ИТ фирми и пракси во Скопје

Член од
24 март 2010
Мислења
15.125
Поени од реакции
25.516
Ќе работат Индијци и ние што не сме странска инвестиција ;)

Македонски сопственик да стигне до 2-3 милиони годишна добивка ќе работи ако треба и со Клингонци :D
Не македонски сопственик, туку Ирците што плаќаат по 2500 евра за сениори.
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
11.570
Поени од реакции
17.970
Реално UK и Ирска се на дното со плати од цела Европа (Западна) (за IT сектор зборам нормално). Швајцарија прва убедливо, па Скандинавците, па остатокот. Ова е сигурно исклучок кога се работи за некои поголеми корпорации.
 
Последно уредено:

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.514
Поени од реакции
34.559
Не македонски сопственик, туку Ирците што плаќаат по 2500 евра за сениори.
Бизнис, ако може да се најде за пониска цена не ги интересира од каде си, и јас да сум на нивно место ќе гледам да заштедам.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.125
Поени од реакции
25.516
Бизнис, ако може да се најде за пониска цена не ги интересира од каде си, и јас да сум на нивно место ќе гледам да заштедам.
Бизнис е да направиш стабилен R&D центар, да го избилдаш, да покриеш добар дел од маркет и да ја продадеш фирмата за милијарда-две. Не е бизнис да ренташ девелопери ефтино. Тоа е гранапчија.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.514
Поени од реакции
34.559
Бизнис е да направиш стабилен R&D центар, да го избилдаш, да покриеш добар дел од маркет и да ја продадеш фирмата за милијарда-две. Не е бизнис да ренташ девелопери ефтино. Тоа е гранапчија.
Се во свое време, ама тоа што пишува во книгите не расти по нивите. Ова што ти го кажуваш функционира само и само ако имаш огромен стартен капитал и уште поголемо лоби кое ќе ти брка клиенти ;)

Си видел договор на твојата фирма со голем клиент? Си видел колкав indemnity insurance имате со клиентите? Колку референци сте ставиле во тендерска документација?

Еве јас ти кажувам оти почнавме од апсолутна нула, само знаење и по еден компјутер пред нас. Најтежок дел ни е проширување на нови клиенти, и да го наговориш сериозен клиент кој има милиони обрт да почни да работи со тебе, а не со фирма која веќе има 100+ вработени и огромна листа на завршени проекти.
 
Квалитетот е секогаш најважниот дел од услугата или мислиш нив не им текнало директно да се поврзат со Индијци/Филипинци?
 
Сум видел и сум бил дел од преговори. Околу 200 милиони евра за сите клиенти. Банкарски гаранции и се тоа.

Не зборам јас за твојата фирма во Македонија. Зборам за фирмите од надвор. Ако иде по ефтина работна сила, тоа е гранап. Не вреди соработка со нив. Тие не ги интересира ни развој, ни иновација.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.514
Поени од реакции
34.559
Квалитетот е секогаш најважниот дел од услугата или мислиш нив не им текнало директно да се поврзат со Индијци/Филипинци?
Со добар qc ќе имаш квалитет без разлика од каде ти се вработените.
И тука не се сите цвеќиња за мирисање, имав прилика да работам со луѓе кои пробуваат да потпикнат ѓубре на секој чекор.

Сум видел и сум бил дел од преговори. Околу 200 милиони евра за сите клиенти. Банкарски гаранции и се тоа.

Не зборам јас за твојата фирма во Македонија. Зборам за фирмите од надвор. Ако иде по ефтина работна сила, тоа е гранап. Не вреди соработка со нив. Тие не ги интересира ни развој, ни иновација.
Се додека имаш доволно заработка и стабилен договор нема зошто да те интересира нивниот бизнис план.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.125
Поени од реакции
25.516
Се додека имаш доволно заработка и стабилен договор нема зошто да те интересира нивниот бизнис план.
Зависи од преференци. Мене бизнис планот на фирмата ми е многу побитен од платата на пример. Порадо би работел за 500 евра помалку во фирма на која што рисрч ѝ е главен столб, отколку да бидам еден од 10те луѓе во сектор што сите го сметаат за небитен и чија задача е да препишат некоја апликација што престанала да работи. Затоа што можностите за раст не се исти.
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
11.570
Поени од реакции
17.970
Со добар qc ќе имаш квалитет без разлика од каде ти се вработените.
И тука не се сите цвеќиња за мирисање, имав прилика да работам со луѓе кои пробуваат да потпикнат ѓубре на секој чекор.
Прво скокни па кажи оп. По таа логика сите фирми отворени тука треба да се затворат и да си обезбедат само квалитетен QA од матичните земји, остатокот ќе им се фрли на Индијците за ситна пара...
 
