Ова размислување ич не ми се свиѓа. Мислам дека остатокот од државава целосно ги пуштивме низ вода луѓето од западна. Да не беше... еден сељак од форумов, во Гостивар ниту ќе отидев ниту ќе имав желба да отидам. Веројатно и повеќето од централните и источните подрачја немаат со нога стапнато во западна. Ама пред да отидам без проблем ќе прифатев размена на територии. Ќе гласав на референдум огромен дел од водата, најголемиот извор, најубавите планини и цел народ од западна да го фрлам у вода за да решам нешто шо за мене тогаш беше непријатност, скоро па и апстрактен проблем. Таа негрижа за тие луѓе и нивното мислење, нивните ставови, искуства и стравови на оваа тема, на било кој од нив, е еднаква со негрижата за луѓето од Егејска, Пиринска, Мала Преспа, Арачиново...се прелева, нема крај. Секогаш кога се наметнува темата за размена на територии ми текнува на тој осамен дедо во Арачиново и како со крв ја плати таа наша отстапка.