Втора светска војна (1939-1945) - генерална дискусија!

  • Креатор на темата Креатор на темата Македон91
  • Време на започнување Време на започнување
Нешто околу еден потценет настан кој ќе се покаже клучен за официјалниот почеток на ВВ2 а тоа е Судетенланд кризата и подоцнежната окупација на Чешка и давањето на независност и сувереност на фашистичка Словачка 1938-39.

Одамна имам читано за Чехословачка и за тоа каква армија се работело, имале и своја мини-мажино линија кон Германија, биле членки на Мала Антанта (со Југославија и Романија), нивната корпорација Шкода била секогаш извор на модерни борбени системи.
Што се однесува до човечкиот фактор, во Прва светска ја имаме Чехословачката Легија, борбена единица составена од екс-австроунгарски војници чеси и словаци-воени заробеници во Русија кои биле ослободени и вооружани за да се борат вс. Централните сили.
Пред извесно време слушав подкаст за нивните успеси, се работи за интересна единица со над 60К војска која има изминато најдолг пат под оружје уште од времето на Монголите! ЧЛ се пробила од Источна Прусија некаде се до Владивосток on foot.
За време на оваа епопеја ВВ1 ќе заврши и ЧЛ ќе се бори и против белите и против црвените, особено против вториве за на крај, после редица скоро филмски патешествија главнината да се врати во ЧСР.

Доколку чехословаците пружеле отпор, имајќи за тоа време целосно модерно опремена армија, како тоа би се одразило на перцепцијата на западните сојузници во однос на Рајхот? Дали рајхот воопшто бил во состојба да ја пробие ЧСР за кратко време? Ако се знае дека ЧСР имала врвни тенкови, авиони, особено квалитетни ПО топови, полева, опсадна и ПА артилерија од највисок квалитет, лично пешадиско вооружување кое било исто така врвно, како тоа да не бил испален ниту еден куршум во одбрана од нацистите?

Тука е и наративот за нож у леџа од страна на Британија и Франција кон ЧСР (згодно заборавајќи дека ЧСР имала договор за взаемно сојузништо со СССР), кој во голем дел е само мит.

Avia-B-135-Monoplane-Fighter-Airplane-Desktop-Kiln.jpg

Единствениот ловец кој имал елиптични крила како Спитфајер бил чешкиот Авија Б-135, врвен проект за кој подоцна интерес ќе пројави и Луфтвафе.
 
Полковник Андреј Василевич Глодов (1922-2010) се збогува со своето минато. Ова му е последна слика.

196562615_3094406897462269_7297973003708111776_n.jpg

Минимум три пати рануван, на својата униформа, помеѓу другото има: Орден на Слава III степен, Медал за ослободувањето на Севастопол, Орден на Црвената ѕвезда, две медали за Воено јунаштво и други.
 
Што мислите за улогата на неутралните земји во војната?
Некои останале де-јуре неутрални за цело време на траење на војната (Ирска, Швајцарија, Шведска, Турција) а некои симболично објавиле војна на пет минути пред нејзиниот крај (Аргентина, Куба, Мексико).
Трети случаи иницијално неутрални (Бразил) подоцна се борат на првата линија на фронтот со значителни сили.

Шведска тргувала со обете страни, Шпанија сосема активно се ангажирала на страна на Рајхот но Франко повлекол граница околу Гибралтар со тоа правејќи голема услуга на сојузниите.
Португалија иако фашистичка, имала посебен третман од страна на Британија, малку се знае дека нивното сојузништво е најстаро во историјата и трае до ден денес, преку 600 години, постаро дури и од Ye Auld Alliance меѓу Шкотска и Франција кое траело до крајот на независна Шкотска 1707, па така Португалија останува надвор од Оската.

Во неутралните земји делувале маса шпиони и разузнавачи па така во Анкара еден арнаут биднал најкорисниот шпион на Оската во целата војна, кодно име Цицеро, некојси Иљаш Базна, ситен криминалец и ноќен чувар во британска амбасада. Интересна прича со неколку plot twists :)
 
Јапонскиот "народен ловец" Кјушу Ј7В Шиденкаи.
Како и неговиот немачки "колега" Хе-162 и овој млазен ловец требало да биде ефтин, крајно едноставен (дури и без вертикален стабилизатор туку со "Патка") да се произведува масовно и со тоа да го запре напливот на амерички Б-29 над главните јапански острови.
На крај све останало на прототипи.

maxresdefault.jpg
 
Дел од чехословачкиот оклопен арсенал кој не испукал ниту една граната in anger туку бил запленет нов новцат од немци и употребуван во нивните панцер дивизии :

ЛТ вз. 34
LT_vz-34.jpg

ЛТ вз. 35
LT-35.jpg

ЛТ вз. 38 (најдобриот)
LT-Vz40.png

При нападот на франција со овие возила била опремена 1/4 од немачка оклопна сила, а при нападот на СССР некаде 1/5. Подоцна на база на ЛТ вз. 38 ќе се произведат Мардер и Хецер, заедно со неколку самоодни ПА топови (Германија и тука била пионер, системот кој денес се нарекува SPAAG имено ПА артилерија од 20 до 88мм на самоодна шасија со намален оклоп и наголемени резервоари.
Во својата категорија на тогаш средни ПТ топови, Шкодиниот А3 од 37мм бил најдобар на светот. Ништо полош не бил и оној од 47мм кој не се употебувал на тенкови него класично, со влечење.

Чесите не нашле за потребно да си ја бранат земјата макар и симболично, па една Данска која е пример за експрес капитулација (околу 30 часа) успеала да убие 20 немачки војници и да рани 56.
Да не зборуваме за Норвешка, земја со 3,5 милиони народ која неколку месеци одолевала на царството на Злото наречено Третиот рајх.

Да се префрлам на една друга ситуација, полскиот диктатор и татко на нацијата Јозеф Пилсудски имал неколку интересни идеи како онаа за Северославија која сепак останала само на хартија. Но имал план и за Балтички сојуз помеѓу Полска, Финска, Литванија, Латвија и Естонија со можност да се придружи и Шведска. Овој воен сојуз би бил браник од надирањето на монструозниот советски империјализам при што напад на една од овие земји би значело напад на сите. Во 30-те било јасно дека Коба ќе осваја независни и суверени држави и дека под советска окупација животецот на рајата во окупирание земји ќе го раководи НКВД.

Маната на еден ваков сојуз била што не бил свртен кон Германија истовремено.

За жал кусогледите политичари не успеале да се договорат за еден таков сојуз, кој со евентуално влегување на Шведска би бил значителна воена сила.
Интересна анегдота кога на 30.11.1939 помшникот на министер за одбрана сиот запотен и задишан стигнал во домот на министерот за одбрана на Финска лично да му соопшти дека се приметени илјадници совeтски војници како ја минуваат границата, министерот одгоорил : "зарем не може тоа да почека до 9 часот и почетокот на работно време?" :D

Што мислите за Малата Антанта, сојуз помеѓу Југославија, Романија и Чехословачка. На тој сојуз требало да се придружи и Франција како покровител а главни заговорници биле францускиот министер за надворешни Барту и кралот Александар. Случајно, обајцата биле убиени од усташко-вмровска клика во Марсеј под покровителство и со финансирање на имбецилот Мусолини и дебилот Хорти. Со тоа идејата за нов антифашистички сојуз пропаднал.
 
Последно уредено:
Јапонскиот претседател иде у контроверзниот храм да одава почаст на пропаднати и ретардиран идеали, за разлика од германскиот кој на датумот на Барбароса го потсеќа светот дека тој свет не обрнал доволно внимание и не оддал доволно почест на жртвите на СССР, кои се 27 милиони на број.
Ова нека стои, кога некој ќе мисли дека Јапан лошо поминал во војната.

„Советскиот Сојуз со 27 милиони жртви претрпе најголеми загуби за време на Втората светска војна, од кои 14 милиони беа цивили. А сепак тие милиони не се длабоко врежани во нашата колективна меморија како што наложуваат нивното страдање и нашата одговорност“, порача вчера германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер.

„Од првиот ден германската кампања беше мотивирана од омраза, од антисемитизам и антиболшевизам, од расистичко лудило против словенските и азиските народи на Советскиот Сојуз“, рече вчера Штајнмаер.

„Оние што ја водеа оваа војна убиваа на секој можен начин, со невидена бруталност и суровост“, додаде тој. „Тоа беше германско варварство, чинеше милиони животи и го уништи континентот.“
 
Може е греота да се каже ама имајќи предвид 76 години негирање и славење на злочинци, малку им беа две.
 
Дали некој знае зошто двете атомски бомби беа фрлени баш во Хирошима и Нагасаки градови кои денес имаат околу 1200000 односно 400000 жители a не во некои од најголемите градови како Токио,Јокохама,Осака,Нагоја,Сапоро итн.По некоја логика ако сакате да уништите некоја држава обично го гаѓате главниот град како што тоа било обичај низ историјата или некое стратешко место односно воена база.
 
Бидејќи Токио веќе бил преоран со секодјневни напади на Б-29. Во Март 1945, 360 бомбардери Б-29 убиваат повеќе цивили него двете атомски сметани заедно, немало повеќе што да се уништива во Токио.

Кјото бил поштеден како историски центар на Јапан.
Јокохама читај Токио, иста ситуација.
Осака, Нагоја и остали биле бомбардирани до пепел со конвенционални и запалителни бомби.

Хирошима и Кокура биле оригиналните цели, но вториот напад над Кокура се изјаловил поради лоши метео услови над градот и затоа авионот се упатил кон резервната цел, Нагасаки.
Градовите и биле избрани поради нивната големина т.е. максимализација на учинокот на атомските бомби и со тоа принудување на Јапан да капитулира. Бомба од 16-18 кТ во поголем град не би го имала истиот психолошки ефект како глетката на тотално збришан град со една единствена бомба.
Малку им биле две :)
 
,,Фан" факт
Атомска бомба у Нагасаки или fat man ,која била плутониумска паднала блиско до едну од најпознату и најголему католичку цркфу у Јапан,која се викала Ураками и била у наголему христијанску населбу.10 од укупно 15 иљаде христијани умреле од бомбу.
У пристаниште Нагасаки била и една од најголеми фабрике на Мицубиши,па затој и била фтора опција на Кокура.
 
Бидејки никој не ја кажа главната причина зошто баш таму беа фрлени еве јас ќе ја кажам.Хирошима и Нагасаки се градови каде што 70% од јапанското население е со православна вероисповед и тоа било главната причина за бомбардирањето на тие 2 града:https://www.youtube.com/watch?v=F4j9xWdolsg
 
Друг фан факт, Нагасаки имал христијани бидејќи бил основан во 16.век од страна на Португалци (?!) кои имале план да основаат трговска колонија во Јапан. :angel: Кратко после тоа Јапан повторно се самоизолира и такви градови никнуваат во Кина (Макао, Хонг Конг, Цингтао)
Автоматски споено мислење:

Може да биле католици само, не знам од каде православни, српски видеа од Јутјуб не се баш добар извор на инфо, Теша Тешановиќ и остали :)
Како што рековме, Нагасаки бил резервна цел, судбината си поиграла со неговите жители а олујните облаци над Кокура го спречиле Бокскар да ја истовари бомбата таму.
Често судбината е несфатлива.

Имаше и прича за еден лик кој ги преживеал обете бомби, и тоа на 3км од нулта точка, ранет и изгорен од првата бомба на Хирошима го упатиле на лечење во Нагасаки...кој баксуз...или среќлија како се земе пошто доживеал длабока старост.
 
165 лица ги преживеале двете бомби.

A resident of Nagasaki, Yamaguchi was in Hiroshima on business for his employer Mitsubishi Heavy Industries when the city was bombed at 8:15 AM, on August 6, 1945. He returned to Nagasaki the following day and, despite his wounds, he returned to work on August 9, the day of the second atomic bombing. That morning, while he was being berated by his supervisor as "crazy" after describing how one bomb had destroyed the city, the Nagasaki bomb detonated.[3] In 1957, he was recognized as a hibakusha ("explosion-affected person") of the Nagasaki bombing, but it was not until March 24, 2009, that the government of Japan officially recognized his presence in Hiroshima three days earlier. He died of stomach cancer on January 4, 2010, at the age of 93.

Се вратил на работа бе.

Ова ко вицот со Јапонцот и Црногорецот на брод што тоне.
 
Друг фан факт, Нагасаки имал христијани бидејќи бил основан во 16.век од страна на Португалци (?!) кои имале план да основаат трговска колонија во Јапан. :angel: Кратко после тоа Јапан повторно се самоизолира и такви градови никнуваат во Кина (Макао, Хонг Конг, Цингтао)
Автоматски споено мислење:

Може да биле католици само, не знам од каде православни, српски видеа од Јутјуб не се баш добар извор на инфо, Теша Тешановиќ и остали :)
Како што рековме, Нагасаки бил резервна цел, судбината си поиграла со неговите жители а олујните облаци над Кокура го спречиле Бокскар да ја истовари бомбата таму.
Често судбината е несфатлива.

Имаше и прича за еден лик кој ги преживеал обете бомби, и тоа на 3км од нулта точка, ранет и изгорен од првата бомба на Хирошима го упатиле на лечење во Нагасаки...кој баксуз...или среќлија како се земе пошто доживеал длабока старост.
Значи според тебе видеото кое што го сними државната РТС е чиста манипулација а јапанските попови кои носат типична униформа на православните цркви се католици така?
 
Хирошима и Нагасаки се градови каде што 70% од јапанското население е со православна вероисповед
Не. И во најправославното село во Јапан нема 70% православци.
Можеби по грешка си слушнал така, а тврдењето може всушност да било поинакво, на пример, 70% од јапонските православци се во Хирошима и Нагасаки, па така на пример, ако имало 10 православци во Јапан, седум у таа зона живееле.

Во перфектурата Хирошима има 5% христијани (огромно мнозинство католици), а во перфектурата Нагасаки им 2% хрисијани, исто така огромно мнозинство католици.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom