Коронавирус (COVID-19) - Општа дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата A__
  • Време на започнување Време на започнување
Не го негирам растот на стапката на смртност во 2020 год, туку мојот проблем лежи во тоа што во еден период, кога се делеа и парични средства, сите беа впишувани како жртви од Ковид.
Кој тоа делеше парични средства? Докторите? Па тие се научени да земаат, не да даваат.
 
Па беше ли системот реално зафатен или очекуваа да бидат зафатени, а во меѓувреме си беа празни. Имаше ли полни кревети или немаше... Ти кажаа овде на форумов и други членови дека не функционираше здравството, не знам зашто тераш инает на таа тема :toe:

Итни примаа, да. Сите други беа враќани, презакажувани. Е овие вторите после тоа станаа итни и добар дел не преживеа или потешки компликации им настанаа.
Да да, празни. Затоа се молеа да најдат кревет во болница. Во градот кај шо живеам освен хирургија, гинекологија и 3 кревета шо ги чуваа за итни случаеви на интерно, се друго беше полно со ковид пациенти. Зимава и модуларнит дел се исполни за недела дена, па мораа ротации да прават со пациенти за да можат да примат кислород. Пред 2 недели последниот Ковид пациент беше пуштен дома.

И кажи ми во таква ситуација кај ќе ги ставиш остананите? Во подрум?
 
Од март 2020 до септември 2020 функционираше здравството како претходно или НЕ?

ЈАс како човек те прашувам за што сакаш линкови, ти како жена ми одговараш ... не е убаво така да прави професионалец како тебе, кој потрошил 10 години од својот живот читајќи.
Па жена сум, логично е како жена да одговарам.

Еве по стоти пат.
1. Сакам да прочитам за неефикасноста на вакцините.
2. Сакам да прочитам за небезбедноста на вакцините.
3. Сакам да прочитам дека вакцините предизвикуваат аутизам.
4. Сакам да прочитам дека вакцините предизвикуваат неплодност.
5. Ме интересира и дали си примил некоја вакцина во животот?!
6. Исто така сакам да знам дали имаш домашен миленик, вакциниран?
7. И сакам да знам извори од кои се информираш.

Сакам линкови, сакам убаво срочен пост во неколку реченици. Не сакам реферат без поента со користење на аргументи од типот "вакви сте, такви сте", жена си, се повикуваш на наука итн. Сакам нормален разговор да си направам со тебе. Ако имаш доволно силни аргументи, ќе ти кажам да Бафра, така е во право си за тоа. Ако немаш, ќе мора да се носиш со моите контрааргументи. Тоа е поентата на дискусијата.

Bonus.
 
Така е, причинско последична врска е. Повеќе заболени, повеќе потрошен кислород. Поголема зафатеност на здравсвениот капацитет од страна на оваа група пациенти.

Веќе е правен и другион муабет за "трети фактори" и досаден ми е. Како популација сакаме да се залажуваме. Се осеќаме поприлично "fit" и сметаме дека јадеме здраво а во принцип и за двете работи сме срање и пукаат шевови после 35-та година.

Точната бројка нема потреба да ја најдеш, доволен ти е и официјалниот пораст на смртност за да ти биде јасно дека работата е лоша. А официјални податоци имаме без мартовскиот бран.

Не гледам дека нешто посебно не се согласуваме.
Па не е баш така црно-бело како што мислиш. Просечна старосна граница од година во година кај нас е во тенденциозен раст, така и за очекување е и благо покачување на стапката на смртност.

Проблемот е во тоа што во САД сите починати во старските домови извесен период беа впишувани како жртви од Ковид, без притоа да им се направи тест или имале или не симптоми. Тука е и профитерството на здравствените установи.

Зошто мислиш дека и тоа кај нас не се спроведуваше? Сепак сме скоро на врвот, зависно или независно од мерките, надворешните фактори или условите во здравството.

Од друга страна, одредени држави сеуште ги кријат бројките. Но и бројката да е помала, нема да промени апсолутно ништо во овој момент, да биде искрени. :)
 
Еве по стоти пат.
1. Сакам да прочитам за неефикасноста на вакцините.
2. Сакам да прочитам за небезбедноста на вакцините.
3. Сакам да прочитам дека вакцините предизвикуваат аутизам.
4. Сакам да прочитам дека вакцините предизвикуваат неплодност.
5. Ме интересира и дали си примил некоја вакцина во животот?!
6. Исто така сакам да знам дали имаш домашен миленик, вакциниран?
7. И сакам да знам извори од кои се информираш.

Ај по 101. Зашто од мене бараш линкови за овие набројани работи... на оваа тема каде сум тврдел такви работи :toe:...
Вчера нели одговорив на ова твое прашање...

За маските и останати работи доби линкови од мета-анализи и наместо да покажеш основна култура, тебе те снема.
За смртноста имам споделено линк до трудот од Фаучи, но ете тој да ти бил политички советник, немал влијание ни знаење, ни ресурси

Да да, празни. Затоа се молеа да најдат кревет во болница. Во градот кај шо живеам освен хирургија, гинекологија и 3 кревета шо ги чуваа за итни случаеви на интерно, се друго беше полно со ковид пациенти. Зимава и модуларнит дел се исполни за недела дена, па мораа ротации да прават со пациенти за да можат да примат кислород.

Добро бе, зашто мешаш периодите, што сакаш да постигнеш ? Се молеа да најдат кревет во болница од март 2020 до септември 2020 или празни беа тогаш ?
 
А со мирисот и вкусот што правите?
И добро само јас сум толку пост искомплицирана?
 
...токму тоа неконтролирано и нестручно користење на директна кислородна подршка во тек на 24ч се ЕДНА од причина за зголемена смртност на пациентите зафатени со К19, болниците воопшто немаат централен довод на кислород, па со тоа ниту баш едуциран кадар за да го контролира тоа, инпровизацијата со боци, пушти цел ден да се празни боцата во носот на пациентот, не е лекување,
...да не се заборави никогаш ваков преседан во болнички услови!
 
Ај по 101. Зашто од мене бараш линкови за овие набројани работи... на оваа тема каде сум тврдел такви работи :toe:...
Вчера нели одговорив на ова твое прашање...
Не. Линк не ми даде.
И вчера гледај што ми кажа:
Не се ефикасни вакцините.

И ти веќе не знаеш што си кажал. Вчера не се ефикасни вакцините, денес такво нешто не сум кажал :D . Немам толку време сега да седнам и да те читам за се поединечно, ама еве ако сакаш да дискутираш јас те предизвикав...а ти се повлекуваш со изговор дека не си кажал такво нешто (кој е овде луд, а кој глуми лудило?) или дека сме дискутирале.
За маските и останати работи доби линкови од мета-анализи и наместо да покажеш основна култура, тебе те снема.
За смртноста имам споделено линк до трудот од Фаучи, но ете тој да ти бил политички советник, немал влијание ни знаење, ни ресурси
Сори, не се сеќавам. Би сакала еве пак да прочитам, ако не ти е проблем.
 
Како не сум знаел, па да си умрам тогаш. Сега ќе имав добар споменик од две илјадарки.
Јас успеав и за 2500 да се испазарам, ама ми побараа со крв да потпишам.... Моја крв на сатанисти не давам!!!

@Dumbledore успеа ти барем стотче да им накачиш од основите 2 илјадарки?
 
Па не е баш така црно-бело како што мислиш. Просечна старосна граница од година во година кај нас е во тенденциозен раст, така и за очекување е и благо покачување на стапката на смртност.

Проблемот е во тоа што во САД сите починати во старските домови извесен период беа впишувани како жртви од Ковид, без притоа да им се направи тест или имале или не симптоми. Тука е и профитерството на здравствените установи.

Зошто мислиш дека и тоа кај нас не се спроведуваше? Сепак сме скоро на врвот, зависно или независно од мерките, надворешните фактори или условите во здравството.

Од друга страна, одредени држави сеуште ги кријат бројките. Но и бројката да е помала, нема да промени апсолутно ништо во овој момент, да биде искрени. :)

Збориме за тука а не за у старските домови у америка како ги пишувале. Вие со небулозиве што ги ширите нон стоп поврзувате со америка. Ваљда од таму теориите на заговори ги наоѓате кај Џо Роган, Шапиро и слични.
 
...токму тоа неконтролирано и нестручно користење на директна кислородна подршка во тек на 24ч се ЕДНА од причина за зголемена смртност на пациентите зафатени со К19, болниците воопшто немаат централен довод на кислород, па со тоа ниту баш едуциран кадар за да го контролира тоа, инпровизацијата со боци, пушти цел ден да се празни боцата во носот на пациентот, не е лекување,
...да не се заборави никогаш ваков преседан во болнички услови!
Epa aj neka umrat togas. Ne davaj kislorod barem ne pravis greski. Toa e resenieto?
 
Збориме за тука а не за у старските домови у америка како ги пишувале. Вие со небулозиве што ги ширите нон стоп поврзувате со америка. Ваљда од таму теориите на заговори ги наоѓате кај Џо Роган, Шапиро и слични.
Нема теорија на заговор, ништо не пласирав. Дали имаше давање парична помош на почетокот од пандемијата? Да. Дали секој починат од било која околност, позитивен од ковод, се впишуваше во црната ковид статистика (ради затворениот лимен сандак)? Да. Дали го негирам порастот на смртност кај нас? Не. Ама бројката може да се спори. Бројката креира паника.

Роган сум го слушал 1-2 пати, а Шапиро е проваксер. :)

Можеме само за оние држави кои беа транспарентни. За нас немаме ништо, освен гола бројка. Мојот сосед почина од срцев удар и беше позитивен од Ковид. Погоди како беше погребан?
 
И која е поврзаноста на паричната помош со тоа што секој починат се пишувал како коронаш?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom