Совети, прашања и oстанато во врска со автомобили

  • Креатор на темата Креатор на темата Струмикс
  • Време на започнување Време на започнување
Пред една година пишав истото ми се случи и сега, во возење ми падна стрелките сите 4. Ја изгасив колата не светна инст. Таблата но запали, потоа пробав повторни истата незапали, 3-4 пати пробах несакаше да запали. 20210605_115902.jpg
Кога дојдов дома ми рекоа да извадам клемите на 10мин што го и направив и потоа таблата преработи и колата запали и сега истата функционире. Некој искуство со сличен проблем на некоја кола немора да биде опел корса?
 
Последно уредено:
Здраво дечки, дали некој има искуство со онлајн купување од carbox.mk? Ми треба основна опрема како сообраќаен сет, дизалица, церада за кола и слично, па сакам да нарачам онлајн.
 
Здраво дечки, дали некој има искуство со онлајн купување од carbox.mk? Ми треба основна опрема како сообраќаен сет, дизалица, церада за кола и слично, па сакам да нарачам онлајн.
Не ама сигурно праќаат по некоја од брзите пошти ... ќе ти дојде спакувано на адреса
Ако си од Скопје има во сити мол или во лисиче
 
Здраво дечки, дали некој има искуство со онлајн купување од carbox.mk? Ми треба основна опрема како сообраќаен сет, дизалица, церада за кола и слично, па сакам да нарачам онлајн.

Имам порачувано и уредно си стига на адреса, Фалкон брза пошта возат за нив.
 
Се работи за Рено Клио бензин, 1998: колата тешко вергла кога е ЗАГРЕАН моторот. (Обично би било обратно). Се добива впечаток дека е празен акумулаторот, ама ладна вергла без проблем. Не можам да му најдам логика, нормални коли не верглаат во зима, а оваа во сред јуни кога е во работна температура. Четкици ли се сепак?
 
Verovatno anlaserot stega po osovinata na temperatura....se zatega nekoj del
 
Се работи за Рено Клио бензин, 1998: колата тешко вергла кога е ЗАГРЕАН моторот. (Обично би било обратно). Се добива впечаток дека е празен акумулаторот, ама ладна вергла без проблем. Не можам да му најдам логика, нормални коли не верглаат во зима, а оваа во сред јуни кога е во работна температура. Четкици ли се сепак?


Алнасерот ти е за ремонт ако не може друг најди половен.
 
Здраво,
дали некој знае кој чисти дизни за бензин во Куманово ?
 
Дали имате искуство со Самад (https://samad.mk/product/pregrada-teleskopska/) исто може и препорака ако знаете каде може да најдам квалитена решетка како на линкот за слична цена како оваа
Лично искуство преку страната нарачав патосници (пред некои 2 години) неколку дена не добив никаква потврда. Пратив порака на фб, по еден ден ме прашаа за кое возило, одговорив и толку беше од комуникацијата и ништо. Значи ако си од ск сигурно би завршил работа директно во продавницата да одиш кај нив.
 
Која ја е причината после дополнување бензин да не се помести стрелката ич. 10 литра дополнив стрелката на истото место остана пред полнењето. Ѓубре гориво?
 
Која ја е причината после дополнување бензин да не се помести стрелката ич. 10 литра дополнив стрелката на истото место остана пред полнењето. Ѓубре гориво?
Квалитетот на гориво нема врска со ова, пловакот ти мери ниво на течности во резервоар не квалитет на гориво.
По пишаното би рекол не ти работи пловакот ама тоа некој поупатен нека даде дијагностика
 
Која ја е причината после дополнување бензин да не се помести стрелката ич. 10 литра дополнив стрелката на истото место остана пред полнењето. Ѓубре гориво?


Не ти работи пловакот...или евентуално глави па не се поместува секогаш. Со 10 литра би требало да се помести секако
 
Или ако ти е француз, они имаат електронски пловци или сензори што и да е, ако ти бил запален додека си точел или со клуч на брава, нема да покаже. Ќе му доставиш уште малку и ќе ти покаже. Мене неколку пати така ми има правено.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom