ЕУРО 2020 - Група Ц (Холандија, Украина, Австрија, МАКЕДОНИЈА)

Македонија ќе се пласира во нокаут фазата како...?


  • Вкупно гласачи
    162
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
12 мај 2014
Мислења
1.147
Поени од реакции
2.720
Реално многу време изгуби Пандев и како шпиц во репрезентацијата. Најнелогично нешто беше тоа. Пандев најдобрите игри на клупски план ги даде како втор напаѓач или позади напаѓач во Лацио и Наполи. Нема брзина за напред сам. А визија за асистенција ненормална.
На крај краева кога се повреди Несторовски требаше да го викнат Јаховиќ, ваков таков ќе послужеше. Корпулентен, ќе се бори, ќе спушта топки. Ако не, требаше Милан Ристовски да го пушти и тој е малце покорпулентен ко што го видов. Ама не, Тричко или Пандев напред. А како би функционирале со Елиф позади да комбинираат со класични напаѓачи напред...
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
Ќе пишам еден подолг пост за мојот впечаток за учеството на Македонија на првенствово кој е... разочарувачки.

Особено вака кога ги гледам сите резултати од нашата група и од останатите.

Немаше да се разочарам доколку бевме дрва на сите утакмици, доколку сите три противника не издоминираа.

Се разочарав пошто накрцавме три порази во утакмици во кои се соочивме со победливи противници, и тоа како победливи.

Старата рана се отвори и изнапримавме глупи, полуаматерски голови кои не запечатија на последното место.

Секоја утакмица ја игравме ко да се вративме уназад у времето, само на одредени секвенци покажавме дека не сме тука случајно и дека знеме да играме фудбал, ама немаме сила.
Иако ти стиснав лајк и се согласувам во голема мера па колку и да сум контрадикторен подоле во постов.

Зависи кој со какви очекувања влезе на Европсково.

Јас не сум воопшто разочаран. За мене ова е и повеќе од очекуваното.
Највеќе стравував од балканското сценарио наречено ете се пласиравме на голем турнир и завршивме работа. Нешто налик на Србија 2010та и Босна 2014та кои имаа дупло појаки репрезентации од нашата моментално а отидоа на тоа првенство со веќе завршена работа (у главите) наречена пласман. И испаднаа у смешни групи и изгубија па слободно би рекол од екипи послаби од моменталнава Австрија.
Така да очекував класично просеравање и дебакл на сите утакмици односно 0-10 гол разлика или нешто слично.

Ние баш напротив, дадовме 2 гола, примивме 8. Нема да бидеме последно место. Завршивме пред Турција. И најбитно од се, на сите 3 утакмици покажавме дека не сме спаринг партнер и покажавме дека можеме да се надигруваме.
Јеби га, иако вака делува дека можеме да си каснеме од гзот што не поминавме ама реалноста е таа, едноставно неаме доволно искуство па ни квалитет во одредени делови од утакмиците. А и немавме шанса за такво нешто. Бевме послаби од сите 3 противници.

Најпрво од се неаме селектор, не може бе ти да дојдеш на турнир и на сите 3 утакмици да искочиш со различни постави и формации. Тоа доволно говори дека ти друже не знаеш кај тераш.

Пак ќе спомнам искуство, не можеме бе, не знаеме да играме вакви утакмици, те јаде притисок, те јадат физички поспремни играчи. Неаме ни некој кујзне каков квалитет, реално. Мада и тоа се средува со добар селектор којшто точно ќе ти каже што и како да одиграш.
Е во овој сегмент највеќе го изеде Елмас и затоа има доста разочарувачки коментари кон него. Детето на сите 3 утакмици играше на 3 различни позиции. Исто и во Наполи, служи како потпунка и го ставаат да игра било што. Не мора ни да мења клуб, доволно е да игра барем на 20 утакмици у сезона ама на една иста позиција, да се знае што играч е, 10ка, крило, везњак. Мислам дека Спалети ќе му ја најде позицијата и со тек на време ќе експлодира и ќе си го покаже квалитетот.
Ова е едно огромно искуство за него а и вака ми делува дека е играч којшто има сериозни намери у кариерата.

За другите играчи тој е квалитетот. Барди имаше корона и тоа е единствената пречка за неговиот тивок настап. Има искуство на битни и јаки утакмици, Леванте не е наивна и топовско месо од екипа, го респектираат таму и е играч кој им е значаен.
Адеми јеби га, Динамо Загреб. Да не се лажеме со повремени блесоци у Европа против малце посилни противници.
Стефан Ристовски исто.
Трајковски имаше позитивно првенство ама он е од тие глупите играчи што му е побитно кај живее и колку печали отколку дали игра. Вол. А убаво почна у Белгија па преку Палермо можеше да си најде некој стабилен калчо тим кај што ќе игра. Ама убаво е сонцето и плажите во палма де Мајорка.
Алиоски ја не го можам искрено, ме нервираат мене такви патарушки. Значи кај него мањка тактичка зрелост. Не е работата у квалитет, да речеме не му иде у дуел еден на еден па ради тоа да е тенок у дефанзива. Он не разбира основни работи а тоа е стигање позади. Ни у напад не е сјаен, освен што е брз, често знае да го тупи у дриблање и стоење со топка у место. Не ми се свиѓа, али е играч којшто со добар тренер ќе може да биде поопасен и да користи у напад.
Одбраната е катастрофална и тука немаме ниеден добар играч.
Апсолутно браво за Столе, он беше можда и играчот со најголем знак прашалник кај очекувањата за првенствово. Ама си одбрани достојно и се надевам ова ќе му помогне во кариерата. Да не се излаже и полакоми само да иде у Валенсија и Севиља да скапе на клупа. Боље 30 утакмици у Сегунда отколку 3 у Примера.

Тоа е, нека служи ова како една убава лекција и едно големо искуство за понатамошните трки. Не смееме во никој случај да застанеме и да се вратиме на старите патеки каде само се појавувавме во квалификациите.
 
Член од
6 мај 2021
Мислења
705
Поени од реакции
1.290
Ќе сакаш да објасниш зашто си ЗА? Само заради хемијата или? Пошо реално на тактички план баш Мрме не поеба ова европско. Можеме да ги кривиме играчите колку сакаме но Мрме заеба можеби и повеќе од нив, што со поставеност, што со инструкции, што со замени/стартери... :D
Ако се носеше странец тренер дефинитивно бев за да остане Мрме поради хемијата која ја створи во тимот, заминуваат неколку играчи меѓу кои и Пандев што по мое мислење ќе се изгуби хемијата во тимот, дај боже да грешам.
Во случајов Боби е добар избор, не го имам следено многу во У21, се надевам ќе придонесе дупло повеќе од Мрме.
Мрме навистина многу пати не зафркна тактички, но ги направи и најголемите успеси на Македонија.
Автоматски споено мислење:

И аман веќе со Јаховиќ, не ни требаат пензионери во тимот, го правите поголем од Роналдо, Меси и др.
 

Tiveriopol

Струмичанец
Член од
23 декември 2007
Мислења
1.198
Поени од реакции
959
Ке напишам и јас еден подолг пост сумирајки ги моите впечатоци од ЕП

Столе пријатно не изненади на сите... Освен вториот гол со Австрија кога исплива и делумно првиот бранеше одлично и се продаде дефинитивно. Само треба да биде паметен и да си избере клуб каде ке брани или да си остане во Рајо и така си се пласираа во Примера.

Стефан денеска кога си играше на својата позиција одигра до некаде задоволително иако се гледа дека одењето во Динамо му е чекор назад. Едноставно ја нема таа сила и енергија да трча како кога играше во Спортинг.

Муслиу и Даре, јас уште мислам дека и двајцата имаат потенцијал али веке имаат по 25-26 години. Мора да размислуваат побргу да менуваат средина да играат посилни натпревари оти вака само ке назадуваат.

Алиоски човекот како да има мотор, трча по 90 мин секоја утакмица но многу често заборава дека е бек и дека треба да покрие назад. Искрено наведов неколку пати како темпирана бомба ми е. Не се знае кога ке направи глупост. Човекот за крило при класични 4 4 2 е идеален бидејки има кој да го покрие позади.

Средниот ред беше за мене разочарување. Дали до грешка поставеност дали до умор, но никако не до квалитет кој очигледно го имаат. Барди имаше корона и дефинитивно се гледаше дека човекот не е 100% фит. Од септември ке го гледаме во поинакво издание, Елмас потфрли но се гледа дека му недостасуваат минути, а несомнено е огромен потенцијал кој мора уште да се бруси. Адеми дојде повреден мислам, огромен борец и се надевам дека и тој ке се стабилизира од септември што од повреди што од умор. Николов неможам да коментирам за него кога човекот не одигра ни еден меч на своја позиција...

Нападот Трајковски покажа дека има уште фудбал во него али заглави во Мајорка. Незнам дали има уште желба за фудбал во него, али знаење дефинитивно има.

Пандев што да се каже. Видовме пред се каква легенда, мислам дека дури денес ја сфативме неговата величина. Цел стадион, стадион на кој пораснале и играле величини и легенди како Кројф, Клајверт, Ван Бастен, Ибрахимовиќ, Ван Дер Сар, Де Бур, Давидс, Сидорф...да стане да те поздрави, да добиеш стоечки овации од Депај, Вијналдум, Де Јонг, Де Вриј, да застане натпреварот за тебе доволно зборува што знсчи за фудбалот воопшто таква легенда. На 38 години асистираше, постигнуваше голови беше алфа и омега на оваа селекција. Се надевам дека во иднина ке биде пак во тимот макар како помошен тренер или спортски директор.

Од измените Тихомир 26 години тапка во место дури и назадува, Тричковски му благодариме доста беше, Хасани исто, Бејтулаи едноставно толку е квалитетот, Чурлинов ке кажам се покажа дека се работи за огромен талент кој треба паметно да носи одлуки за својата кариера.

Во иднина ке недостига Пандев несомнено, но имаме квалитет и потенцијал единствено проблем гледам во одбраната... Едноставно за сега немаме некој потенцијален играч од рангот на Седлоски, Новески, Митревски, Васовски. Се е на некое приближно ниво на Муслиу и Велковски, а далеку и од нив.

За крај фала на момците што ни го разубавија летото, што ни овозможија да видиме како е да се навива на едно големо натпреварување за својата земја и што фала богу не се посрамотија туку не презентираа во најдобро светло и ги сплотија сите Македонци, Албанци, Турци, Роми, Власи... во едно
 
Член од
29 јуни 2018
Мислења
3.566
Поени од реакции
5.610
Ако се носеше странец тренер дефинитивно бев за да остане Мрме поради хемијата која ја створи во тимот, заминуваат неколку играчи меѓу кои и Пандев што по мое мислење ќе се изгуби хемијата во тимот, дај боже да грешам.
Во случајов Боби е добар избор, не го имам следено многу во У21, се надевам ќе придонесе дупло повеќе од Мрме.
Мрме навистина многу пати не зафркна тактички, но ги направи и најголемите успеси на Македонија.
Генерално се сложувам со тебе. Но мислам дека хемијата е веќе изгубена/нарушена со самото заминување на Пандев. Мрме и да останеше само во надолна линија ќе идеше. Најлогично е и Мрме да си фати клубски низ европа (се шпекулираше Турција) и Боби да добие шанса. Мислам дека Боби ќе успее да воспостави нова хемија, со нови млади играчи и без некој непотребни туристи :) Секако на тоа и највеќе ќе треба да удри фокус, да го подмлади составот. Неизбежно е да имаме транзиција, вака со младинскиот тренер мислам дека најбезболно ќе се изведе.
Иако и странец не би било лошо но тешко дека некој квалитетен би се нафатил :)

Успесите се едно, поштено си заслуживме место преку Лига на нации и тоа е тоа. Но мене лично многу ми се засвиѓа и коментарот на Стефан што го ставија тука. Кога највеќе требаше да се покаже што се можеме и ако треба да изгинеме тие 270 минути ние изигравме може 90тина минути вкупно асален фудбал.
Не ми е криво за тие 0 бодови, ниту за 2:8 гол разлика. Криво ми е што не изигравме како што знаеме и можеме заради лоша поставеност.

Фала му за се на Мрме, направи многу за нашата репрезентација, му посакувам огромен успех каде и да отиде следно. Но време е за транзиција и мислам дека со Боби најдобро ќе ја изгураме. Пред се пошто ги знае многу добро младинците а и доста од битните сениори.











Исто да не заборавиме, едно огромно БРАВО за Столе!
 
Член од
12 мај 2014
Мислења
1.147
Поени од реакции
2.720
Тапан јајцата со Јахович еј, тапан.
Нема врска дали ти се тапан или не, во ситуација кај што го губиш единствениот класичен напаѓач, мора да се напраи компромис за доброто на репрезентацијата. Ќе се сретнат ќе си се извинат и ќе продолжат професионално.
Кога можеше Дешамп конечно да го викне Бензема после 5 години и тоа при таков тим, можеме и ние. Не ги споредувам нив двајца, ама ние немаме ниеден напаѓач таков. Милан не го рачунам пошто ни Мрме не го рачуна.
 
Член од
6 мај 2021
Мислења
705
Поени од реакции
1.290
Но мислам дека хемијата е веќе изгубена/нарушена со самото заминување на Пандев.
И мене така ми се чини..:(
Автоматски споено мислење:

 
Член од
6 февруари 2007
Мислења
5.052
Поени од реакции
5.964
Кога ФФМ заедно со сите тренери ќе најде 10 играчи во Македонија од ваква класа тогаш ќе имаме шанси и некој медал да освоиме:https://www.youtube.com/watch?v=5jNaawPKe30
 

RickyLFC9

Модератор
Член од
28 март 2012
Мислења
19.565
Поени од реакции
41.148
Луѓе, на ниедно натпреварување, светско или европско, не постоел ваков аутсајдер. Значи, збориме дури и настапи на Кина и Саудиска Арабија 2002, Северна Кореа 2010, и некои слични држави од рангот на Тунис, Перу, Литванија што влагале, не биле аутсајдери како нас на ова првенство. Не толку ради тоа што сме првпат тука, или што сме мала земја со шит домашно првенство, туку ради тоа што и квалификациите ги добивме како екипа пласирана со џокер, најдобар на село муабет, дур сите си влегоа директ преку квалификации. Према ова, ние сме тотални аутсајдери, и логиката вели дека меѓу нас и екипите што се пласираа има и други екипи што се појаки, и една класа измеѓу нас и другите.

И така, наместо да бидеме дворски шут, изигравме професионално, достојно, компетитивно, на трите утакмици ги подусравме трите противници. Австрија со голот на Пандев, Украинците што цело второ полувреме висеа, и Холанѓаните со стативата и голот од офсајд. Башка што извадивме ептен симпатии од неутралците, и кога ќе играме нареден пат нема да сме непозната земја што случајно се нашла негде.

Се слагам со Ристовски дека битно е да победуваме и не можеме да се радуваме на ова, ама тоа дека перформансот не го надмина очекувањато и анализите тродупло, мало сутра. Според мене, не бевме ништо полоши од екипи како да речеме Русија, Финска, Турција да не збориме, негде малце заостануваме ваљда зад Полска, Унгарија и Украина, ама сепак доволно достојни за да им парираат. А екипа од ранг на нашата да им парира на овие, колку и да звучи омаловажувачки, е успех.

Така да, ако сонот се оствари за европското, јас не можам да замислам што ќе се деси ако успееме да се избориме за пласман на светско у групи. Вака е наивно малце да се гледа таа табела, пошто е прерано да се каже, и ќе биде многу тешко, ќе треба мнг борба на секој ебан натпревар, ама со искуството од ова натпреварување, МОРА да ги јадат другите на квалификации.

Све што треба е да се одржи, и постепено зголемува нивото на репрезентацијата, да не пропадне како у сите други спортови што имавме повремен блесок.

:oeoeoe:
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.324
Поени од реакции
15.576
Јас сум задоовлен исто од севкупниот настап, бевме сосема океј дури и имавме лошо судење, малце повеќе среќа и ќе имавме и нерешено.
Најголемо разочарување за мене е Мрме, најпозитивно Столе (само да не се врати на киксовите со послабите сега).

Бркање на вишкот сега и носење на нови играчи, се надевам дека конечно ќе најдеме барем просечен шпиц.
 
Член од
2 јули 2010
Мислења
5.906
Поени од реакции
7.468
Иако ти стиснав лајк и се согласувам во голема мера па колку и да сум контрадикторен подоле во постов.

Зависи кој со какви очекувања влезе на Европсково.

Јас не сум воопшто разочаран. За мене ова е и повеќе од очекуваното.
Највеќе стравував од балканското сценарио наречено ете се пласиравме на голем турнир и завршивме работа. Нешто налик на Србија 2010та и Босна 2014та кои имаа дупло појаки репрезентации од нашата моментално а отидоа на тоа првенство со веќе завршена работа (у главите) наречена пласман. И испаднаа у смешни групи и изгубија па слободно би рекол од екипи послаби од моменталнава Австрија.
Така да очекував класично просеравање и дебакл на сите утакмици односно 0-10 гол разлика или нешто слично.

Ние баш напротив, дадовме 2 гола, примивме 8. Нема да бидеме последно место. Завршивме пред Турција. И најбитно од се, на сите 3 утакмици покажавме дека не сме спаринг партнер и покажавме дека можеме да се надигруваме.
Јеби га, иако вака делува дека можеме да си каснеме од гзот што не поминавме ама реалноста е таа, едноставно неаме доволно искуство па ни квалитет во одредени делови од утакмиците. А и немавме шанса за такво нешто. Бевме послаби од сите 3 противници.

Најпрво од се неаме селектор, не може бе ти да дојдеш на турнир и на сите 3 утакмици да искочиш со различни постави и формации. Тоа доволно говори дека ти друже не знаеш кај тераш.

Пак ќе спомнам искуство, не можеме бе, не знаеме да играме вакви утакмици, те јаде притисок, те јадат физички поспремни играчи. Неаме ни некој кујзне каков квалитет, реално. Мада и тоа се средува со добар селектор којшто точно ќе ти каже што и како да одиграш.
Е во овој сегмент највеќе го изеде Елмас и затоа има доста разочарувачки коментари кон него. Детето на сите 3 утакмици играше на 3 различни позиции. Исто и во Наполи, служи како потпунка и го ставаат да игра било што. Не мора ни да мења клуб, доволно е да игра барем на 20 утакмици у сезона ама на една иста позиција, да се знае што играч е, 10ка, крило, везњак. Мислам дека Спалети ќе му ја најде позицијата и со тек на време ќе експлодира и ќе си го покаже квалитетот.
Ова е едно огромно искуство за него а и вака ми делува дека е играч којшто има сериозни намери у кариерата.

За другите играчи тој е квалитетот. Барди имаше корона и тоа е единствената пречка за неговиот тивок настап. Има искуство на битни и јаки утакмици, Леванте не е наивна и топовско месо од екипа, го респектираат таму и е играч кој им е значаен.
Адеми јеби га, Динамо Загреб. Да не се лажеме со повремени блесоци у Европа против малце посилни противници.
Стефан Ристовски исто.
Трајковски имаше позитивно првенство ама он е од тие глупите играчи што му е побитно кај живее и колку печали отколку дали игра. Вол. А убаво почна у Белгија па преку Палермо можеше да си најде некој стабилен калчо тим кај што ќе игра. Ама убаво е сонцето и плажите во палма де Мајорка.
Алиоски ја не го можам искрено, ме нервираат мене такви патарушки. Значи кај него мањка тактичка зрелост. Не е работата у квалитет, да речеме не му иде у дуел еден на еден па ради тоа да е тенок у дефанзива. Он не разбира основни работи а тоа е стигање позади. Ни у напад не е сјаен, освен што е брз, често знае да го тупи у дриблање и стоење со топка у место. Не ми се свиѓа, али е играч којшто со добар тренер ќе може да биде поопасен и да користи у напад.
Одбраната е катастрофална и тука немаме ниеден добар играч.
Апсолутно браво за Столе, он беше можда и играчот со најголем знак прашалник кај очекувањата за првенствово. Ама си одбрани достојно и се надевам ова ќе му помогне во кариерата. Да не се излаже и полакоми само да иде у Валенсија и Севиља да скапе на клупа. Боље 30 утакмици у Сегунда отколку 3 у Примера.

Тоа е, нека служи ова како една убава лекција и едно големо искуство за понатамошните трки. Не смееме во никој случај да застанеме и да се вратиме на старите патеки каде само се појавувавме во квалификациите.
Не ти е срам да кажеш дека Трајковски имал позитивно првенство? Јас поише утакмици изиграв у Мајорка него он.
Гние на клупа,некогаш ни таму не е.
Во сериозна репка тешко дека ќе добиеше повик за ЕП.
За другиот дел се сложувам,уште од почетоците со Мрме јадев гомна за неговата најслаба страна,тактиката,али не е коректно да се критикува сега пошто човекот успеа да не оправи колку толку.
Налик Солскер ми е Мрме,искрено.
На првенствово направи 200 грешки,од формација до избор на играчи. Прееска гп става младиот и надежен Хасани,а не го зима ни во тим Милан Ристовски,ова е потег на тренер кој не размислува за доброто на идината на репрезентацијата. Голем кур ако ти завршуе договорот,ај Лев ако не нека го земе Мецелдер у тим пошто како мали заедно краделе еклер од трафики.
На првиот меч лошо изменаџира со Боби десно,и со измената Бејтулаи после тоа,Горан на тој меч мораше да излезе околу 60 минута максимум,ни требаше свежа крв,физички се преслаби,Стојановски одлично ќе легнеше таму и за прекините.
На втората,кога треба да напаѓаме резултат,он го исфрла Елмас напред и го менува Ацо,тоа беше меч каде требаше да се игра 4 3 3,колку и да се цепеници позади.

Епа добро убаво од моја страна што напоменав дека не е коректно да се критикува сега.
П.С
Даре е директно крив за 9 од 8 гола што ги примивме првенствово,и мислам дека Стефан на него му е препизден,во изјавата мислеше точно на доташот.
Ова денес што го изигра е срамно,да ставевме некој копач од селска лига немаше да изгуби 100 од 100 дуели.

Sent from my SM-N960F using Tapatalk
 

naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
9.007
Поени од реакции
5.654
Јас сум задоовлен исто од севкупниот настап, бевме сосема океј дури и имавме лошо судење, малце повеќе среќа и ќе имавме и нерешено.
Најголемо разочарување за мене е Мрме, најпозитивно Столе (само да не се врати на киксовите со послабите сега).

Бркање на вишкот сега и носење на нови играчи, се надевам дека конечно ќе најдеме барем просечен шпиц.
Може да се каже дека Столе беше единствениот наш играч кој максимално беше подготвен за првенството. Секоја чест како одбрани, иако прими осум голови, немаше ниту еден кикс.
 
Член од
4 ноември 2017
Мислења
2.199
Поени од реакции
4.170
Прееска гп става младиот и надежен Хасани,а не го зима ни во тим Милан Ристовски,ова е потег на тренер кој не размислува за доброто на идината на репрезентацијата.
Тоа е зошто Хасани има 31 години и нема никад да има друг пат ваква прилика, веќе е изгубена утакмицата, па да го пушти малку човекот да може да каже дека играл на Европско, зошто горе-доле, заслужил и тој таква чест, долго е во репрезентацијата. Океј потег е тоа. Мора да се мисли и на такви работи.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom