Коронавирус (COVID-19) - Општа дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата A__
  • Време на започнување Време на започнување
Да де, повеќе мислев дали пред да стигнат Синофарм или сега пред недела-две, да знам дали и јас да се префрлам сега во Тетово :)
А да, откоа стигнаа Синофарм го повикаа.
 
kade e poevtino za pcr test...zan mitrev ili sistina...i cena
 
А со кои вакцини вакцинираат во Тетово? Уште е со кинескава? Каде боцкаат со фајзер?
 
kade e poevtino za pcr test...zan mitrev ili sistina...i cena
моментално на групер имаш купон за Жан Митрев за ПЦР тест, кошта 2000 денари... иначе нормална цена мислам дека му е 2900 денари....

Систина е 2700 денари, Авицена е 2600, а Биотек 2100 денари...
 
јас како разбрав од нашиве медиуми, министерот кажува дека од другата недела ќе имаме наши здравствени пасоши со СИТЕ опции, вакцини, антигенски тест...... е сега прашање е која држава што бара, ЕУ праи проблем и со вакцини ако не се одредени..
Друго не ми е јасно, ако ПЦР тест се бара НЕ ПОСТАР од 72ч, тој автоматски ќе се внесува во здравствениот пасош ИЛИ како ???
 
Јас се пријавив уште вториот ден кога беше отворена апликацијата и не ме имаат викнато, а гледам дека се исповакцинираа фаци кои не беа пријавени до пред 2 недели :D
Еден куп другари иам извакцинирано, кој рандом, кој со врски. Се пријавив уште прв ден, нејкеше да лоадира убаво страната памтам. Што и да праиш ко што треба у државава испаѓаш најголем sucker :icon_lol:
 
НЕ СИ НИ ПОТРЕБЕН ФИЛИПЧЕ!!!!!!

Ова е уште едно уринирање врз Македонскиот народ......како тоа ние "предавници"......не сме чекале тука до недоглед за да стигнат вакцините и да не повикаат на вакцинација....па спасот сме си го нашле во Србија.
Филипче очајно се обидува.....да не казни....нас вакцинираните во странство....со тоа што не ни ја признава извршената вакцинација....и покрај уредната документација.
Ревакцина....не можело тука.....па дури ниту еден папир, тоест Македонски Зелен сертификат.

НЕМА ПРОБЛЕМ!!!! Фала до Филипче.....за уште едниот неуспешен обид да не деградира....ние кои се вакциниравме во Србија.

Србија ни издава Зелен сертификат на сите......кои се вакциниравме таму....и секако ќе се ревакцинираме.
Од денеска....сите Македонски граѓани слободно можат да превземат Зелен сертификат (green pass) за патување во странство.

За сите Македонци кои сме вакцинирани во Србија.....кратко објаснување како да дојдете до овој Зелен сертификат (Ковид пасош)

1. Потребно е да извршите регистрација на е-управа.....како странски државјанин. Во прилог треба да се прикачи....скен од првата страна на МК пасошот (можете и да го фотографирате....но да биде се убаво и јасно читливо)
ЛИНК за регистрација
* во полето број на пасош....не ја внесувајте првата буква од пасошот.....системот прифаќа само бројки!

2. На меил ќе ви стигне....линк за да го верифицирате акаунтот. По верификацијата најавете се во е-управа

3. Откако веќе ќе се логирате....одете на....Услуге -> Здравље -> COVID19 -> Дигитални зелени сертификат (изберете)
Кликнете на зелениот тастер.....Покрени услугу

4. Изберете јазик....српски и англиски.....изберете формат, дали за принтање (десктоп компјутер) или за на мобилен.
Прво ќе приметите пополнето поле.....ЈМБГ / ЕБС.....тоа е вашиот ЕБС (Евиденциони број за странце)....кој системот автоматски го генерира.
Внесете....број на пасош (целосен....Cxxxxxxx), меилот си стои веќе внесен....селектирајте дека се согласувате да бидат обработени податоците.....и кликнете Поднеси захтев

5. Веќе го имате Зелениот сертификат на меил.....во пдф формат.

Истиот може да се испринта....или да се чува во телефон за на граница....и така да се приложи.
QR кодот во сертификатот.....кога ќе се скенира.....води до линк на Влада на Република Србија.....со што кога ќе се кликне на линкот.....се прикажуваат вашите лични податоци и податоци за примените дози на вакцината....кои се веќе заведени во серверите на Република Србија за сите вакцинирани....меѓу кои и ние од Македонија.
Тоа е се што ни е потребно.....за на пат!
И кој е проблемот тука ?
Нормално дека ќе ти дадат сертификат од таа земја кај шо си се вакцинирал, не можи вакциниран во Србија а тука да ти дадат сертификат за вакцинација
Никој не ве деградира, сами филмој си прајте.
 
Ова со Фајзер како кола да ми ја има прегазено левата рака, последен пат ваков бол на раката имав кога ја шинав како дете.
 
Ова со Фајзер како кола да ми ја има прегазено левата рака, последен пат ваков бол на раката имав кога ја шинав како дете.
И другар ми имаше иста мака со Фајзер боцнат, ќе ти помини за некој ден ништо страшно :)
 
Еден куп другари иам извакцинирано, кој рандом, кој со врски. Се пријавив уште прв ден, нејкеше да лоадира убаво страната памтам. Што и да праиш ко што треба у државава испаѓаш најголем sucker :icon_lol:
Брате, дури да се вакцинираш (пишман аџија) ќе укинат и вакцини и карантини и ковид пасопи, Елон можеби ракети за Плутон ќе испраќа, а ковид нема да постои. [emoji23]

Брцни се со кинеската дури ја има и не му ја мисли, ако ти е за вакцинирање.
Всушност за летово и нема да ти треба вакцина (освен ако не одиш надвор од мкд со тоа ковид пасошот), од на есен друга приказна.
Знаејќи го наравот на народот наш нема да стигнеме до колективен имунитет (иако може да се постигне тоа во периодот кој следи), па од на есен доколку сакаш заштита би требало да се вакцинираш веќе.

п.с. имам роднини Германија, чекаат 50% становништво да се вакцинира за да одлучеле со која вакцина ... Не дека нешто им менува, ем постари ем мака имаат со здравје - недај Боже да ги фати партал ќе ги направи.
Ако имаш постари родители и се гледаш често на есен боцни се заради нив или пак носи маска секогаш кога че ги посетуваш и тоа е тоа.

Лошо организирано здравство имаме, инаку сум сигурен дека барем помал процент на починати ќе беа во последниот бран.
 
И кој е проблемот тука ?
Нормално дека ќе ти дадат сертификат од таа земја кај шо си се вакцинирал, не можи вакциниран во Србија а тука да ти дадат сертификат за вакцинација
Никој не ве деградира, сами филмој си прајте.
Реално ако сака може да изменаџира некако во Македонија да ги добиеме сертификатите за сите вакцинирани граѓани во Србија, па од тука да си ги подигнат луѓето а не само да ги малтретираат натаму наваму.
 
Брате, дури да се вакцинираш (пишман аџија) ќе укинат и вакцини и карантини и ковид пасопи, Елон можеби ракети за Плутон ќе испраќа, а ковид нема да постои. [emoji23]

Брцни се со кинеската дури ја има и не му ја мисли, ако ти е за вакцинирање.
Всушност за летово и нема да ти треба вакцина (освен ако не одиш надвор од мкд со тоа ковид пасошот), од на есен друга приказна.
Знаејќи го наравот на народот наш нема да стигнеме до колективен имунитет (иако може да се постигне тоа во периодот кој следи), па од на есен доколку сакаш заштита би требало да се вакцинираш веќе.

п.с. имам роднини Германија, чекаат 50% становништво да се вакцинира за да одлучеле со која вакцина ... Не дека нешто им менува, ем постари ем мака имаат со здравје - недај Боже да ги фати партал ќе ги направи.
Ако имаш постари родители и се гледаш често на есен боцни се заради нив или пак носи маска секогаш кога че ги посетуваш и тоа е тоа.

Лошо организирано здравство имаме, инаку сум сигурен дека барем помал процент на починати ќе беа во последниот бран.
Па сакам, ти викам пријавен сум од почеток регуларно. Само редот е неред, па изглеа смешно што задњи останав. Али моите пројдоа а и мали бројки има па не е страшно.
 
Ова со Фајзер како кола да ми ја има прегазено левата рака, последен пат ваков бол на раката имав кога ја шинав како дете.
Другар ми кога се вакцинирав ми викаше „да знаеш боли како куршум да те погодил“... Баш ме замисли од кај знае како боли од куршум :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom