Да се надоврзам на ова што го пиша погоре
@Lester Freamon , никој не може да ти каже каква ќе биде цената во иднина. Ако некој знаеше колку ќе стигне бтц (или било кој друг коин) до крај на годинава, немаше да пишува на кајгана туку ќе го имаше продадено пц-то/мобилниот и ќе го имаше и тоа таму вложено.
Според мене, има премногу променливи кои влијаат на цената на крипто во моментов. Moжеш да бидеш експерт во ТА ама не можеш да предвидиш дека Кина/УСА ќе рокнат некакви санкции/регулации/банови. Не можеш да знаеш колкав процент од маркетот држат големите инвеститори и во каков статус ќе бидат во блиска иднина (дали ќе акумулираат, дали ќе ликвидираат) .
Најголем дел од коините немаат примена (проектите се уште во девелопмент, немаат апликации вредни за спомнување) и целата нивна цена се базира на шпекулација за тоа колку ќе вредат во иднина. Всушност и затоа е цената многу променлива.
Затоа мој совет за сите почетници е да си истражите убаво за технологијата во која сакате да вложите (прочитајте кој им е roadmap-от, какво е community-то, каква им е конкуренцијата, колку е квалитетен тимот што го работи проектот итн). Вложите си во проектите кои ви се допаѓаат и не ја гледајте цената, гледајте ја roadmap-та.
Туку, да си го поставам прашањето за кое што дојдов.
Има ли некој правено Identity and face verification (KYC) со binance? Дали сте comfortable со давање на сензитивни лични податоци на апликација која е многу малку регулирана?
Некако ми изгледа дека е подобро да се направи KYC со некои од компанииве кои се построго регулирани, пример Coinbase. Е сега нормално, тие имаат поголеми fees и помал избор на coins за тргување.