Факултет за Информатички Науки и Компјутерско Инженерство - ФИНКИ

  • Креатор на темата Креатор на темата ASimov
  • Време на започнување Време на започнување
Напредно програмирање се учи од слушање аудиториски или мора и предавања?
 
Здраво дечки, дали некој знае на кој начин ќе се полага 2ри колоквиум по Основи на веб дизајн ? Дали ќе биде како обичен тест(за теорија) или ќе побараат да изградиме страна според некој пример(како лабораториските вежби) ?
 
Здраво дечки, дали некој знае на кој начин ќе се полага 2ри колоквиум по Основи на веб дизајн ? Дали ќе биде како обичен тест(за теорија) или ќе побараат да изградиме страна според некој пример(како лабораториските вежби) ?
Страна треба да уредеш со css само
 
Има некој Инфо за Мастерс студиите на Финки во време на пандемија. Дали се олеснети/отежнати или се на исто ниво? Кога се предавањата, начин на полагање и слично.
 
Што даваат концепти на колоквиум за практичен дел?
 
Има некој Инфо за Мастерс студиите на Финки во време на пандемија. Дали се олеснети/отежнати или се на исто ниво? Кога се предавањата, начин на полагање и слично.

Не би требало да има скоро никаква разлика пред или по пандемија, а ќе објаснам и зошто е така.

Настава на предмет се организира на регуларен начин само доколку има повеќе од 10 студенти. Ако има 10 или помалку студенти, предметот се води менторски, а тоа значи дека нема распоред на часови и нема класично часови - секој студент остварува повремени средби со наставникот каде ќе добие инструкции што да чита и како да ги реализира следните чекори.

Ако го земете горното предвид и ако земете дека на постдипломските студии се запишуваат мал број студенти и има многу голем број насоки и изборни предмети, тогаш ќе ви стане јасно дека само во многу ретки случаи на еден предмет ќе има доволно студенти за да мора да се организира редовна настава. Повеќето предмети (ако не и скоро сите предмети) на постдипломски студии се водат менторски.

Па кога имате 1:1 средба со професор и кога ги договарате задачите и обврските самостојно, нема многу разлика дали е во кабинет или е онлајн.

Патем, постдипломски студии се студии на повисоко ниво и треба вие самите да сакате да се потешки и пообемни. За разлика од додипломските студии, каде само некој ќе ве праша дали имате завршено факултет и на кој познат универзитет сте дипломирале, кај постдипломските студии ќе ве прашаат на која тема сте магистрирале/докторирале (без разлика дали мастер, магистерски, докторски) и кој ви бил ментор. Дополнително ќе ве прашаат каде сте ги објавиле резултатите од вашиот труд. Тоа е така, бидејќу на ова ниво, никаде во светот не се работи на масовен принцип и групно, туку се работи индивидуално, па кредибилитетот зависи од инволвираните индивидуи. Значи ваша цел треба да биде да направите колку што можете повеќе, за да со трудот со кој ќе се претставите потоа може да се пофалите и стекнете кредибилитет. Поради ова, во ваш интерес е и дел од погледот на нештата на постдипломски студии треба да е таков, да на секој професор вие му инсистирате да научите колку што можете повеќе и да сработите колку што може повеќе.

Исклучок од ова е се разбира доколку примарната цел е со повисока диплома да се здобиете со повисока плата, а не ве интересира знаењето. Во таков случај не би знаел каков совет да дадам, снаоѓајте се.

Ако ве интересира повеќе информации за насоките и предметите, кликнете на мојот линк во потписот и контактирајте ме директно. Се разбира можете да контактирате и било кој друг професор на Факултетот.
 
Некој што има вештачка лаб 2 да ми пишее
 
Зарем ќе нема за JS? Минатата недела почнавме и со тоа, затоа прашувам...
Во однос на прашањата што ке бидат теоретски на вториот колоквиум на основи на веб дизајн дали ќе бидат чисто теоретски, или ќе биде повторно нешто со пресметување на селектори слично на прв колоквиум?
 
Дали може да споделат искуство од лани колегите кои биле на усно испрашување аок за теорија?
 
Здраво дечки, прва година сум па не знам мн. мн. за ова. Ова е нели да се пријават сите предмети што треба да се полагаат. Јас досега немам паднато колоквиум, па ме интересира дали треба и јас да ги пријавам сите предмети што ќе ги полагам или ова е само за тие што паднале колоквиум(па мораат на испит да одат) ?

1621541262264.png
 
Здраво дечки, прва година сум па не знам мн. мн. за ова. Ова е нели да се пријават сите предмети што треба да се полагаат. Јас досега немам паднато колоквиум, па ме интересира дали треба и јас да ги пријавам сите предмети што ќе ги полагам или ова е само за тие што паднале колоквиум(па мораат на испит да одат) ?

Прегледај го приврзокот 295803
Site gi prijavuvas.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom