- Член од
- 24 април 2008
- Мислења
- 11.151
- Поени од реакции
- 12.771
Прашањето кое ти е поставено воопшто не е ниту хипотетичко, ниту е субјективно.Јас ниту сум претседател, ниту сум власт, ниту си лечам свои фрустрации (доколку би ги имал) ниту пак ако би бил на власт би се однесувал како Лукашенко. За мене она што го прави Лукашенко во најмала рака ми е ненормално и неморално. Ако тебе ти е ок, а гледам дека ти е ок, тоа си е твоја работа. Нит цел имам да те премислам, ниту пак сакам,
Не избегнувам да дадам едноставен одговор. Ајде и ти одговори пред некој пост што те прашав, со да или не: „Дали дома му имаш кажано дека си хомосексуалец?“ Еве одговори, само со да или не...Уште 98 пати повтори го прашањето нема да ти го одговорам, зошто прашањето ти е хипотетичко и премногу субјективно, и со самото одговарање ќе се доведам до ситуација да признаам нешто што не е направено (освен, нормално во главите ваши затруени од Мао Це, Ленин и Хрушчов, кои во Лукашенко гледаат перфектен владетел.
Ти беше реплицирано со примери за воени злосторства против цивилни населенија од страна на држави кои себеси се декларираат како демократски, од други членови ти беше реплицирано со изјави од научници кои ги потврдуваат последиците од ваквите злосторства против човештвото, а ако си живеел во Македонија во 2000 и во 2001 година, би требал да го помниш изразот балкански синдром - вака ги нарекуваа здравствените последици од бомбардирањето на Југославија со осиромашен ураниум, за подоцна да испадне дека посоодветниот израз за ваквите здравствени последици е рак, односно канцерогени заболувања предизвикани од изложеност на осиромашен ураниум.
А ако планот ти е на политичка тема за дискусија да избегнуваш одговор на политичко прашање со поставување на прашања од анти-лична природа кон некој кој воопшто не го ни познаваш лично, тоа уште повеќе говори за твојата незрелост за дискусија на ваква тема и уште повеќе те става во ист кош со луѓето со кои не` споредуваш мене и другите кои не делат исти политички ставови со тебе.