https://www.avokado.mk/ -тука ги има Liebherr. Таа фирма мене ми е позната по багери и градежни машини. Ова со фрижидериве им е од поново време. Швајцарска фирма, да, ама немам податок каде се произведуваат. Солени у секој случај.
Smeg се многу фраерски, ретро-дизајн, имаат и други кујнски апарати, ама исто, многу сериозно солени.
Sub zero не ми се познати, искрено, делуваат дека се и тие во тој ценовен ранг.
https://miele.com.mk/ - овие ги има во една продавница во Автокоманда. Многу квалитетни и исто за наш џеб, тешкички.
За Gorenje се збори гласно дека откако се купени од кинезите дека не е тоа - тоа. Имам во викендица фрижидер од 95-та година кој одлично функционира. За поновиве од повеќе пријатели гледам дека имаа проблеми и имаа потреба од сервис. Сега, има тука еден момент, се' почесто во новиве кујни практично ги вградуваат фрижидериве во ниша, која го гуши уредот и прегрева побрзо од што би функционирал истиот со слободна циркулација на воздух. Припазете си и на тоа. Би погледнал и Samsung и LG што имаат, затоа даваат долга гаранција, имаат солиден дизајн и не сум слушнал дека некој се пожалил.