Како викаше баба ми на некој со инка да им тураш нема фајде..
Назад на тема, јас сакам да ги прашам хомосексуалците дали чувствуваат промени врз основа како се прифатени од околината во која живеат, дали ние како општество полека се отвораме и прифаќаме исто полови партнери полесно, знам дека кај нас во Македонија е сеуште потешко да се изјасниш, но сепак сака да прочитам какви се гледиштата кон иднината за хомосексуалците?
Јас имам многу колеги и колешки кој се хомо, болницата каде што работам се големи поддржувачите на хомо правата и имаш опција да носиш rainbow flag на твојаѕа униформа како поддршка, имам колега геј, ми го има спасено детето кога трчав обезглавена во ER, ми го зема детето во раце и тој беше тим лид за целата ситуација која заврши во најдобар ред, зошто ова го кажувам, сакам да потенцирам едно не се тие болни нит аномалија на нешто, исто како било кон хетеро интелегентни и вредни, никогаш не те гледаат помалку само затоа што си хетеро, немој да осудувате и мразите, никогаш не знаете судбината што ќе ви фрли во раце, едно знам само дека кога отвараме луѓе на операциона маса, сите се исти независно нивната раса, сексуална определба, политичка и не знам уште што, сите сме исто, торба полна со органи кои не прават да поживееме на земјава, единствено што е различно е како ни работи мозокот.
Како го замислуваш тоа болни или аномалија со интелигенција? Генетски е проблемот, а кај машките лица има студии кои покажуваат дека има доста разлики на мозочно ниво но ништо што би ја афектирало интелигенцијата на таа особа.
Инаку вистински професионалец не треба треба да меша приватен живот и сексуална определба со работа, во реалност освен за трачарење другите ги заболе за приватниот живот на колегите.
Глупостите што ги тресиш немаат никаква врска со бројот на моите акаунти. Каква врска имаат правата на хомосексуалците со Албанците во Македонија? Очигледно никаква, ама битно се најде на муабет и звучеше како да водиш дискусија.
Тресни зелена, потоа моите акаунти ти се криви.
Уште не станат странец заборави што се случува, ама генерално те заболе, ни си работодавач, ни одиш на работа. Памтиш како почна приказната со Албанците тука? Истите од "дискриминирани" сега станаа привилегирани, имало-немало 20% во државни институции ќе вработиш 20%. На почеток од годинава Груби пушти муабет дека ова мора да важи и за приватни фирми, епа кај да е и таму ќе мора да се 20%.
Проблемот е што ова нема да застане тука, браковите се речиси дозволени (дојава из клуба
), само се чека погоден момент за официјално да помине институции. Но што понатаму? Добро пиша некој дека проблем е што мораат да се во центар на внимание (глумење жртви).
Еве јас следна недела ќе имам интервјуа, за 3 позиции колку што ми требаат ќе има гарант преку 100 апликации, да речеме дека 2ца се лгбт+, а сите останати хетеро. Во моментот можам да изберам да работи за мене кандидат што сметам дека е најдобар за таа позиција: технички скилови, тест за логика, образование. Во иднина, ако не ги вработам лгбт лицата на врата ќе ми се нацрта инспекција да ми бара детално објаснување дека немам направено позитивна дискриминација. Надвор веќе го имаат овој проблем, расчепкај по редит имаше и примери.
Мене лично ми е идиотско да се меша: полова, сексуална, религиска определба и расна припадност со бизнис, ама за жал во 2021ва побитно е ова од бизнис.
Иста е реториката за малцинства, раси, лгбт, на крај ќе дојде ред за тоа што биле дискриминирани пред 200 години, да го плаќаме цехот ние, ќе имаш стартна предност при вработување и тн.