Eisenhorn
Lord Inquisitor
- Член од
- 6 мај 2009
- Мислења
- 4.128
- Поени од реакции
- 9.552
Се слагам со тебе што се однесува за критиката кон Русија од страна на САД. И во право си дека чинеле и чинат злосторства и применуваат двојни аршини.Не заборавај дека не дискутираме за злосторството во Нагасаки и Хирошима само по себе. Појдовниот муабет беше руската критика на дволичноста на политиката на САД, и посочување на иронијата дека САД нашле да критикуваат присилна преселба на кримски Татари кога во исто време направиле убиство на многу повеќе јапонски цивили, и тоа со оружје за масовно уништување кое и ден денес е најголемата закана по постоењето на човештвото.
И сето тоа е од најголемите создавачи на масовна несреќа и убијци не неброени цивили и ден денес. Посочените Јапонија и Авганистан се само пар од многуте такви примери. Ако ги набројуваме сите, до утре може да набројуваме и да имаме уште... Југославија, Сирија, Ирак, Либија, итн, итн...
Јас ова го дискутирам од аспект на руската надворешна политика, не сум офтопик само затоа што неколкумина истото го дискутирате изолирано само за себе (и ја промашувате поентата).
Ова е лажна дилема. Нема дихтомија, проблемот е наметнат од убијците на цивили. „Решението“ е наметнато од убијците на цивили. Оправдувањето на масовните убиства е пропаганда и дволичност.
Едноставно станува збор за престапници кои толку многу пати го повторуваат злочинот, да е бесмислено да досадуваме со финесирање на тој еден злостор како „оправдан“. Зошто ги браниш кога самите јасно и гласно си кажуваат, ете ја Мадлејн Олбрајт, јасно и без срам кажува дека за нејзе е оправдано да се убијат повеќе од пола милион деца во Ирак за да се остварат американските геополитики. Единствена разлика е тоа што денес малку повеќе ги обучуваат за лажење.
Се тоа стои.
Но две прашања:
Како во сето тоа се разликуваат од било која друга империја во историјата? Вклучувајки ја Русија.
Што би направил ти за да ја поразиш Јапонија во 1945 да си на место на Американскиот прецедател?