Сакам да знам!

  • Креатор на темата Креатор на темата blue ladybug
  • Време на започнување Време на започнување
Утре на празник работаат ли маркетиве Веро, Тинекс, Стокомак?
 
Што е ова што ми се појави на телефонов преку вечер и дали постои шанса да се исклучи? Ме нервира.

Screenshot_20210513-104527_One UI Home.jpg
 
Што е ова што ми се појави на телефонов преку вечер и дали постои шанса да се исклучи? Ме нервира.

Прегледај го приврзокот 295169
Технологија за подобрување на звукот при разговори и побрзо воспоставување врска.
Се гаси во settings ако не сакаш. Барај таму кај SIM.
 
Што е ова што ми се појави на телефонов преку вечер и дали постои шанса да се исклучи? Ме нервира.

Прегледај го приврзокот 295169
Тоа е чекор погоре.....во телекомуникацијата. (Voice over LTE) Наместо ГСМ.....разговорот оди преку 4Г....овозможува поквалитетна врска....итн....да не навлегувам. Но за таа опција потребно е двата уреди....твојот....и на соговорникот да ја имаат оваа функција.
За да го исклучиш (Андроид платформа).....Settings -> Connections -> Mobile networks -> VoLTE calls (исклучи го)
На iPhone.....Settings -> Cellular -> Cellular Data Options -> VoLTE (гасиш)
 
Каде би можел да чувам пари освен во банка и штедилница ?

Секако не под перница , мислам на институција.
 
Каде би можел да чувам пари освен во банка и штедилница ?

Секако не под перница , мислам на институција.
Само банка, на еден матичен број до 30.000 евра.ако имаш повеќе, у повеќе банки по 30 иљади максимум.
Ало не сакаш да ги орочиш, тогаш закупи си сеф во банка па таму чувај парите, злато.... Педесетина евра годишно мислам беше закупувањето

Sent from my YAL-L21 using Tapatalk
 
Каде би можел да чувам пари освен во банка и штедилница ?

Секако не под перница , мислам на институција.
Животно осигурување ти е опција.
 
Може ли со обврзници како хартии од вредност да се тргува на сличен начин како со акции ?
 
Добро, што е штосот со темата "Интернет, радио и телевизија (стримови и прашања)"? Гледам дека е доста активна, неколку пати пробав да ја следам и везе немам што постираат.

Мешаат јазици, цел Балкан е собран, потоа гледам си честитаат и празници, фали уште скара да почнат да вртат. Сето тоа е убаво, ама никако да влезам во штосот. :)
 
Дискутираат IPTV.
 
За една регистрација на една интернет страна ми бараат Taxpayer Identification Number (TIN).Од каде можам да го земам тој број за да ја завршам регистрацијата?
 
За една регистрација на една интернет страна ми бараат Taxpayer Identification Number (TIN).Од каде можам да го земам тој број за да ја завршам регистрацијата?
Од УЈП-то на државата од која се претставуваш дека си или од УЈП-то на државата од која страницата очекува да си.
 
Знае ли некој колку иде цена на квадратот на земја во индустриска зона визбегово , во делот покрај качанички пат?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom