кај навивачите,а бројката е пролазна и небитна работа.
 
Вака изгледа како ништо да не направил клубот како благодарност, им дадоа дресови во рамка на сите и на него секако, не може да се мери тоа што го направил Чупиќ и тоа што го направил пример Шевалевиќ во Вардар а на ист начин им се заблагодари клубот, да му се оддаде почит е најважно, барем јас гледам така на работите, и Миркуловски е активен уште па беше повлечена 13та во Металург, и на играчот од Монпелје или Пик Сегед не сум сигурна, се повлече неговиот број а тој ја продолжи кариерата во друг клуб.
И со хаосов и пандемијава не му се заблагодаривме на човекот како што треба па ми изгледа како да му сме должни некако.
Плус ништо нема да не чини ако направиме еден убав гест кон играчот.
Автоматски споено мислење:

Ако го повлечат дресот не значи дека вечно ќе биде така,на пример Металург ја повлече 13ката на Миркуловски и после некое време дојде Шпилер побарал 13 број да носи и овие само го прашале Жути дали може да го дадат бројот,нормално овој рекол може.
Секако и да ја повлечат 27ката и да го прашаат Чупко би дозволил да ја земе некој друг.
Тогаш имаше една изјава од Миркуловски ја дадоа 13ката сега уште парите да ги дадат така нешто мислам.
 
Последно уредено:
Серафимов изгледа кај нас...
 
Чим си одат овие, Металург сигурно должи нешто пари, не плаќа редовно. Ама ако доаѓа тој кубанецот, се сомневам дека Серафимов би дошол во Вардар.
 
 
Еве, ако има некој желба да си го видите арапот, моментално играат финале. На линкот во код оди во живо. Белите се Кувајт.
Средниот, број 25, го гледаше Вујо во Белград пред две недели исто.
Код:
https://www.alkass.net/alkass/live.aspx?ch=two
 
 
Плус, прееска идам до Спортлајф да ставам ливче, во моменти кога се игра Ф4 во Келн - Томи лупа на апарати, па ти види. :ROFLMAO:
tumblr_mkowyl6BtV1rfzpd7o1_250.gif

Или тоа или фурање стил "видете ме, со девојката сум и ја гушкам" кај Капитол. Може комотно и голф да почне да игра или маалски сервис, ионака не му е до ракомет.
 
 
 
:D
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom