Па што нашиве кога идат таму кршат кичма да зборат српски? Си видел некој наш да отиде во Србија или Хрватска на некоја емисија и да си цепа на македонски? Ја пред некоја година кога бев во Белград, влегов во седвичара и кога почнав да нарачувам на македонски, почнаа англиски да ми зборат. Има голем двоен стандард за овие работи. Знам, зошто сум пола-србин, и нема никад да зборам српски во Србија, зошто никој од таму што знам, не се обидел да направи некој обид да проба да збори македонски кога бил тука. А наши луѓе многу се стваат во подредена ситуација за овие работи. Ако они не се трудат да не разберат нас, нема ја да им удоволувам нив. Со хрватите со доживеал покоретен однос за овие работи. А, реално тоа е гест дека ја почитуваш околината во која си го печалиш лебот. Поготово ако си спортист, треба да пробаш на навивачите и луѓето кои те следат да пробаш да им се обратиш на нивниот јазик, зошто они те поддржуваат и од нив вадиш плата.