Русија - смена во надворешната политика?

Eisenhorn

Lord Inquisitor
Член од
6 мај 2009
Мислења
4.128
Поени од реакции
9.552
Не заборавај дека не дискутираме за злосторството во Нагасаки и Хирошима само по себе. Појдовниот муабет беше руската критика на дволичноста на политиката на САД, и посочување на иронијата дека САД нашле да критикуваат присилна преселба на кримски Татари кога во исто време направиле убиство на многу повеќе јапонски цивили, и тоа со оружје за масовно уништување кое и ден денес е најголемата закана по постоењето на човештвото.

И сето тоа е од најголемите создавачи на масовна несреќа и убијци не неброени цивили и ден денес. Посочените Јапонија и Авганистан се само пар од многуте такви примери. Ако ги набројуваме сите, до утре може да набројуваме и да имаме уште... Југославија, Сирија, Ирак, Либија, итн, итн...

Јас ова го дискутирам од аспект на руската надворешна политика, не сум офтопик само затоа што неколкумина истото го дискутирате изолирано само за себе (и ја промашувате поентата).

Ова е лажна дилема. Нема дихтомија, проблемот е наметнат од убијците на цивили. „Решението“ е наметнато од убијците на цивили. Оправдувањето на масовните убиства е пропаганда и дволичност.

Едноставно станува збор за престапници кои толку многу пати го повторуваат злочинот, да е бесмислено да досадуваме со финесирање на тој еден злостор како „оправдан“. Зошто ги браниш кога самите јасно и гласно си кажуваат, ете ја Мадлејн Олбрајт, јасно и без срам кажува дека за нејзе е оправдано да се убијат повеќе од пола милион деца во Ирак за да се остварат американските геополитики. Единствена разлика е тоа што денес малку повеќе ги обучуваат за лажење.
Се слагам со тебе што се однесува за критиката кон Русија од страна на САД. И во право си дека чинеле и чинат злосторства и применуваат двојни аршини.
Се тоа стои.

Но две прашања:
Како во сето тоа се разликуваат од било која друга империја во историјата? Вклучувајки ја Русија.

Што би направил ти за да ја поразиш Јапонија во 1945 да си на место на Американскиот прецедател?
 
Член од
7 декември 2019
Мислења
4.792
Поени од реакции
8.583
што се палите на вакви политички изјави како ова за хирошима и нагасаки, све е тоа игра што ја играат на дезинформации и едните и другите.
Никој не се пали, веќе соџвакана тема! Си префрлаат Раша и Јуесеј кој какви гревови има на душата. А овде некои штаПски почуствуваа потреба да го заработат лебот, докажувајќи дека се поголеми католици од папата, шуќепрајш :toe:
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
26.412
Поени од реакции
43.222

брат, они ви ја кажуваат реалноста, а тоа е дека кога би имало копнена инвазија врз јапан жртвите би биле десет пати поголеми и војната би траела уште. Сигурно на американците подобра стратегија им било да потепаат некој јапонец и да окончаат све, него да изгубат десетици ако не и стотитци илјади луѓе и огромни милијарди у опрема.
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
26.621
Поени од реакции
35.477
Како во сето тоа се разликуваат од било која друга империја во историјата? Вклучувајки ја Русија.
Само тие продаваат „морал и демократски вредности“, додека убиваат деца.
Не дека другите империи не убивале, ама Пакс Американа лицемерието и дволичноста ги има донесено на највисоко ниво. Тој момент никако не можам да го поднесам.

Што би направил ти за да ја поразиш Јапонија во 1945 да си на место на Американскиот прецедател?
Прво, не можам да замислам да бидам на местото на социопат/психопат и за жал (второ), не може бидеш потус без да будеш психопат а веројатно и социопат... На крај и непотребно е прашањето, затоа што потус не е институцијата која ги одлучува работите - туку едноставно само ги извршува.
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.485
Поени од реакции
84.936
брат, они ви ја кажуваат реалноста, а тоа е дека кога би имало копнена инвазија врз јапан жртвите би биле десет пати поголеми и војната би траела уште. Сигурно на американците подобра стратегија им било да потепаат некој јапонец и да окончаат све, него да изгубат десетици ако не и стотитци илјади луѓе и огромни милијарди у опрема.
Проценката била два милиона американски и околу 10 јапонски жртви,
Автоматски споено мислење:

Тука кога се збори за одлуките на Американците и Јапонците (а и другите), од тоа време, не се земаат в предвид едн куп битни параметри од тој момент, кои влијаеле на тие одлуки.
Туку онака површно се упростува, како и секогаш и се носат некои ставови, кои се онака од око, пресуди изречени без земање в предвид еден куп работи кои влијаеле на исходот.
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
26.412
Поени од реакции
43.222
Проценката била два милиона американски и околу 10 јапонски жртви,
Автоматски споено мислење:

Тука кога се збори за одлуките на Американците и Јапонците (а и другите), од тоа време, не се земаат в предвид едн куп битни параметри од тој момент, кои влијаеле на тие одлуки.
Туку онака површно се упростува, како и секогаш и се носат некои ставови, кои се онака од око, пресуди изречени без земање в предвид еден куп работи кои влијаеле на исходот.
и целото учество на американците у таа војна е од тактички карактер него од желба за борба против нацизмот, тргнувајќи од пацификот па нормандија. Поготово европскиот фронт, кој го отвараат со цел да не се дозволи СССР да влезе во Франција. Низ целата војна се трудат да минимализираат на човечки жртви, а да максимизираат на профит, поготово со тие заеми што ги давале насекаде, не за чудо нивната економија се преродила после војната.
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.485
Поени од реакции
84.936
Разбрам зошто проценките во јавниот наратив се плитки и се темелат на наивни упростувања кои зависат од идеолошко-политичката ориентација на субјектот.
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
26.412
Поени од реакции
43.222
Разбрам зошто проценките во јавниот наратив се плитки и се темелат на наивни упростувања кои зависат од идеолошко-политичката ориентација на субјектот.
американците никогаш не имале сериозен противник во втора светска, Јапонија не ја сметам за некоја закана, дури и нападот на Перл Харбор им дошол како порачан за да имаат разлог да и ги земат сите стратешки точки на Јапонија во Тихиот Океан и да воспостават поморска доминација на пола глобус. Друга работа е нормандија, која освен одбраната на германците немале никаква посериозна задача да ги избркаат швабите назад у Германија. Си играле играчки со бомбардерите им ги направиле градовите пепел. Уште една тактичка победа во европа, да се запре ширењето на комунизмот. У глобала вин вин ситуација и за нивната економија и за нивниот естабилишмент како супер сила број еден.
 
Дали знаеш дека Стаљин ги молел, ги терал, уште многу одамна да се искрцаат во Франција? Дека они се искрцале далеку подоцна од што барал Стаљин?
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
26.412
Поени од реакции
43.222
Дали знаеш дека Стаљин ги молел, ги терал, уште многу одамна да се искрцаат во Франција? Дека они се искрцале далеку подоцна од што барал Стаљин?
па најверојатно, како тој што дошол на косово поле, после битка. Советите секако би биле победници, можеби со повеќе жртви, но со подалеку повеќе окупирана територија и сателити држави.
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.485
Поени од реакции
84.936

Марија #Захарова за сквернавење на споменикот „Руски крст“ во #Битола:
“Чинот на вандализам, кој беше извршен на 24 мај во однос на споменикот „Руски крст“ во Битола е сквернавење на заедничката историја на нашите земји.
Би сакале да потсетиме дека овој споменик е посветен на рускиот императорски конзул Александар Аркадиевич Ростковски и е подигнат во 2003 година на иницијатива на жителите на Битола по повод 100-годишнината од неговата трагична смрт.
Го споделуваме негодувањето на македонската јавност. Се надеваме дека властите на Северна Македонија ќе го расчистат случајот и сторителите ќе бидат казнети.”
 
Eisenhorn

Lord Inquisitor
Член од
6 мај 2009
Мислења
4.128
Поени од реакции
9.552
Само тие продаваат „морал и демократски вредности“, додека убиваат деца.
Не дека другите империи не убивале, ама Пакс Американа лицемерието и дволичноста ги има донесено на највисоко ниво. Тој момент никако не можам да го поднесам.
Како и сите империи кои биле најмоќни во дадениот период. Тогаш било "цивилизирање на дивите" или "ширење на вистинската вера за добро на неверниците" а сега е "демократија".
Немој да мислиш дека оправдувам, но тоа е се исто без разлика дали е во прашање Рим, Отоманите, Шпанците, Британците или сега Америчаните.

Прво, не можам да замислам да бидам на местото на социопат/психопат и за жал (второ), не може бидеш потус без да будеш психопат а веројатно и социопат... На крај и непотребно е прашањето, затоа што потус не е институцијата која ги одлучува работите - туку едноставно само ги извршува.
Ок, хипотетички кога твојата земја е во војна со непријател што не се предава и ти или твојата екипа која владее има избор:

1. Да ти загинат милион војници и 10 милиони непријателски цивили во инвазија.
2. Да ги блокираш и изгалднуваш со години каде пак умираат од глад милиони непријатели а твоето домашно население се прашува зошто татковците и браќата не се дома.
3. Да се повлечеш и да им препуштиш огромни делови на држави каде они веќе убиле, силувале и повремено изеле милиони невини цивили.
3. Да им збрчиш атомска - две.
 
Последно уредено:

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
26.621
Поени од реакции
35.477
3. Да им збрчиш атомска - две.
На страна што (очигледно) те фасцинира воениот аспект на настанот, за мене е недозволиво оправдување на било каква употреба на оружје за такво масовно убивање на луѓе (цивили пред сѐ). Уште полошо, се работи за оружје кое може да му стави крај на човештвото... Нуклеарното оружје е... Голема беља, огромен потенцијал целиот вид да освои Дарвинова награда.

Знаеш што ги спречува да „заштедат американски животи“ во „неизбежна војна со Русија или Кина?
Тоа што Русија и Кина имаат нуклеарен арсенал.

Но САД не застанаа тука, почнаа да прават антибалистички штитови окулу Русија и Кина, и отворено да зборуваат за национални „стратегии на прв удар“... Што беше главна причина за Русија да инвестира и да развие хиперсонични интерконтинентални балистички проектили. И така во круг. Постојано притискаат, провоцираат, агресија без престан. Ресурсите (и иднината) на човештвото и планетата се користат за балансирање на агресијата на САД.

Не мора ни меѓусебно да се испоубиеме со нуклеарки. Утре ако/кога ќе нѐ „збрчи“ некој астероид (се дешава отприлика на секои ~100-ина илјади години, и покрај нашата позиција во голдилокс зоната и заштитното влијание на гравитацијата на Јупитер), тогаш ќе биде касно да се каеме зошто сите јајца ни се во една кошница и како вид не сме го прошириле хабитатот надвор од матичната планета. Пошто нели, водење војни меѓу нас е поважно и подобро користење на ресурсите (и сето тоа за некои елити да ја задржат власта и контролата).

На крај сето ова со „стратегијата“ во Јапонија за време на ВСВ се сведува на рационализирање и релативизирање на „етиката“ на докажани социопати и убијци на цивили и деца. Демек „штеделе американски животи“ во Јапонија? А во Ирак што правеа? Во Авганистан? Или во куп други примери. Едноставно никако не може да се релативизира злосторничкиот аспект на Пакс Американа.
 
Последно уредено:

Eisenhorn

Lord Inquisitor
Член од
6 мај 2009
Мислења
4.128
Поени од реакции
9.552
На страна што (очигледно) те фасцинира воениот аспект на настанот, за мене е недозволиво оправдување на било каква употреба на оружје за такво масовно убивање на луѓе (цивили пред сѐ). Уште полошо, се работи за оружје кое може да му стави крај на човештвото... Нуклеарното оружје е... Голема беља, огромен потенцијал целиот вид да освои Дарвинова награда.

На крај сето ова се сведува на рационализирање и релативизирање на „етиката“ на докажани социопати и убијци на цивили и деца. Демек „штеделе амеркански животи“ во Јапонија? А во Ирак што правеа? Во Авганистан? Или во куп други примери. Едноставно никако не може да се релативизира злосторничкиот аспект на Пакс Американа.
Ок, сеуште не одговараш како ти би го решил проблемот. Од наведените 4 опции дај една. Или допиши твоја петта опција.

Значи непријателска империјална сила, која сеуште окупира огромни делови на сојузнички држави каде нејзините војски веќе убиле, силувале и повремено изеле милиони невини цивили.
Домородното население на Пацифичките острови во 99,99% од случаите соработувало со Американците. Во однос на Јапонскиот однос кон тие домородни племиња, Американците на врвот на својот расизам биле по прифатлива опција. Замисли какви биле Јапонците кога некој реднек од Кентаки за кој сите темножци биле нигери од нижа раса бил поприфатлив за локалците.

За Ирак и Авганистан си во право, како и за безброј други места, но ништо што сите други империи не го правеле, го прават и во иднина ќе го прават. Како што впрочем правелаа Јапонската империја.
Повторно, не го одобрувам и го осудувам Американскиот империјализам но во врска со Јапонија ги разбирам атомските бомби.

Што се однесува до мојата (морбидна) фасцинација со воениот аспект, искрено поинтересна ми е Јапонската припрема за сојузничката инвазија. Точно ги процениле местана каде би биле истоварувањата и мостобраните, како пчели вредни ископале засолништа за горивото (кое го складирале одземајки го од она наменето за цивилни потреби и со тоа зголемувајќи ја маката и гладот), обезбедиле 12.500 авиони (пола камикази), околу 4 милиони војници и над 20.000 топови.

Е тоа ќе била кланица да се наежи човек.
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
26.621
Поени од реакции
35.477
Нема ништо морбидно во твојата фасцинација со воениот аспект, ама проблемот е што го испушташ (заобиколкуваш?) главниот аспект. Се фокусираш на војната со тунелска визија, како што велат - од дрвата не ја гледаш шумата.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom