Штета за Лестер. Не го издржаа притисокот до крај. Мада се уште имаат можност со тоа што Ливерпул е приказна за себе сезонава .
Прашање до навивачите на Јунајтед. Трофејов ако го освоите од Еуропа лигата, ќе го сметате како major trophy или не ви е толку битен?
Брачка некои овде минативе години по освоена ЛЕ славеа и пишуваа чемпионс оф јуроп


(на сините од Лондон мислам)
Жозе славеше тројна круна со Комјунити шилд, Карлинг Куп и ЛЕ

Факт е дека ЛЕ е голем трофеј, но не е голем за клуб од калибар како Манчестер Јунајтед и слични.
Но за сатисфакција, кревање самодоверба, победа во финале е добра работа, па макар и ЛЕ.
За нас е успех второто место во ПЛ со оглед на очекувањата од почеток на сезона за тешка битка за топ4 по лошо трансфер лето кога во конкуренција на Сити и Челзи кои вложија многу, шампионски Ливерпул од минатата година кој го задржа костурот и се засили со Жота и Тиаго, плус Тотенхем, Лестер и Арсенал кои во тој момент изгледаше дека направија подобри трансфери од нас. Да не заборавам дека сезоната ја почнавме без припреми и по првите кола бевме далеку неспремни, плус големиот сомнеж кон Оле дека нема да биде способен сезонава да издржи и беше прв кандидат за отказ во првите месеци.
Барајте наши мислења и сите горе долу варираа дека пласман во топ4 ќе биде успех, а некои се сомневаа и во тоа. Затоа тоа второ место го сметаме за успех сега. Сакаме титула, но далеку сме од неа и се зависи како ќе се однесуваме ова лето на пазарот за да се сметаме за кандидати за титула.
Sent from my SM-A750FN using Tapatalk