Според мене проблемот е што никој не треба да се замара со тие работи.
На никој не треба да му биде гајле ти или јас со кој го делиме креветот, што правиш ти како жена или јас како маж, зашто јас или ти чуваме куче наместо да чуваме дете итн.
Феминизмот да го земеме за пример само на кратко,
Милиони жени немаат никакви права, феминистките во западниот свет се фатиле за тоа „зашто фудбалерките се помалце платени од фудбалерите“ и „зашто WNBA зимаат помалце пари од NBA“. Па имаше тон заебанции со самиот факт што најдобриот светски женски фудбалски тим изгуби од 14 годишни деца или пак со тие хајлајтси од WNBA којшто се траги комични.
Хомосексуалноста е тема сама по себе, 2 или 3 % од населението во светов, 10% од светов дали и дава подршка на тие движења. Земале они, тие еве и 10% да се да галамат да зимаат да посвојуваат деца, да мењаат цело едно општество и да померуваат граници во тоа што е нормално а што не.
Па тука ти доаѓаат и тие милион нови родови, па популаризација на трансџендер.
Едноставно да не беше толку распространето и со толку јака подршка ќе беше смешно тоа што се случува. Најпрост пример ти се новите серии и филмови, скоро и да нема нова серија каде што нема барем 1 црнец, геј, трансџендер, исфорсирано моќна и независна жена итн.
Премногу финансии пред се некој вложува во овие нови правци што сакаат да го сменат нормалното, што самите сакаат да се во центарот на вниманието и во буквална смисла Малцинството да диктира како ќе живее Мнозинството. Затоа и е толку иритирачки.
Не е поентата дали јас или било кој се сложува со некое од горенаведените „движења“, тие се главна причина за враќање на конзервативците на голема врата, за повторно ширење на национализмот итн.
Муабетот ми беше, секој нека прави што сака, личниот избор си е личен избор. Но тука веќе тој „личен избор“ се користи со цел да се промени општеството како што го знаеме. Едноставно сака неговиот личен избор да го наметне на сите, и тука доаѓа веќе до отпор. Што е и сосем нормално. Како што си пишала и ти самата, поголемиот дел од новите движења се отидени во неповрат. И само калемат хејт кај обичниот човек што си ја гледа својата работа. Добро е бар што ние тука во нашава земјичка уште не сме до тој степен како во Америка пред се а и веќе во другите западни држави.