Во сите спортови не јебе фактот што немаме клупа и резерви. Се потврди тоа и денес.
Пандев и Трајковски многу паднаа во последната четвртина од натпреварот и веќе беа практично импотентни. Вистинска штета што го нема Несторовски, реално каде каде ќе имавме повеќе опции во напад.
Прва утакмица, мислам дека премногу притисок и трема имаше кај сите, најповеќе кај селекторот. Едноставно мали ни се опциите во поглед на замени и тоа си зема данок денеска. Австријците внесуваат играчи кои имаат солидна статистика во добри лиги, а ние играчи од факинг Ружомберок или whatever.
Бевме некако неодлучни во пристапот, видовме дека можеме и во моменти кога бевме рамноправни Мрме се одлучи на дефанзива, додека играчите на терен имаа полу-контри и полу-шанси. Измените беа контра интуитивни и тоа не кошташе.
Доста ситни грешки правеа во своја половина.
Тоа е тоа. Сепак добро играа, се бореа и со притисок и со трема, но дечките дадоа се од себе.