kazioX

Примерен форумџија
Член од
28 април 2011
Мислења
3.822
Поени од реакции
10.551
Член од
16 февруари 2007
Мислења
2.777
Поени од реакции
8.214
Темава станува морбидно слична со таа за интернет телевизија. Таму десетина срби се расправаат за макови, кодеци, комбоа(?), кој имал пасс, ама не давал, кој немал оти турци му го украле...иде некој и пишува zdr kaj moze da gledam HBO ima li link fala, тотално е изигнориран од србите и разговорот продолжува со битните теми(макови и комбоа).

Тука е circlejerk на, веројатно, сениори и темава, намерно или не, се претвори во статусно курчење. Иде некој, кажува дека знае тоа и тоа, ќе оди на интервју, колку би било разумно да побара... за вие да ја префрлите на расправа у која пишувате „абе кај нас за луѓе на моја позиција даваат и по 1654654 евра месечно“, a уствари викате „ја земам 16541564 евра месечно“. Мислите дека сте суптилни, ама не сте! :D
 
Не, иде некој и кажува “ова ИТ секторот е срање, се работи за 300 евра и нема работа“. И има 0 денови работно искуство. Тврдењето не му е точно, ни по првата, ни по втората, ни по третата теза. И обврска на сите што сакаат да си го заштитат еснафот, а со тоа и себеси е да му кажат да прошета. :D
 
Член од
25 март 2019
Мислења
58
Поени од реакции
210
Иде некој, кажува дека знае тоа и тоа, ќе оди на интервју, колку би било разумно да побара... за вие да ја префрлите на расправа у која пишувате „абе кај нас за луѓе на моја позиција даваат и по 1654654 евра месечно“, a уствари викате „ја земам 16541564 евра месечно“. Мислите дека сте суптилни, ама не сте! :D
А зошто да не кажам дека земам 16541564 евра месечно? Баш ако повеќе се споделуваат вакви информации нема ниту децата од факултет да излегуваат со мислење дека мора да почнат со 300 евра и ни евро повеќе, ниту пак оние со 6 месеци "академија" ќе мислат дека некој едвај чека да завршат за да им даде 1500-2000 почетна.

Јас додуша не гледам ништо лошо ни во тоа да почне со 300 како почетник, ако го бива секако за нула време ќе тргне нагоре. Ако за година дена се' уште е под 500, тогаш веројатно и тие 300 што му ги дале биле многу. Ама не гледам ништо лошо ни во тоа да биде информиран дека може наместо со 300 евра, да почне и со 600.
 
Последно уредено:

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.514
Поени од реакции
34.559
А зошто да не кажам дека земам 16541564 евра месечно? Баш ако повеќе се споделуваат вакви информации нема ниту децата од факултет да излегуваат со мислење дека мора да почнат со 300 евра и ни евро повеќе, ниту пак оние со 6 месеци "академија" ќе мислат дека некој едвај чека да завршат за да им даде 1500-2000 почетна.

Јас додуша не гледам ништо лошо ни во тоа да почне со 300 како почетник, ако го бива секако за нула време ќе тргне нагоре. Ако за година дена се' уште е под 500, тогаш веројатно и тие 300 што му ги дале биле многу. Ама не гледам ништо лошо ни во тоа да биде информиран дека може наместо со 300 евра, да почне и со 600.
Тие од факултет и академија може да сакаат да почнат и со 800 евра, ама од 100 апликации прашање дали на 5 ќе ги викнат на интервју и дали на една ќе им понудат пракса, а не работа.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom