AfD е резултат на мигрантската политика на Меркел т.е. политиката на отворени граници, каде полека но сигурно се менува и германската култура.
Трампистите се поддржувачи на Трамп, најчесто граѓани од средната класа кои живеат во руралните среди и предградијата. Луѓе кои неуморно 5 години трпеа напади и на крај од сето тоа ќе се памети нападот во Капитол!
Не знам што имаат врска трампистите!
Нацизмот, идеолошки припаѓа кон левицата, а не на крајната десница! Хитлер бил национал-социјалист. Промовирал работнички права (во трудово-правната материја има посебна теорија за потчинетост на работникот кон работодавачот, но тој морал да се грижи за неговата егзистенција! ). Така ја стабилизира економијата и работниците прв пат од првата светска војна гледаат што е тоа одмор. Прави паради за 1 мај, неговата партија започнува како работничка партија со црвени симболи! Тоа се факти. Да не вршел злосторства против човештвото односно да не ја започнел втората светска војна, сега ќе бил великан. Патем и бил личност на годината според Тime (1938)!
Мусолини потекнувал од социјалистичката партија, но потоа ја формира фашистичката и се усметува идеолошки десно. Има разлика од фашизам до нацизам! И патриотизмот не е фашизам!
За темата. Ова е класична декаденција. Општеството измислува родови, нова граматика, и прави измени во историјата, психологијата, биологијата, социологијата...наместо да се бави со надградување и усовршување на тие научни дисциплини. Целта е индоктринација на науката со нивната идеологија. Повеќе од јасно е дека истата култура ќе заостанува на секое поле од општествата кои работат на својот научен, културен и општествен прогрес.
Дури тука нема општествен прогрес. 3% од општеството ако добие "права" и привилегии, како целокупното општество ќе просперира? Што има од тоа самото општество? И зошто да се борам за нешто кое сметам дека не е вредно?
Како е евидентна декаденција на глобално ниво? Со општествениот и економски напредок на Кина. Во ред, во Ковид кризата ги уништија скоро сите глобални економии, но нивниот брз прогрес беше евидентен и пред оваа криза. Направија општествени, политички и економски реформи, поставија доживотен претседател кој има неограничена моќ (со тоа ја зацврстија политичката улога во светот) и сега одат на идејата територијално ширење и економска доминација. Полека го освојуваат и пазарот во Европа. Америка брои родови. Кинезите воено заостануваат, тоа е факт и тука доста инвестираат.
За феминизмот имам пишувано многу. Сите уставни начела се засноваат на рамноправност. Законските решенија гарантираат не само еднаквоста на жената, туку и одредени привилегии (пред се во работните односи) Меѓународните договори исто (нема меѓ дог. за мажена жена во однос на државјанството т.е. тоа е забрането) гарантираат рамноправност и еднаквост. На внатрешно ниво, треба да се поработи во одредени сегменти, но жените и мажите се рамноправни граѓани. Еднакви се пред законот и во очите на државата. Дури и во САД имаат позитивна дискриминација во поедини држави (Калифорнија), но немале жена претседател!
Недостатоците се во тие зафрлени средини каде жената не може да отиде подалеку од дворните ѕидини! Уште има договорни бракови каде жената им е за приплод. Уште може да се купуваат жени! Во тие средини, овие работи се културолошки и тешко се менуваат, за жал.