Па не е баш така црно-бело како што мислиш. Просечна старосна граница од година во година кај нас е во тенденциозен раст, така и за очекување е и благо покачување на стапката на смртност.
Проблемот е во тоа што во САД сите починати во старските домови извесен период беа впишувани како жртви од Ковид, без притоа да им се направи тест или имале или не симптоми. Тука е и профитерството на здравствените установи.
Зошто мислиш дека и тоа кај нас не се спроведуваше? Сепак сме скоро на врвот, зависно или независно од мерките, надворешните фактори или условите во здравството.
Од друга страна, одредени држави сеуште ги кријат бројките. Но и бројката да е помала, нема да промени апсолутно ништо во овој момент, да биде искрени.