Екипата на Пари Сен Жермен си поигра со Анжер на патот до полуфиналето во Купот на Франција. Прво име во редовите на фаворитот беше Мауро Икарди. Аргентинскиот голгетер беше расположен за игра и постигна три гола. Еден дојде по целосна заслуга на Анхел Ди Марија, кој со прекрасна „рабона“...
Не само Бурак и останатите играчи им се паметно бирани млади и потенцијални таленти како Пепе и Осимхен (убаво ги заклаа Арсенал и Наполи). Кај овој е исклучокот што е на крај на кариера па може да им послужи како водач на новите генерации напаѓачи.
Иначе и Јусф Јазиџи и Зеки Челик покрај Бурак се селктирани за репрезентацијата на Турција, Брадариќ за Хрватска, Карнезис за Грција, Санчез можеби за Португалија и можеби Давид и Веа за Канада и САД.
Аууу утакмичиште, како само успеаа Лион со црвен два пати да дојдат до водство тие си знаат. Оваа сезона лигата е лудница,свашта се дешава. Монако со победа ќе беа и тие во трка за титула, Лион им пресуди.
Депај Како ги измеша за голот алал вера.
Монако ќе имаа шанса за титула некаква со чудо ако победеа..ама тоа е..
Лил и Лион ќе се борат до крај.
Распоред:
ПСЖ:
(4 мај: гостување против Сити)
9 мај: Дома со Рен (7 место, во борба за Конференциска лига)
12 мај: На гости против Монпеље - 1/2 финале во францускиот Куп
16 мај: Дома со Рем (11 место, нема за што да играат)
(19 мај: датум за финале во купот ако се пласираат)
23 мај - на гости со Брест (14 место, нема за што да играат)
Значи, едиствен противник на ПСЖ е заморот, инаку апсолутни фаворити се во сите мечеви (освен со Сити)
Ќе играат по два меча неделно, тоа е единствена шанса за кикс..
од друга страна:
Лил:
на гости со Ленс (5 место, во борба за Конференциска лига)
дома со Сент Етјен (12 место, нема за што да играат)
гости со Ангер (ваљда во тој меч ќе бидат сигурно останати во лига и ќе нема за што да играат)
Не е се така црно за Лил, ама ќе треба да се испотат, башка притисокот е тука, на нивна страна..
Ама нема ни прв битен меч да е тоа.
Со Монпеље извадија некако реми..
И пред се..ги тепаа Лион на гости во напнат меч
Така да, веќе поминаа напет период, сега до крај секоја недела со сите сили можат да одат.
И ова ќе го кажам на крај ако се случи чудо ама..
За целосен срам е тоа што Покетино е второ место на три кола во француска лига.
Мурињо до сега ќе имаше 32 победи од 1-0 и 2-0 и три 0-0 ремиња.
Автоматски споено мислење:
Аууу 8 порази имаат ПСЖ до сега!!
ОСУМ ПОРАЗИ!!!!
ПСЖ со доминација почнаа од 2012/13 сезоната и од тогаш само Монако им ја прекина серијата.
Еве до сега како е:
2012/13: 5 порази
2013/14: 3 порази
2014/15: 3 порази
2015/16: 2 порази
2016/17: 5 порази......................во сезона кога Монако ја освои титулата
2017/18: 3 порази
2018/19: 5 порази
2019/20: 3 порази
2020/21: 8 порази...до сега
Треба на ФМ да направат "Покетино ачивмент" играј со најдобри играчи и стигни до 8 порази во лига со ПСЖ, мислам дека е невозможно.
На Лил ова им е последна шанса за титула во наредни 10-15 години со оглед дека имаат ново раководство што не се нафташи, а богами им го нема главниот архитект - Луис Кампос. Да не спомнувам дека летоска одат играчите на распродажба заради политика + стари долгови.
Дојден е моментот, maintenant ou jamais! Allez Lille!
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.