Имаме неограничен број на болници, неограничен број на опрема, неограничен број на легла, неограничен број на лекови, неограничен број на лекари - специјалисти.
Ако се лажеме, важи.
ајде по ред:
Имаме неограничен број на болници,
Точно!- имаме неограничени број на болници низ МКД, но прашање колку соодветни за пациенти со КОВИД19, дури немаат ниту централно довод за кислород Штип, Прилеп, Охрид, да ги набројам и помалите градови? прашање колку болнички кревети за пациенти со КОВИД19? дали болницата во Кочани, Кичево, да не набројувам имаат воопшто инфективно одделение, за да би лежеле пациентите со К19, една инфективна клиника во Скопје и „8 ми септември“ значи „имаме“?
неограничен број на опрема,
Точно!- неограничен број на опрема, но повеќето од неа се по подруми и ходници на болниците, неупотребливи поради Х причини, најчесто да би работеле приватните болници, а другиот дел од таа неограничена опрема пак е како украс поставена као „еве имаме“ ама прашање кој работи на неа? никој! затоа што нема едуцирани за истата (зборувам за државните болници), а ретко некоја опрема која работи, а се врти некој обучен, пак да не работи, најчесто нема делови или е во квар често!
што ако има донирано респиратори, кога нема кој да ги „работи“ ?
неограничен број на легла
Точно! неограничени болнички легла, ама несоодветни за пациенти со КОВИД19, со потреба од кислород од централно снабдување, а тие пациенти што немаат потреба од кислородна подршка не мора ниту да лежат во болница, не му треба болничко легло, ќе се лечи во домашни услови во изолација!
неограничен број на лекови
Точно! неограничен број на лекови, но несоодветни за болеста КОВИД19 или компикациите од неа, снемување на клексане, инсулини, онколошки лекови да не се повторам, па и други лекови поврзани со болеста КОВИ19 поради непостигнување на производство на странските фирми и покривање на сопствените потреби, нема извоз, нема производство за ЕУ, а не пак за МКД,
неограничен број на лекари - специјалисти.
Точно! неограничен број на лекари специјалисти, ама само на платен список и за добивање ваучер за КОВИД19 залагање де јуре, ама де факто никаде ги нема, дел од нив со Рамковен со очи не можеш да ги видиш, дел со „купени“ дипломи неспособни за водење на обична реанимација, а не да се справува со тешки ковид пациенти, нит влегуваа во тие болнички соби, а камо да дежураат сами, ноуеј, анестезиолози па ич,
Секоја чест на неколку ентузијасти млади специјалисти не велам не!
... за другите болници низ МКД ниту нема да коментирам, таму нема инфективни одделенија, а не пак инфектолози, епидемиолози, имунолози, а колегите од други специјалности и те како ја избегнуваат болничката соба со ковид пациенти правдајќи се дека не се соодветни специјализирани за К19 болеста и пациенти, што да коментирам апосолутно романтично од големиот број на лекари специјалисти, ама несоодветни за К19!
да не ја спомнам и Брзата помош, каде не само што нема лекари туку ниту возило како би се транспортирале ковид пациентите, па понекогаш потребни се два, три дена да би истите бидат транспортирани во болниците, ете струмичка болница имаат само едно расипано амбулантско возило, па бараат донација за делови, а за Скопје на толку население и колку амбулантски возила и лекари, страшно ...
Ако се лажеме, важи.
...јас не лажам, дури и скратено опишав, а и ти не лажеш едноставно само не знаеш како е на терен, а дополнително не си свесен дека со таа подбивна „насмевка“ ги повредуваш сите починати од КОВИД19 поради такво организирано здравство во МКД, мене искрено ми се плаче!