Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Се сложувам со повеќето твој аргументи во дебатава. Ама дај те молам. Барем Сериа А пратиш често.Рабио не е ништо полош играч од Рајс и Филипс.
Кој е тој Рајс
Не знам што ми го споменувате 4тото место од светското во Русија.
Ништо не изигра Англија тогаш, потпросечен перформанс, кој беше награден со една утешна награда, за која дури ни медал не се добива.
Англија и на ова првенство, како и на речиси сите претходни големи натпреварувања е истата просечна, неинтересна, спаринг-партнер репрезентација.
Едно е ти што сметаш, друга е реалноста.ПС: Не е дисреспектирана Франција, туку сметам дека имаат подобар и поквалитетен тим Енглезите. Штета нема тренер да го прикаже тоа на дело. Исто сметам и Дешамп може повеќе да извади од Французите, но друг муабет е тоа.
Едно е ти што сметаш, друга е реалноста.
Како заклучи дека имаат подобар и поквалитетен тим, индивидуално?
Бидејќи екипно и колективно мислам дека е сулудо да го праиме муабетот, зашто едниве се светски шампиони, а другиве сеее.. Англија.
Еве индивидуално да збориме, зашто според твоето мислење они имале поквалитетен тим, ама Саутгејт бил проблемот.
Освен крилните бековски позиции, во ниту една друга позиција Англија нема индивидуално подобри играчи од Франција.
Голманска позиција, Љорис > падавичарот Пикфорд во секој момент.
За Варан нема потреба да дискутирам, за Кимпембе имаМЕ сите лошо мислење, зашто апсолутно никој од нас не гледа француско првенство. Ги гледаме ПСЖ во ЛШ и дечкото доаѓа на удар бидејќи го гледаме кога се соочува со напаѓачи од рангот на Левандовски и компанија. Ништо подобар, ништо послаб од јебени Мингс.
Средина, Канте? Ако освои Франција ништо чудно топ 3 контендер за Златна Топка, така да подобар од било кој во средина на Англија.
Погба за Франција кога го има Канте да му ги чисти гомната е Погба со целиот свој потенцијал и ја босува средината како никој друг.
Рабио исто како Кимпембе ништо подбар, ништо послаб од Филипс. Дефинитивно даааалеку послаб од Рајс, иако не знам колку играат на иста позиција.
Гризман подобар од Маунт и Фоден со далеку повеќе искуство и големи натпревари.
Мбапе, хах, излишно е да се збори, земи ја цела напаѓачка линија на Англија, спој ја и пак нема да направиш подобари играч од Мбапе.
Карим во моментов, далеку поголем лидер со огромен број на титули, тешки и големи натпревари од Ураганот.
Како е Англија подобра индивидуално?
Немој те молам, таман престана со Пепе.Пак пиши за 10 минути.
Па и јас не сакам да правам споредба глава по глава, ама тоа е единствениот начин за да се истера твојата поента и пак не си во право, зашто премногу субјективно коментираш.Лол, дур не освоија светско французите, истиве муабети се вртеа, а они печени беа уште во 2016та за ЕП и СП титули. Секако дека јас лично мислење изразувам, не сум ПР службеник на фирма или организација
За Пикфорд и Лорис се слагаме, мада и Лорис е паднат у последно време не е на своето ниво.
Лук Шо, Чилвел >>>>> Хернандез
Мегваер, Стоус >>>>>> Кимпембе (се брукал повеќе пати и со послаби противници)
За Варан се вртеа други муабети по форумов низ годиниве, јас сметам дека би биле неприкосновен тандем со Мегваер.
Вокер > Павард, Џејмс во најмала рака може да го изигра истото што го игра Павард.
За Канте нема простор за дискусија.
Рајс и Филипс не би ги споредувал со Рабио зошто овој игра класичен ЦМ, а овие се повеќе деструктивци. Еве Моунт > од Рабиот.
Гризман можда има реноме квалитет и искуство, но не е толку ДРАСТИЧНО подобар од Моунт. Дури сметам дека Моунт е покоросиен од него од причина што брка и напред и назад + е креативен + има шут + изведува прекини.
Грилиш > Гризман - далеку попродорен, поопасен и покреативен е Грилиш од Гризман. Со последниве 2 споредби не велам дека Гризман е лош, туку повеќе квалитети имаат да му понудат на еден тим.
Мбапе ... му нема споредба. Може да биде ахилова пета што не поркива, но си го имаат луксузот да играат така.
Бензема - имам огромна почит за него како играч, но би го избрал Кејн пред него. Се што прави Бензема, Кејн го прави во најмала рака адекватно добро, ако не и подобро. Помлад е, посвеж е, игра со две нозе, глава, може да трча, покрива, учествува во градење напад и слично. Не би било грев и да биде избран Бензема пред него, мада доколку Кејн е француз, 100% би се барало варијанта да се укомбинираат со Мбапе и Бензема.
Погба намерно го оставив на крај. Му ги знам сите способности и неспособности. Типот е бомба, која ако не ја ракуваш внимателно може да ти експлодира тебе.Во спротивно ќе го искористиш како бомба кон другиот тим.
Нема везњак што е подобар од него во Англија - квалитетно или head-to-head, Грилиш можеби е нешто најблиску, но не сум сигурен. Но споредување на способности на Погба и тимски придонес на Погба се различни работи. Лесно може да донесе дисбаланс.Веројатно никој не би го изоставил.
Сума сумарум, глупа е споредбава глава за глава и кој колку играчи би имал во комбинирани први 11, зошто не е одраз тоа на квалитет. Англичаните имаат поразсноврсен состав со најразлични профили на играчи (кои се пред се доста квалитетени), додека Фрнацузите имаат ѕвезди. Англичаните можат да направат балансиран тим кој ќе игра тимски и ќе бидат подмачкана машина (ко Ливерпул пред сезона две на пример), а нема да се потпира на индивидуалноста на Мбапе.
Оваа е таа кур формација што Лампард ја играше едно време и допре дно.Љорис
(Било кој рб) - Мегваер - Варан - Диње/Чилвел
Канте - Рајс
Санчо - Грилиш
Мбапе - Кејн.
4-2-2-2 формација. Давајте титула.
Едино бековските позиции ми се пола пола.
џџиџкарињо, џџиџкаола, џџиџкалоти, џџиџкахехе