Русија не демонстрирала никакво влијание на Балканот?

Ова е мајтап, шега, оксиморон или вистинско твое мислење? Ова последново мислам дека е со најмал коефициент.
Повели дај пример за демонстрацијата на руско влијание на Балканот.
Јас колку што помнам твоите западни миленици се тие кои бараат од Србија да го признае како независна држава балканското Манџуко наречено Косово.
Истовремено колку што помнам, во 2001 година токму твоите западни миленици САД, НАТО и ЕУ им помагаа на македонските домашни велепредавници во преговарање, потпишување и ратификување на велепредавнички рамковен договор во Охрид.
Во 2018, односно во 2019 година, токму САД со нивниот заштитен извор Никола Димитров, помагаа во преговарање, потпишување и ратификување на велепредавнички договор со Гејлада во Преспа.
Повели посочи каде тука ја гледаш Русија.
И дојде на власт Луис Арсе..Ја изгради фабриката?! И кај беше на бацирака пред да го остават да биди на власт, знаеш ли?
Значи тоа е тоа што го зборувам, а ти критикуваш, а јас ја кажувам само реалната состојба..Констелација на моќ и сила. Русија и Кина во моментов ја немаат ни половина моќ што ја има западот, остај настрана Инфомакс и компанија, финансиските текови и движењето на парите и капиталот во светот тоа го покажува многу јасно. Русија ни сега не е милосрдна, а камоли да ја има моќта на Западот во моментов..Ќе гледаме реинкарнација на СССР.
Фабриката никогаш не беше ниту договорена за да биде изградена, но самиот факт дека воопшто нејзиното спомнување како опција беше доволно за да се случи државен удар кој - фала му на Бога - не траеше долго, говори дека дури и самото хипотетичко, а не реално постоење на таа фабрика, беше доволно за да им ги помати сметките на одредени индивидуи северно од Ел Пасо, Тексас. Но сепак поминати се нешто повеќе од 7 месеци од доаѓањето на Луис Арсе на власт во Боливија, па како што Рим не бил изграден за еден ден, така и возобновување на држава која помина речиси година дена под власт на хунта прошверцувана преку државен удар спонзориран од ЦИА не се спроведува за еден ден.
Дали воопшто ги читаш коментарите на кои реплицираш ?
Убаво ти спомнав дека информациите кои ги имам за животните стандарди во Русија и во Кина ги имам добиено од луѓе кои лично ги познавам, а не од Инфомакс и компанија.
Но еве ти и некои други извори на информации, се надевам дека не ги ставаш во ист кош со Инфомакс и компанија.
G7 summit: Spending plan to rival China adopted
Nato warns of military challenge posed by China
Единствената реинкарнација на која сведочиме денес, е реганизмот од 1980-те години, чии што надворешни политики секогаш се темелат врз една и единствена цел - замачкување очи на јавноста пред огромните долгови на државата и на нацијата, но истиот не успева во денешниот свет во кој ниту руската мечка, ниту кинескиот змеј не реагираат на западниот стап, бидејќи истиот едноставно не е повеќе доволно долг и доволно тврд за да стигне до нив.
За Русија да биде милосрдна, треба прво западот да направи пример за милосрдија, а не да им продава памет на држави како Србија и Македонија со примери за внатрешно самоуништување.
Замисли САД да поканат руска војска на Косово со цел заедничко превземање на локалната и регионалната власт и нејзино мирно враќање под контрола на Србија. По пат и заедно нека формираат суд на кој ќе им судат на учкарите за нивните злосторства против човештвото. Од една страна тоа ќе биде одличен знак за заедничка соработка и партнерство кое во целост го исфрлува НАТО надвор од балканската сцена, а од друга страна би бил одличен пример за подобрување на односите на две големи светски сили.
Настрана фактот дека не треба човек да му биде благодарен на рекетар бидејќи му ги вратил парите кои ги изнудил од него, сепак што мислиш, како ќе реагираат Србите, па и ние Македонците на таквото милосрдие ?