Македонски серии

курајбер

млад, потентен
Член од
29 јануари 2007
Мислења
16.838
Поени од реакции
50.130
Ова штом трејлеров е тежок за гледање, можам да замислам самото дело што ќе биде.
 
Последно уредено:

џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.400
Поени од реакции
25.252
Имам многу прашања, меѓу кои и кој му фрлил толку пара на Оливер Спасовски да добие дозвола за олку армиски возила.

Уште Игор Џамбазов кога се појави на крај. Јес да и јас работам со американци на фиверр што пишуваат сценарија за ангелски вонземјани и наци зомбиња, ама барем никој не ме гледа :facepalm:
 
Член од
4 јуни 2009
Мислења
11.535
Поени од реакции
29.098
2025 година, се снима 6та сезона од серијава. Тамара е киднапирана поради тетоважата. Драгонскај е вработен да работи на хуморот у серијава. Доаѓа 10та сезона, Џамбазов сеуште е присутен во серијата. Тамара сеуште ги бара 30те килограми. Ах :love:


Серијава може да биде најјакото нешто излезено од кај нас, и пак нема да ме натера да ја гледам со оваа "актерска" екипа. Дно фаци, од сам старт осудена е на пропаст.
 

џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.400
Поени од реакции
25.252
Серијава може да биде најјакото нешто излезено од кај нас, и пак нема да ме натера да ја гледам со оваа "актерска" екипа. Дно фаци, од сам старт осудена е на пропаст.
Ако судам по трејлерот (а не гледам зошто предвидувањата не би ми биле точни) ова ќе биде од оние so bad that it's good производи каде сериозното многу лесно станува предмет за потсмев.
 

Ska Maniac

Бараба
Член од
2 октомври 2013
Мислења
10.876
Поени од реакции
27.060
2025 година, се снима 6та сезона од серијава. Тамара е киднапирана поради тетоважата. Драгонскај е вработен да работи на хуморот у серијава. Доаѓа 10та сезона, Џамбазов сеуште е присутен во серијата. Тамара сеуште ги бара 30те килограми. Ах :love:
Па, па, па ....
Па кога накај 2040 година ќе се соберат пак да прават Reunion како Friends :ljubove:
Жаре еден на еден ќе им биде водител, со гости како Оливер Спасовски, Самка Ибраимовски, Тијана Дапчевиќ, Адријан Гаџа, Елвир Меќиќ, рандом фудбалери од Шкупи и Силекс и тогашниот министер за култура од СДСМ.
 

McLovin

Politically Incorrect/Comedian/Mastrubator
Член од
11 август 2016
Мислења
3.522
Поени од реакции
13.831
Абе не земат да направат некој документарен филм, нешто шо ке не претставува во светот. Они Јужни Ветар ги копираат... До кога бе со тие мафијашки срања.. Бетер србите се со тие крими филмови. Џамбазов кој ти знае каква пара лапнал па сеа нешо као ги рекламира. Трејлер снимаат една година, можам да замислам колку ќе ја снимаат целата серија.
Кога веќе праат филм за војни, шо не направат за војната 2001?
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
Со оглед на тоа што овие ко што гледам од трејлеров 90% не се ни актери, туку онака рандом луѓе можеби и некое друштво си се, крајно време е @џимеј да ни начкрта некое сценарио па и ние од Филм и Тв еден филм да снимиме, за што другаруваме тука 10 години???
Знаеш од кога го мислам и чекам ова. :D

Прв ќе се пријавам за статист што ќе глуми клошар у првата сцена, ќе го утепаат од ќутек и ќе умре како куче. Тоа све автентично ќе биде пошто така ќе побарам од режисерот, нејќам дублери и каскадери. Метод актер сум јас. :cool:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom