Wizz Air летови од/до Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата Apple
  • Време на започнување Време на започнување
За влез во Англија ви треба негативен тест и десет дена изолација при што на вториот и осмиот ден од изолацијата треба да се направат тестови пак...на ваш трошок.
 
Една година нема директен лет Скопје-Малта. :/
Скроз не заборавија. А инаку летам стално.
 
Дали некој поднел барање за конверзија на кредит за да ти ги вратат парите на сметка? Цело време ми дава грешка дека бројот на сметката не е точен...
 
Дали некој поднел барање за конверзија на кредит за да ти ги вратат парите на сметка? Цело време ми дава грешка дека бројот на сметката не е точен...
Јас лани го направив тоа и ми вратија пари
 
Уште не ми е јасно зошто Визер преку Виена лета до Охрид а не до Скопје...
 
Од кога почнаа бе со administration fee по патник/по лет? Па уште 20% на цената додава тоа.
Дај нека влезе уште некој оператор, да се освестат малце со цениве.
 
Од кога почнаа бе со administration fee по патник/по лет? Па уште 20% на цената додава тоа.
Дај нека влезе уште некој оператор, да се освестат малце со цениве.
И 5 да влезат во моментов ќе биде така, голем дел од компаниите се во загуба од кризата и пробуваат на секој начин да земат плус пари. Ѕирни да видиш какви се цените на прекуокеанските летови. Пример за Австралија картите се неколку пати поскапи од тоа што беа претходно, плус со економи класа може и да не те качат.
 
Од кога почнаа бе со administration fee по патник/по лет? Па уште 20% на цената додава тоа.
Дај нека влезе уште некој оператор, да се освестат малце со цениве.
Тие Такси ги имат од секогаш. Знам порано ко летав по 10 евра, едно евро беше цена на картата, а 9 таја administration fee.
 
Некој да нема патувано скоро Јуни месец дали терат негативен тест ?
 
Некој да нема патувано скоро Јуни месец дали терат негативен тест ?
Зависно од земјата кон која патуваш, кон МКД од никаде не бараат тест зашто МКД не го побарува тоа, ама од МКД стално ти гледаат условите во крајната дестинација
 
Edno prasanje ako nekoj znae da mi pomogne. Imam karta so Wizz. Vo service included pisuva Airport check-in. Dali toa znaci deka ne mora online-check in da napravam i na aerodrom gi zemam kartite? Opcijata za online check in e otvorena ali ako davaat na aerodrom ne gledam online da pravam. Samo da ne ispadne deka trebalo pa da me izgorat?
 
@Igorcemk
Имаш некој пакет докупено или чиста карта ти е? Ако пишува дека услугата е вклучена тогаш не би требало да те изгорат ама тоа се зависи од што се имаш докупено освен картата
 
Хело гајс.

Сакам да зеам карта од Охрид за Дортмунд за во Сабота, 28 ми август.
Цената на картата е 18000 денари (втората опција шо е со куфер од 20 кила) и некако скапичко ми гледат.
Знам дека е на две недели, плус лето...ама ипак :)

Сакам да прашам за совет - вредит да се ризикуват и да се чекат случајно дан се намалит цената(по шо имам слушано муабети дека ги билдет цените, па после одредено време паѓет), или да си голтнам и да си ја купам колку шо е?

Благодариме унапред :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom