Аliexpress (официјална тема)

  • Креатор на темата Креатор на темата MARCELLO
  • Време на започнување Време на започнување
Имали некој порачано производ во вреднос од над 15.000 денари од aliexpress, и дали тој производ треба да се царини?
Зависи , јас сум имал порачки од 4.000 што биле царинети и порачки од 8000 што не биле царинети, посебно во последниов период неколку порачки над 100 евра ни една не ми беше царинета , можеби затоа што немаат банка сега пошта за уплата.
 
Имали некој порачано производ во вреднос од над 15.000 денари од aliexpress, и дали тој производ треба да се царини?
Jas imama naracuvano so taa vrednos ke se carini racunaj + 33% od vrednosta so se shipingot, no ako e so mala dimenzija i ako odi preku drzavna posta moze i da pomine bez da go zabelezat.
Автоматски споено мислење:

Пак исто со СонЈУ пристигнато на аеродером Скопје на 28-11 и оттука кочи тракингот и сеуште нема достава. 20201218_094125[1].jpg
 
Последно време пошти се за пофалба...сите порачки за помалку од месец, три недели тука некаде. Очигледно дека од кога дојде Јани малку повеќе работат.


Само сепак има огромни купови на примени и нераспоредени и доставени пратки уште од пролетва,,,мене ми дојде пратка од мај пред една недела...и ми кажа поштарот дека се правеле огромни напори да се достават заостанатите пратки од летово.

Наводно често вработените оделе на боледување и одмори зошто не им се ризикувало поради ковидов...едноставно немале доволно луѓе на работа.
 
Последно уредено:
Иста забелешка имам и јас, месецов ми стигнаа пратки нарачани на крај на ноември (значи за околу 25-30 дена) и пратки нарачани од мај-јуни дури за кои имам и dispute отворено и ми имаат вратено и пари... Никаква логика
 
@МК Гуру си имал и претходно проблеми со Sunyou, и јас чекам некој андроид бокс преку нив, некако сумлово ми е
 
@МК Гуру си имал и претходно проблеми со Sunyou, и јас чекам некој андроид бокс преку нив, некако сумлово ми е
Исто и кај мене стои од 13 ноември дека е пристигната (наводно), но сигурно е во некоја транзит земја.

Sent from my SM-A105FN using Tapatalk
 
@МК Гуру си имал и претходно проблеми со Sunyou, и јас чекам некој андроид бокс преку нив, некако сумлово ми е
Прердходно со Sunyou на 9ти Септември исто пишуваше делка пратката е пристигната на Аеродром Скопје и тука се изгуби тракингот и ја добив некаде во Ноември,после 2 масеци откако слетала на аеродром Скопје, а тракингот остана замрзнат на 9ти септември.
 
Денес ми откажаа нарачка наводно пак затвориле и нема испорака дури ни дхл не работел. Поединечен случај или?
 
Денес ми откажаа нарачка наводно пак затвориле и нема испорака дури ни дхл не работел. Поединечен случај или?
Не сакал да шипува продавачот за Македонија, се случува, пробај
со друг продавач.
 
Некој помош кога би можел да ја очекувам пратката да стигнеScreenshot_20210213-154322_17TRACK.jpg
 
И јас сум некој ден на истово и чекам да ми стигне пратката, а имам нарачано пратка после таа што ми стои вака и веќе стигна таа пратка во Македонија, не знам што се дешава.
Се работи за „laptop cooling fans“ од 34$.
 
Нешто тракингот не работи кај нашава пошта во последно време, доаѓат пратките до Латвија и толку од тракингот. Некои пратки после ги добиваш а некои не?.?
Нема тракаинг не за тие кои си ги добил ни за изгубените.
 
ИЗГЛЕДА КАКО 100% ДА СЕ СТОПИРА ИСПОРАКАТА НА ПРАТКИТЕ ОД АЛИЕКСПРЕС.
незнам дале е затоа што пошта отворила своја онлине продавница па сека ке праи монопол и ке диктира цени?
 
ИЗГЛЕДА КАКО 100% ДА СЕ СТОПИРА ИСПОРАКАТА НА ПРАТКИТЕ ОД АЛИЕКСПРЕС.
незнам дале е затоа што пошта отворила своја онлине продавница па сека ке праи монопол и ке диктира цени?

Ем со големи букви, ем тврдиш, ем прашуваш, ем не знаеш. Првпат гледам некој да тврди нешто со претпоставки. Ако имаш некоја конкретна информација кажи, ако имаш конкретно прашање прашај
 
Ем со големи букви, ем тврдиш, ем прашуваш, ем не знаеш. Првпат гледам некој да тврди нешто со претпоставки. Ако имаш некоја конкретна информација кажи, ако имаш конкретно прашање прашај
,,Изгледа,, не значи дека тврдам туку дека претпоставувам, инаку работам на реставрацја и ми требаат некои работи што домашните онлине продавници кои што препродаваат производи од Алиекспрес ги немаат. Тие не се моќни да ги имаат сите производи кои ги нуди Алиекспрес и ибеј, за тоа би им требало да вложат милјарди. Веќе короната не може да биде изговор транспортот фунционира секаде.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom