Русија - смена во надворешната политика?

Член од
14 август 2006
Мислења
45.487
Поени од реакции
84.951
У Украина сите Руси ги викаат московити или москаљи.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: SNM

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
26.635
Поени од реакции
35.494
Мојот став врска Русија е познат, земја со сите возможни ресурси на планетава, со потенцијал да била и да биде број 1 во светот, таа не е ни во топ 3.
Епа погрешно размислуваш, а тоа е затоа што не ги рабираш работите.
Ти кога кажуваш ресурси, ти замислуваш само физички ресурси. Како метали, рудници, минерали, територија, итн. Но зарем нема и еден друг ресурс, со кој се вреднуваат сите наведени физички ресурси? Нели сите тие ресурси се продаваат за пари? И на крај, кој има поголемо влијание - тој што има рудник за железо, или злато, или нешто трето - или тој што ги контролира парите?

Kaко што вели максимата на една позната банкарска фамилија и кажано од член на истата фамилија: „Permit me to issue and control the money of a nation, and I care not who makes its laws!“

Каде е Русија во муабетов?
Епа тие што ги следат работите знаат дека уште пред подоста години Русија, и Кина, и членките на БРИКС, помеѓу себе тргуваат со матичните валути а државните резерви ги конвертираат во злато. Русија и Кина ги продаваат американските обврзници... Што мислиш зошто? И дали можеби сега ти е јасен муабетот за инфлацијата од поназад. Пошто ако не е, тогаш не можам повеќе да ти помогнам. :)

Но дури и сеуште ништо ако не разбираш, ти сепак можеш барем да ги видиш и споредиш годишните воени буџети на САД и на Русија. Спореди ги буџетите па раскажувај ми приказни за „потенцијалот“ на Русија да ја надмине САД во статус на велесила... Самото тоа што Русија успева да парира несиметрично преку развивање нови технологии, е огромно достигнување и успех.

Па ти кажав, толку многу информации нафрлуваш, што твојот став излегува дека е ист со тие што ги нарекуваш дека немаат елементарни познавања.
Ова е нелогична изјава.
Како може „многу информации“ - и патем точни информации - да ги наречеш „немање елементарно познавање“?

Патем... Toa поназад беа минимум податоци потребни за да се даде контекст. Симплифицирано, но изгледа недоволно симплифицирано за некои. :)
 
Член од
8 февруари 2020
Мислења
5.462
Поени од реакции
7.826

Пак ќе повторам, истото што го кажав за Русија, а и другите, за кои ни кажуваш дека немаме елементарни познавања, ти го потврдуваш со твоите постови, а не си ни свесен.

Ај прво за ресурсите. Ние ти викаме дека Русите не ги бива, ти ни викаш дека сме глупи. После тоа самиот кажуваш дека не се најбитни ресурсите, туку нешто друго. Што и да е тоа другото, значи Русите го немаат, а тоа е бидејќи не ги бива.

Tи навијачки пишуваш и не размислуваш.
Ти дадоа примери за Германија и Јапонија, дека од нула, стигнале до најразвиени. Немаат ни ресурси, немаат ни пари, немаат ни контрола врз некого. Тебе овој факт не те интересира, ниту сакаш да видиш зашто тие успеале, а Русиве се тиња во однос на нив.
Значи кога ќе откриеш кој е тој фактор што допринел за Германија и Јапонија да се таму каде што се, тогаш ќе сфатиш, колку врска нема твоето тврдење за ресурсот- пари. Друг ресурс е битен и доаѓа пред парите. Затоа и ти ги поставив претходно прашањата, со цел да сфатиш нешто, ама ти сакаш да си веруваш во друго. Значи елементарни познавања имаш, ама толку, понатака немаш капацитет да размислуваш и споредуваш.

За Ротшлид дека го кажале тоа НЕМА доказ. Да речеме дека еве и вистина е, друго е многу побитно за парите. Ама ти не сакаше на моите прашања за доларот да побараш одговори и затоа ќе пишуваш работи кои не одговараат на реалната фактичка состојба.
Доларот запрашај се зашто е светска валута, зашто после фунтата, доларот станал, а не рубљата.
За парите ако се толку битни , инфлацијата нема да е проблем, а хиперинфлација нема ни да постои.Тврдењето твое, кој има поголемо влијание, тој со ресурсите или тој со парите, а збориш инфлација и хиперинфлации, кажува дека погрешно гледаш на работите.
Тој што има рудник е побитен од тој што има пари, бидејќи парите се само средство за размена, а не се чувар на вредноста/богатството.

За БРИКС земјите, голема работа како тргувале меѓу себе, кога на крајот од денот истите тие купуваат долари за да купат злато или за да тргуваат со други земји. Кина што ќе прави со рубљата или Русија со јуанот... За да купат злато, мора долари, за да исплатат камати на странците што им го купиле долгот, мора долари, што и да треба, врти сучи, на крајот мора долари.
Доколку проверепе колку долари (отприлика) се вртат во светската економија (не само петродолари), ќе сфатеше колку се безначајни БРИКС во меѓусебното работење. Ама нели ти ги имаш информациите, а ние глупите.

Русија и Кина да, ги продаваат Америчките обврзници. Што со тоа ???
Прво, зашто купиле Амерички долг? Зашто парите од своите граѓани ги смениле во долари и купиле Амерички долг, а не нешто друго, на пример што не купиле Бразилски или само Руски и Кинески?

За инфлацијата отприлика ми е јасно, бидејќи тоа што сум мислел претходно, не е така. Туку тебе не ти е баш јасно, па не ни можеш да ми помогнеш, можеш само погрешни информации да дадеш, бидејќи само еднострано ги гледаш работите.
Русија го јаде стапот од инфлација или САД ?

За воените буџети и дека Русија е воена сила, точно е, ама што со тоа? Што ќе ти е толкав трошок, ако немаш поврат.... Самиот Путин има изјавено дека мора да развиваат друго нешто, а не само оружје, бидејќи ако немаш сигурен прилив, за некоја година нема да имаш средства да платиш војската и народот. Воена технологија е корисна ако ја користиш за освојување, индустриска технологија е поефикасна за својот народ. Русите гледаме не ја користат за освојување, значи само трошок.

Последното за многуте информации, да пробам појасен да сум.
Членот во кратки црти кажа Русите се тапа. Ти прво му одговараш дека нема елементарни познавања, демек грешка бил.
Почнуваш да нафрлаш информации, од кои, доколку подлабоко навлезеш (затоа и ти ги поставив прашањата, за да ја видиш суштината) ќе сфатиш дека и ти потврдуваш тоа што членот го напишал во кратки црти. А тоа е, Русите живеат многу полошо од Јенки, Енглези, Јапанци и Германци. Само што, ти вината за тоа дека Русите се тапа, ја префрлаш кај Америте. Не е битно тоа, битно е и ти потврдуваш дека тапа живеат.

Штом ти потврдуваш истото, а претходно тврдиш дека немаме елементарни познавања, или и ти немаш познавања, или не е точна твоја прва констатација, дека другите немаме елементарни познавања.

Ај претерав, знам дека ќе си продолжиш по старо, тоа го правиш со години, ама си викам можеби овојпат ќе пробаш и друго да прочиташ, од друг агол ќе пробаш да гледаш. Не знам како до сега не се заинтересира малку подлабоко да навлезеш во работите, да се запрашаш, зашто, како и да споредиш.

Пробај одговори кој е тој ресурс, што го имале Германија и Јапонија, па толку подобро живеат од Русите. Парите и нивната контрола не се, како што нели и самиот кажа САД контролирале парите.
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
26.635
Поени од реакции
35.494
Ај прво за ресурсите. Ние ти викаме дека Русите не ги бива, ти ни викаш дека сме глупи. После тоа самиот кажуваш дека не се најбитни ресурсите, туку нешто друго. Што и да е тоа другото, значи Русите го немаат, а тоа е бидејќи не ги бива.
Има други моменти во твојот пост кои веројатно треба да се разгледаат, ама мора целосен стоп овде за цитираниов дел.
Прво не, никаде не реков дека не се најбитни ресурсите. Реков дека не се Русија тие кои доминираат со најмногу ресурси - туку (нели е очигледно) - САД се тие со најмногу ресурси.

Второ, никако не разбираш (или намерно игнорираш) дека контролата и манипулациите со нивната валута, доларот која е не само петровалута туку и валута на светските девизни резерви, таа контрола и манипулациите со принтање и создавање пари од ништо - тоа е тој „неисцрплив“ ресурс со кој располагаат САД, ресурс кој моментално е поважен од сите рудници. Ете ги најпоследен пример, „олеснувањата“ на Бајден, принтање трилиони долари „помош“ за фирми и поединци, ама и пари за воениот буџет и за сѐ друго за што САД трошат пари... И што мислиш како се „плаќа“ за тие нови пари?

Пошто е очигледно дека мора да нацртам како за дете, одговорот е дека плаќаме СИТЕ НИЕ во целиот свет, значи не само Американците туку сите ние плаќаме за тие нови пари, затоа што вредноста на постоечките пари паѓа. Затоа сѐ окулу нас поскапува, затоа има голема инфлација за која малку се зборува ама сите ја гледаме во растечките цени на сѐ и сешто. Ти и јас и сите ние во оваа наша држава заедно со луѓето ширум светот, сите ние плаќаме за САД.

Ова одамна е вака, уште од Бретон Вудс. И затоа САД имаат толку повеќе ресурси, не само повеќе од Русија туку и повеќе од сите други заедно. И затоа САД имаат воен буџет повеќе од СИТЕ ДРУГИ ДРЖАВИ (можеби и заедно). Ти не можеш да разбереш (или не сакаш) дека не е толку важно на чија територија е рудникот, колку што е важно кој ги контролира и создава парите со кои се купува рудата од тој рудник (внимавај, и рудата и рудникот се метафори). Затоа е важно ова што се случува со државите кои почнуваат да го отфрлаат доларот како петровалута, и да инсистираат да работат со матичните валути. Како расте економското влијание на тие држави (БРИКС ама и други) така ќе паѓа влијанието на доларот а со тоа и влијанието на САД и нивната можност на туѓ грб да се финансираат самите себе.

Член од
8 февруари 2020
Мислења
5.462
Поени од реакции
7.826
Има други моменти во твојот пост кои веројатно треба да се разгледаат, ама мора целосен стоп овде за цитираниов дел.
Прво не, никаде не реков дека не се најбитни ресурсите. Туку реков дека не се Русија тие кои доминираат со најмногу ресурси - туку (нели е очигледно) - САД се тие со најмногу ресурси.

Второ, никако не разбираш (или намерно игнорираш) дека контролата и манипулациите со нивната валута, доларот која е не само петровалута туку и валута на светските девизни резерви, таа контрола и манупациите со принтање и создавање пари од ништо - тоа е тој „неисцрплив“ ресурс со кој располагаат САД. Ете ги „олеснувањата“ на Бајден, принта трилиони долари „помош“ за фирми и поединци, ама и за воениот буџет и за сѐ друго за што САД трошат пари... И што мислиш како се „плаќа“ за тие нови пари?

Пошто е очигледно дека мора да нацртам како за дете, одговорот е дека СИТЕ НИЕ во целиот свет, не само Американците, туку сите ние плаќаме за тие нови пари, затоа што вредноста на постоечките пари паѓа. Затоа сѐ окулу нас поскапува, затоа има голема инфлација за која малку се зборува ама сите ја гледаме во растечките цени на сѐ и сешто.

Ова одамна е вака, уште од Бретон Вудс. И затоа САД имаат толку повеќе ресурси, не само повеќе од Русија туку и повеќе од сите други заедно. И затоа САД имаат воен буџет повеќе од СИТЕ ДРУГИ ДРЖАВИ (можеби и заедно). Не можеш да разбереш (или не сакаш) дека не е толку важно на чива територија е рудникот, колку што е важно кој ги контролира и создава парите со кои се купува рудата од тој рудник (внимавај, и рудата и рудникот се метафори). Затоа е важно ова што се случува со државите кои почнуваат да го отфрлаат доларот како петровалута, и да инсистираат да работат со матичните валути. Како расте економското влијание на тие држави (БРИКС ама и други) така ќе паѓа влијанието на доларот а со тоа и влијанието на САД и нивната можност на туѓ грб да се финансираат самите себе.

Русија баш доминира со сите физички ресурси на планетава. Мислам дека нема ресурс, кој што го нема на нејзина територија, а тие што ги има, се под контрола на неколку компании/ олигарси.
Ти цело време ја игнорираш суштината дека Русите лошо живеат, со вртење на муабето и наметнување вина кај Америте, а не даваш факти дека не е така за Русите.

Дали ја разбирам или не, ќе можеш да кажеш само кога ќе дадеш одговор, како сето тоа го постигнале Америте што го тврдиш. Значи никој не се спротивставува на фактот дека САД се бр.1, туку зашто Русија не е бр.1, а ги имале сите предуслови за тоа. Зашто Русите живеат полошо него ли Германци, Јапонци, Амери и Енглези.
Би требало лесно да одговориш на прашањето, кој ресурс им фалел/фали на Русите за да бидат бр.1, ама што после тоа е работата....

Второ, никако не разбираш (или намерно игнорираш) дека контролата и манипулациите со нивната валута, доларот која е не само петровалута туку и валута на светските девизни резерви, таа контрола и манупациите со принтање и создавање пари од ништо - тоа е тој „неисцрплив“ ресурс со кој располагаат САД. Ете ги „олеснувањата“ на Бајден, принта трилиони долари „помош“ за фирми и поединци, ама и за воениот буџет и за сѐ друго за што САД трошат пари... И што мислиш како се „плаќа“ за тие нови пари?
Можеш да ми кажеш зашто има дефицит на долари, а не на рубљи ?
Која држава принта пари од нешто ? Ниту една, ни една држава нема покритие за испечатените пари, затоа и сакаат сега да се воведат дигиталните валути, да нема физички пари.
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
26.635
Поени од реакции
35.494
Па не си во тек тогаш, штом мислиш дека со дигиталните валути ќе почне непринтањето на физички банкноти. Тоа е така веќе подоста време, пари се додаваат со додавање на дигитални вредности во варијаблите во системите на централните банки. Дигиталните пари првествено им се потребни за укинување на физичките пари, а тоа им е потребно за целосно следење на текот на парите што со физички пари не е лесно изведливо. Следствено уште пред некое време (да дури и кај нас) се забранети трансакции со физички пари над одредени износи.

Русија баш доминира со сите физички ресурси на планетава. Мислам дека нема ресурс, кој што го нема на нејзина територија, а тие што ги има, се под контрола на неколку компании/ олигарси.
Ти цело време ја игнорираш суштината дека Русите лошо живеат, со вртење на муабето и наметнување вина кај Америте, а не даваш факти дека не е така за Русите.

Дали ја разбирам или не, ќе можеш да кажеш само кога ќе дадеш одговор, како сето тоа го постигнале Америте што го тврдиш. Значи никој не се спротивставува на фактот дека САД се бр.1, туку зашто Русија не е бр.1, а ги имале сите предуслови за тоа. Зашто Русите живеат полошо него ли Германци, Јапонци, Амери и Енглези.
Би требало лесно да одговориш на прашањето, кој ресурс им фалел/фали на Русите за да бидат бр.1, ама што после тоа е работата....
Сега во овој тек на муабетов би требало да те потсетам на тоа - кој првично го форсираше/направи сегашниот политички систем на Русија. Кој ги создаде олигарсите и кој ги владееше/експлоатираше природните богатства и индустријата на Русија после распадот на Советскиот Сојуз? И се разбира, кој го продуцираше распадот на Советскиот Сојуз.

Реторички прашања се тоа. :)

Моето мислење за тоа зошто „САД се број 1 а Русија не е тоа“ ќе не однесе во друга насока. Може и тоа да се збори, ама прво - аман - направи ја веќе еднаш поентата за „ресурсите на Русија“.

Кажи си го прво тоа, да видиме за што зборуваш, а потоа без да остане тој момент нерасчистен, тогаш може да зборуваме зошто (и како) елитите кои се лоцирани во САД го загорчуваат животот на луѓето од целата планета, вклучително и на Амерканците.

П.С. Русите и Америте, оние секојдневните луѓе врска немаат со елитите и политиката. Всушност и кај едните и кај другите, постои симпатија, барем кај обичните луѓе а посебно во руралните средини каде не се живее од социјални бенефити туку од работа.
П.П.С. „дефицит на долари“, тоа е оксиморон. :)
 
Последно уредено:
Член од
8 февруари 2020
Мислења
5.462
Поени од реакции
7.826
Па не си во тек тогаш, штом мислиш дека со дигиталните валути ќе почне непринтањето на физички банкноти. Тоа е така веќе подоста време, пари се додаваат со додавање на дигитални вредности во варијаблите во системите на централните банки. Дигиталните пари првествено им се потребни за укинување на физичките пари, а тоа им е потребно за целосно следење на текот на парите што со физички пари не е лесно изведливо. Следствено уште пред некое време (да дури и кај нас) се забранети трансакции со физички пари над одредени износи.
Не знам зашто наметнуваш и извртуваш работи кои не сум ги кажал (врска дигиталните валути и почнување на непринтање физички пари). Нејсе јасно е дека врска економските работи слабо имаш читано други извори, освен оние класичните, каде целата вина и моќ им се препишува на Ротшилдови. Реалноста е далеку од тоа и многу покомплексна.
На ниту едно прашање не даде одговор, си вртиш некои свои прикаски кои на крајот се сведуваат исто со постовите од другите, за кои велиш немале елементарни познавања.

Сега во овој тек на муабетов би требало да те потсетам на тоа - кој првично го форсираше/направи сегашниот политички систем на Русија. Кој ги создаде олигарсите и кој ги владееше/експлоатираше природните богатства и индустријата на Русија после распадот на Советскиот Сојуз? И се разбира, кој го продуцираше распадот на Советскиот Сојуз.
Значи повторно потврдуваш дека Русите се тапа. Не ме интересира виновникот, туку штом некој друг успеал да ги сјебе, не ги бива. Да биле попаметни, немало да дозволат тоа да се случи.
И сега може да појасниме тоа што претходно те прашував кој ресурс им фалел/ фали на Русите. Тоа е човечкиот ресурс, т.е. продуктивноста на населението. Затоа разрушените Германија и Јапонија (без физички ресурси) подобро живеат од Русите. Затоа САД и УК се таму каде што се.

П.П.С. „дефицит на долари“, тоа е оксиморон.
Оксиморон е според тебе бидејќи со толку информации располагаш. Економските работи штом не си ги читал, погрешни заклучоци ќе носиш, бидејќи економијата е моторот на планетава.
Ајде биди здрав и среќен, па ќе видиш дали има дефицит на долари, или светот е преплавен со долари. Досега по твојата логика неколку пати требаше да има хипер инфлација, а не се случи. Ќе се случи за некоја година, ама работата е да откриеш зашто досега не се случила, а си очекувал тоа да се деси.
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
26.635
Поени од реакции
35.494
Значи повторно потврдуваш дека Русите се тапа. Не ме интересира виновникот, туку штом некој друг успеал да ги сјебе, не ги бива. Да биле попаметни, немало да дозволат тоа да се случи.
И сега може да појасниме тоа што претходно те прашував кој ресурс им фалел/ фали на Русите. Тоа е човечкиот ресурс, т.е. продуктивноста на населението. Затоа разрушените Германија и Јапонија (без физички ресурси) подобро живеат од Русите. Затоа САД и УК се таму каде што се.
Oк, конечно.
Значи ова е твојот аргумент зошто САД се погоре од Русија во велесила статусот - заради продуктивноста на населението?

Мислам, на тоа ти се сведува тезата нели... Тие со „најпродуктивно население“ се велесилата над сите други? Според таа теза излегува дека Германија и Јапонија треба да бидат велесили? А тек Кина и Јужна/Северна Кореја? Посебно севернокорејските работници можеш да бидеш сигурен дека се продуктивни ама Ким не го гледаме дека е оверлорд на планетата. :LOL:

Тезата ти е неточна. Сите набројани држави имаат и подобра работна етика и попродуктивни работници од Америте, епа како тогаш САД се доминантните а Германија/Јапонија/итн им се вазали? :)
Јас ќе ти одговорам: Затоа што работниците се ресурс кој се купува за пари и затоа САД (принтерот на светските пари) прави аутсорсинг на сѐ за што може да направи аутсорсинг. И пак доаѓаме до мојата теза - ресурсот кој ги владее сите ресурси е одлучувачкиот ресурс.

