Субјективно мислење (знам дека кај многу е обратно) ама повеќе би сакал да гледам порази со 30 шанси наши, отколку победи со еден шут и поклонет гол. Порадо би гледал 10 пати натпревари ко 3:1 со Јунајтед пред неколку сезони кога Де Геа само 5 шанси на Алексис му скина, отколку натпревари како денес. Не сум човек што хејтал паркирање на бус само кога се работело за туѓи екипи, а за својата би премолчел, Челси или Интер кога земаа ЛШ, ми беше многу непривлечна и анти-фудбал тактиката, иако го почитуав успехот, истото мислење го делам и за ваквиот Арсенал. Арсенал сум го засакал поради убавиот фудбал, брзата игра и пасови и тешко ми е да го гледам ваков, без разлика на исходот од натпреварите, дури и да победува, се чувствувам како мајка кога го гледа детето со пари пуно, збогатено, ама пари од дилерство и кражби.