Кармајн Лупертази и синчето се доста потценети ликови во серијата, а цело време до самиот крај под своја контрола имаат една од 5 крими фамилии од Њу Јорк, интересна е сцената шо беше тука поставена каде Кармајн Јуниор на состанок за помирување помеѓу Фил Леотардо и Тони Сопрано од нигде никаде во муабетот го исфрла убиството на братот на Фил, со шо помирувањето паѓа во вода (иако Тони Би-братучедот на Тони Сопрано без негово знаење ја врши ликвидацијата), заради шо останаа тензиите вклучително и онаа помеѓу Фил Леотардо и Џони Сак, тука мислам целта му е да се задржи тензијата со тоа шо веројатно е свесен дека ако падне топката меѓу Џони Сак и Фил Леотардо ќе го истиснат од сликата него, а вака му се дава простор како миротворец.
Инаку интересно е како ликвидацијата која ја врши Тони Би ги влошува односите на Тони Сопрано и Џони Сак кои воглавно се доста добри претходно, нарачката е таква да човек близок на Тони Сопрано ликвидира човек близок на Џони Сак за кеш и без никаква друга позадина, за на крајот да нема ниту во целост да биде исплатен. Луѓето кои ја прават нарачката се инаку блиски на Кармајн, Расти и Анџело, колку е ова случајно а резултираше со комплетна промена на односите
Ваквиот пристап влече позадина од првиот момент кога има издржана кавга меѓу Тони Сопрано и Џони Сак, каде Кармајн Лупертази ја користи приликата и дава зелено светло на Тони за ликвидација на Џони Сак кој е негов консилијере, уште тогаш сениор го трасира патот за јуниор да го наследи како бос, иако овој топори qr на Флорида цело време и не изложен на скоро никаков ризик но и нема никаква почит од обичните крими војници во фамилијата. Е сега тука е и обидот на Џони Сак да го ликвидира Кармајн Лупертази преку Тони Сопрано, за шо и едниот и другиот веројатно беа свесни дека се чека повод и прилика.
Во една прилик кога Тони Сопрано ќе му каже на Џуниор Сопрано дека Кармајн Лупертази даде зелено светло за ликвидација на Џони Сак, Џуниор кажа нешто парафразирам, him and his fish lips, hes a slippery f*ck
На крајот Кармајн Јуниор остана единствен на нозе и веројатно ја презеде фамилијата...со тоа шо Фил Леотардо беше ликвидиран а Џони Сак во затвор каде и умре. Се на се добар исход за Кармајн Сениор и Јуниор.