Но тоа го знаеш и ти...
бидејќи економијата е моторот на планетава.
...знаеш, само што си влезен во некој филм со конфронтирање по секоја цена па се инаетиш. :)

Инаку на лабавите ад хоминеми нема да се осврнувам, но ова е интересно:
требаше да има хипер инфлација, а не се случи. Ќе се случи за некоја година...
Сега штом си сигурен за иднината сигурно можеш да профитираш и да станеш богат. (y)
 
Алооо темава е Русија и зашто полошо живеат од САД, Германија, Јапонија, Јужна Кореја, УК, Шведска итн.
Аман веќе со плачењата колку САД биле неправедни. Го е*аваат цел свет, зашто им се може. Русите би го е*авале уште пострашно, ама не можат.

Сега штом си сигурен за иднината сигурно можеш да профитираш и да станеш богат.
Муабетот беше за твоето тврдење за инфлацијата, а не дал ја ќе станам побогат. Но ти со години истото го правиш, пишуваш само нешто што си наумил, не се држиш за суштината и едно те исто. Олабај се, не ставаат кецови тука, порасни.
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
26.635
Поени од реакции
35.494
Многу си емотивен... :)

Кратко резиме:
- Ти тврдеше дека Русија има најмногу ресурси ама „не ги бива“ и затоа „не се бр.1“.
- Јас ти објаснив дека друг има повеќе ресурси (со мал осврт на кој преварантски начин дошле до нив)

Друго сѐ понатаму е само твое менување тези пошто не сакаш да признаеш грешка. Еве последно сакаш да дигресираш на животниот стандард, што нема многу врска со статус на велесила, на пример Кина со уште полош стандард од Русија а дефакто и дејуре е велесила. Или САД чиј стандард полека иде у ПМ, посебно на средната класа и посебно што се рекордери во бездмништво, ама никој нема да оспори дека се водечка велесила.

Проблемот со тебе е што не знаеш јасно да си ги изразиш тезите и се губиш во преводот. Не помага ниту тоа што ставовите не ти се изградени врз основа на факти туку на пропаганда, а најлошо е што одбиваш да го согледаш тоа дури ни кога истото ти се укажува. Непродуктивен и глупав однос за сите во дискусијава.

Дај да ти помогнам... Сакаш да кажеш дека Русија не ги бива од државен и геополитички аспект?
Пробај со нешто попаметно од „непродуктивен кадар“ и „неискористени ресурси“. Мислам дека држава чиј воен сектор парира на противник кој има 10+ пати поголем воен буџет, тоа не е држава со непродуктивен кадар ниту е држава со лошо искористени ресурси. Ај што им парираат, туку и ги надминуваат ете во секторот на интерконтинентални балистички ракети - што е главно оружје за одбивање на агресија на посилен противник. Гуглај што е MAD.

Малку си ги побркал лончињата, посебно со ресурсите и кој располага со што... Гледај помалку Рамбо филмови. :D
 
Член од
7 декември 2019
Мислења
4.815
Поени од реакции
8.620
Алооо темава е Русија и зашто полошо живеат од САД, Германија, Јапонија, Јужна Кореја, УК, Шведска итн.
Мала исправка, руската средна класа и обичниот народ живеат полошо од тие што си ги набројал. Има еден крем кој не си ги знае парите.
Реално друже Русија никад немала шанса да биде број 1, пошто никад не била владеена од руси. Нит сега. Имам пишувано тука, рускиот народ е само потрошна роба, како иде технологијата напред, станува баласт. Затоа пензионерите се со 100-300 евра, од кои 50% се давачки за комуналии.
Платите само во Москва се натпросечни, што подалеку од центарот се почурук е ситуацијата. Ок бандитски Владивосток може троа држи цена.
Мои колеги на времето во поларниот круг работеа за 3-5000’ месечно вахта, со платена меѓувахта. Сега како и кај нас имаат ланец, инвеститор, изведувач, подизведувач, па подизведувач на подизведувачот и работата за таков се сведува на 1500’ месец вахта, без платена меѓувахта. За тие пари остануваш без заби, бубрези.......
Зошто е тоа така? Па не се нафтата и гасот така ефтини за да нема до што да секомпензира нивното експлоатирање. За дрвната индустрија исто.
Не дека Западот е цвеќе, ама разликата е што тие си ги хранат робовите, за разлика од Русија. Затоа е рипањето на обичниот хохол(украинец), да избега во Шпанија. Не дека ќе биде господар, пак ќе биде слуга, ама барем ќе има некои 1000 евра плата, па и на родителите и децата ќе прати. Ако беше со Русија, ќе работеше за јадење и спиење во модулен град на градилиште.
 
Јасно де, затоа и напишав дека природните ресурси се во рацете кај олигарсите. Муабетот беше дека народот во држава богата со секакви ресурси, живее полошо од многу други држави. Тоа е доказ дека сегашните Русите и не се баш интелигентни суштества, но тоа е разбирливо, кога самите си ги убиле интелектуалците и имотните граѓани. Таа штета нема шанса да се надокнади.

Во која смисла не била владеена од Руси ... за кој период збориш ...мислиш на јаничари или!
Јапонија и Германија после 2СВ јаничари ги водат, па пак во просек подобро живеат од Русите
 
Член од
7 декември 2019
Мислења
4.815
Поени од реакции
8.620
Во која смисла не била владеена од Руси ... за кој период збориш ...мислиш на јаничари или!
Па само Петар бил русин, се после него се германци.
Револуцијата ја извршија платени евреи, кои впрочем се и сега на власт.
Сите пари на олигарсите се во Британија, Швајцарија, САД, тоа што останува во Русија е за да функционира протекторатот. Да има кој да жртвува здравје на Сибир да вади нафта.
Чистењето на аристократијата сигурно не е план и дело на рускиот народ.
 
Член од
14 август 2018
Мислења
4.986
Поени од реакции
11.350
Многу си емотивен... :)

Кратко резиме:
- Ти тврдеше дека Русија има најмногу ресурси ама „не ги бива“ и затоа „не се бр.1“.
- Јас ти објаснив дека друг има повеќе ресурси (со мал осврт на кој преварантски начин дошле до нив)

Друго сѐ понатаму е само твое менување тези пошто не сакаш да признаеш грешка. Еве последно сакаш да дигресираш на животниот стандард, што нема многу врска со статус на велесила, на пример Кина со уште полош стандард од Русија а дефакто и дејуре е велесила. Или САД чиј стандард полека иде у ПМ, посебно на средната класа и посебно што се рекордери во бездмништво, ама никој нема да оспори дека се водечка велесила.

Проблемот со тебе е што не знаеш јасно да си ги изразиш тезите и се губиш во преводот. Не помага ниту тоа што ставовите не ти се изградени врз основа на факти туку на пропаганда, а најлошо е што одбиваш да го согледаш тоа дури ни кога истото ти се укажува. Непродуктивен и глупав однос за сите во дискусијава.

Дај да ти помогнам... Сакаш да кажеш дека Русија не ги бива од државен и геополитички аспект?
Пробај со нешто попаметно од „непродуктивен кадар“ и „неискористени ресурси“. Мислам дека држава чиј воен сектор парира на противник кој има 10+ пати поголем воен буџет, тоа не е држава со непродуктивен кадар ниту е држава со лошо искористени ресурси. Ај што им парираат, туку и ги надминуваат ете во секторот на интерконтинентални балистички ракети - што е главно оружје за одбивање на агресија на посилен противник. Гуглај што е MAD.

Малку си ги побркал лончињата, посебно со ресурсите и кој располага со што... Гледај помалку Рамбо филмови. :D
Во право е и @Bafra и @fennel !
Муабетов за велесила нема многу логика кога самиот народ сака да избега од таму!?
Доктрината МАД гарантира само дека тие две држави никогаш нема да завојуваат меѓусебно(бар директно). Но не гарантира ништо друго!
-Американците имаат 30 носачи низ цел свет(а еден таков е еквивалент каков што нема никој друг).
Амерички подморници им се башарат низ Баренцово и Северно Море како по дома да се.
Ги држат затворени во Црно Море, плус еден тон бази им ставија низ цела источна европа!
На исток не смеат да крекаат ради кинезите(па и јапанците).
На Кавказ и во Сирија еден локален арамбаша им се помоча во лице.
Ги реметат со санкции како мали деца!
Што една Индија и Кина имаат повеќе истражувачки мисии во вселената, а русите се заглавени уште на Сојуз(брод и ракета од 60'-ите)?!
Па по чему да им дадат примат "велесила"??
Тоа што имаат нуклеарки? Сармат ово-оно?
Можат само да си ги чуваат за црни дани!

За една држава да биде велесила треба многу многу повеќе од тоа што е Русија денес... за жал!
 
Kajgana Shop

На врв Bottom