Совети, прашања и oстанато во врска со автомобили

  • Креатор на темата Креатор на темата Струмикс
  • Време на започнување Време на започнување
Совет за менување дискови и плочки на опел корса д 1.3 цдти!
Предлог за подобар производител и некој совет од искусни корисници на што треба да внимавам при замената

Препорачливо е и дисковите и плочките да бидат од ист производител/серија зошто се направени од смеси кои се компатибилни па би требало подобро да функционираат заедно и да не чкрипат при кочење.
И TRW се ок опција.
 
Пред 15000км правев голем сервис се сменив вклучувајќи го затегачот за ПК каиш.
Toj затегач издржа 10000км почна некој звук да вади на загреан мотор и го сменив со нов SFK затегач.
Сега, после 5000км пак почна ист звук на загреан мотор да вади, пак ќе треба да го менувам.
1621639666746.png
Зошто толку често ми се расипуваат? Во рок од 20 000км трет затегач ќе треба да ставам, почесто од уље го менувам :pos:
Предложете што марка да биде следниот​
 
Што мислите за Hyundai Accent 1.5 CDRi ?
Дали им е скап сервисот и деловите?
Ми ја нудат за 1500€
Се мислам...?
 
Еве искуство со Ромбат (Rombat) ако ја пребарува некој темава. Останав на паркинг утрово зошто не сака да запали. Поминаа точно 2 години и еден месец, која генијалност на инженерството до месец да испланираш траење, а и не е ни веќе зима. Една позитивна страна е гаранција од 36 месеци сега ќе чекам да отвори продавницата и одам да видам што ќе ме убедуваат дека не е во ред колата.
 
Здраво,
Бидејќи немам абер од коли би ве замолил за совет:
Буџетот ми е 1500€
Што ми предлагате?


Citroen Xsara 2,0 хди ако ти треба поголема кола и возиш повеќе, ако ти треба помала и нема да возиш многу пежо 206 1.4 бензин...не е брзо ама е ефтино за регитрација и нема што да се расипе на него.
Автоматски споено мислење:

Пред 15000км правев голем сервис се сменив вклучувајќи го затегачот за ПК каиш.
Toj затегач издржа 10000км почна некој звук да вади на загреан мотор и го сменив со нов SFK затегач.
Сега, после 5000км пак почна ист звук на загреан мотор да вади, пак ќе треба да го менувам.
Прегледај го приврзокот 295901
Зошто толку често ми се расипуваат? Во рок од 20 000км трет затегач ќе треба да ставам, почесто од уље го менувам :pos:
Предложете што марка да биде следниот​


Квалитето е нула на резервните делови, буквално се што е Ш класа квалитет се носи кај нас за да имаат поголема заработка трговците со делови.


Инаку може и да ти одкажуваат ако ременицата главна не ти чини или кумплуг шајбната на алтернаторот не ти е во ред. Кога работи колата каишот не треба да игра горе доле многу исто и затегачот. може да игра ама не многу и брзо.


Инаку ако најдиш марка Делфи или SNR оригинал француски (има и фалш!), овие се скапи и ретко се носат кај нас ама се врвен квалитет, јас кај мене SNR тера 50 000 км +. INA пред тоа истера нецели 10 000 км и во контењер го фрлив...германски квалитет, баси му квалитето баси му.
 
Последно уредено:
имам проблем при туража со 2 ра брзина ми гаси колата се работи за дизел хди пежо
 
Барам совет околу митсубиши колт cz30, 1300 цц, 70 кв 2005/2006 генерација.
Да или не? Ми треба за низ град и еднаш-двапати месечно на автопат.
 
Не купувај од најефтините!

Добри марки на дискови и плочки ти се брембо, метели, LPR, и Ferodo. ATE се исто одлични ама не се ефтини.


Друго при промената треба главината да се очисти од рѓа прашина, да свети...за да налегнат новите дискови како што треба. На плочките во лежиштата им се става по малку бакарна маст за да не квичат при кочење...гумените манжетни на шепата и лизгачите треба да се проверат и ако не се во добра состојба треба да се сменат зошто не коштаат многу. На гумените делови му се става специјална силиконска маст, за да лизга полесно ама реално ретко кај нас се најдуваат такви кадарни мајстори.

Еве замена по пропис што вклучува...слично/исто е и за корса и 99 % од другите коли.


На времето ретко кој знаеше за бакарната маст и дека квичењето се јавува на местото каде клипот ја притиска гуртната

Главен муабет на ,,мајсторите,, им беше дека гуртните се со лош квалитет....појма немаа
 
Друг мајсторски муабет абе ти не си салам...кај се подмачкуваат плочки, ќе не може да кочиш, ќе се бапнеш некаде :pos:
Автоматски споено мислење:

Барам совет околу митсубиши колт cz30, 1300 цц, 70 кв 2005/2006 генерација.
Да или не? Ми треба за низ град и еднаш-двапати месечно на автопат.


Ако веќе има плин не е за земање...
Автоматски споено мислење:

имам проблем при туража со 2 ра брзина ми гаси колата се работи за дизел хди пежо


Само дијагностика да направиш.
Автоматски споено мислење:

Што мислите за Hyundai Accent 1.5 CDRi ?
Дали им е скап сервисот и деловите?
Ми ја нудат за 1500€
Се мислам...?


Не, ксарата што ти ја предложив кошта толку а има поефтино одржување, и многу подобар хди мотор...
 
Последно уредено:
Ако веќе има плин не е за земање...
Автоматски споено мислење:
Плин општо не сакам. Така што такви избегнувам.

Општо ме интересираат искуства со колава.

Иначе прашувам и затоа што имам чуено дека демек имаат проблеми со ЕЦУ (или нешто слично) демек им влегувала вода и цркнувала електрониката....
 
Нема врска друже, земаш кола стара 15 години+ многу поважно е среќата каква ќе ти биде. Исто добро да се прегледа да не била удрена колата зошто тоа е градско количе а да поминеш 15 години низ град без некој инцидент со кола е скоро невозможно.


Сеа скршен браник ова она, тоа е ситница и не е страшно ама да не била хармоника направена колата па оправана.
 
Последно уредено:
Дај препорачајте продавница и бренд за спони/јабучици/држачи на мотор, ми требаат за меган 1.9.

Преку нос ми е дојдено од менување такви работи не дека се толку скапи колку што ме нервира да се акам по механичари и да слушам тропкање.
Втор пат ми затропуваат висечи спони на виљушка во рок од неполни 2 години, а демек ги платив најскапите што ги имаше на лагер во продавницата кога ги менував минатиот пат, последниве не изгураа ни 8000км.
 
Бренд TRW или Delphi...за продавница не знам, би требало да може да ти нарачаат такви во поголемиве продавници, а може и од ибеј да земеш. Не се евтини само...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom