И Рамос играше недолечен, смешен беше на моменти колку не можеше и не постоеше. Едноставно Челзи беше физички појак тим, поенергичен и Реал со таков истрошен тим немаше што да бара. Азар не е ни 10% од играчот што играше во Челзи, јебига повреда за повреда цело време, не може да е асален. Треба озбилен рез во Реал што верувам дека ќе го направат летово зашо на одредени играчи веќе им помина времето одамна. За мене изненадување е како воопшто и до полуфинале стигнаа али ајде, нека се запрашаат Ливерпул за тоа, мада што ќе се прашуваат тие мртвите што ќе завршат осмо место во ПЛ.
Не е Челзи без шанси како што приметувам дека се пишува низ нетов, ок Сити ќе е фаворит нема тука дилеми али не сум многу убеден дека Сити така лесно ќе помине, особено не со оваа прецврста средина на Челзи.
И Менди не беше доволно долечен.
Рамос од што беше толку физички неспремен, имаше моменти каде губеше воздушни дуели од Хаверц, кој по конструкција на телото изгледа како шпагетка.
Данокот си го земаа тие 8 денови пред неколку недели кога играа Ливерпул - Барса - Ливерпул, од тогаш, физички не успеа да се издигне екипава.
Ќе прокуваат и во лига, бидејќи првиот тим е недоволно физички спремен за да биде конкурентен 90 минути, а клупата е жалосна.
Реал беше во 1/2 финале, највеќе поради тоа што се падна на полесната страна на ждрепката, играше со Ливерпул кој е исто така мртов ко Реал. Првиот пат кога дојде физички поспремна екипа, средината прокува и екипата се распадна.
Како и да е, најзаслужен за финалето на Челзи е Тухел, премногу добро ја имаше изанализирано играта на Реал.
Затоа и толку слабо се покажа Зидан во двомечов, едноставно немаше оружје со кое би го изненадил Тухел во реваншот.
Канте е златен играч, Тухел после натпреварот на Реал со Ливерпул виде дека докторот Крос е моторот во екипата и му го залепи Канте со што целосно го изолираше во екипата. Крос беше преспор и во одбрана да го следи Канте и затоа секогаш Канте правеше вишок човек и отвараше простор за сите останати играчи на Челзи.