Еве имам повеќе време, па малку подетално да пишам.
@Strelec постави одличен фајл за да се види на која температура колку часови се земени во пресметката.
За average зона од некои 4900 часови кога е планирано греење (во ралноста сите грееме многу повеќе) има само околку 700 часови температури под 0 степени. На пример има само 1 час со температура од -10. Ова значи дека најмногу од часовите (околку 85%) се на температури над 0 степени и ефикасноста во овој ранг е многу поважна.
Во ситуација кога немате изолација на надворешни ѕидови, таван и под, вредностите кои Еуровент ги дава за некоја просечна вредност на клима со капацитет 3,5 (PdesignH од околку 3KW) 1,5-1,6KW на +2 се невозможни.
Во ваков случај поверојатно е да имате значителна потреба, блиску до 4KW. Најблиску до ова е е номиналниот капацитет кој можеби е најреален репер, за ваква употреба и заштедите од една до друга клима можат да бидат значајни.
Пример Daikin 35FTXF номинално 3,5 KW со COP 3,7 за 46.500.
Mitsubishi Heavy SRC35ZS-W номинално 4 KW со COP 4,2 за 52.000. Во случај ако Mitsubishi би испорачувало 3,5KW реално е да се очекува COP од 4,5.
Во ваков случај за 3,5КW Daikin би трошел по 0,95KW * 6 ден = 5,7ден.
За Mitsubishi за 3,5 KW 0,78KW * 6 ден = 4,68 ден односно разлика од 1 ден на 1 час.
Доколку би се грееле 4200 часа (а во реалноста се повеќе) заштедата би се вратила за 1 година. Дури и разлика од 8-12 000 се враќа во некој разумен рок.
Нормално ова не важи ако имате изолација.