Вчера си легнав у 12 саат, се вртев, се мачев, не можев да заспијам, последен пат коа го погледнав саатот беше 3. У 6 саат ми ѕвони алармот, да станам да идам на работа. Станувам со крвави очи, све тоа ок, нема гајле кур ме боли што сум цел ден на работа, ќе се дрогирам со кафиња, Бадник денеска, роденден ми е, Интер игра од 15, Јуве и Милан вечер меѓу себе, све е подредено да бидеме прво место вечерва или пак второ ама со 12 бода пред Јувентус. вин вин ситуација усс.
Поминува денот, доаѓа 3 саат, си пуштам стримче, цигарче, кафе, уживам на работа ЦЕЛИ ЕБЕНИ 12 МИНУТИ доека не ми пукна артерија у мозок и добив излив и инфаркт. Санчез мамичка ти ебам.
Заврши што заврши, а дома спремно све ме чекаат за вечера нели семејство, Бадник, пичке материне а мене крв од нос ми тече од нервоза, се вртам у круг како куче, се обидувам да се смирам.
Во ред е ајде имаш уште 2 саати доека ти заврши смена, смири се, искулирај некако, немој да изреагираш бурно дома ко ќе дојдеш, биди прибран, испоштувај го семејството и не кур води инат и да се понашаш како идиот. Сам се смирувам. Пробувам. А не ми се иде дома, знам што копиле од карактер сум и одма ќе се изнервирам на првото прашање од кој и да е дома и ќе се издерам ко ѓубре. А и нема ни да ми се седи многу многу и да праам муабет и да се шалам.
И доаѓам дома, нервозен ама повеќе тажен, таков паднат психички. И ајде среќен роденден, среќен Бадник, една-две греани ракии ама ништо, не ми е тоа тоа. Ај се најадов, ај вино малце да пијам ама џабе, умрен човек, не мрда, не осеќа ништо, не му се праи ништо... си се повлеков у соба.
Дремам како куртон, како умрено копиле, на чет со Урко, Стек и компанија муабети кој што и како требало да напраи, нит ми се кара нит ми се смее нит ми се праи ништо. Едвај 2 чаши вино испив а имав спремно 3 литра да се гоштевам со Милан-Јуве утакмицата и да гроцкам.
Амааааа неееее бе брат, проклетиот клуб Интер одлучил да ми го ебе мамето денеска, скроз да ме потишти и убие.
Жими мајка, денеска највеќе сум го изел од Интер, а сум го јадел милион пати ама тие нервози и разочарувања брзо ми поминувале. Ова денеска матер ми еба, а реално гледано не е којзнае што страшно. Ама ете, многу бев сигурен дека ќе сме 1 место денес. Премногу.
Еднаш у живот ќе одлучам да бидам позитивен и со позитивни очекувања, сигурен во нешто и тоа нешто шамар ми удри. т.е каов шамар бе, класичен бокс со боксирач такозван вентил.
Абе све да им ебам у пичка еј, све.
И еве 2 и 25 е, глеав Бока-Сантош прееска, фатив рак. Сеа глеам Бостон-Мајами и сеуште не можам да заспијам, не ми иде сон. Слепоочница ме боли од Интер, левото око ми трепери од 11 сааат.
Најверојатно имам излив на мозок, потрес, нервен слом, не знам, сигурно имам нешто.
Види ме што кур праам у 2 ипол.
Ова мислење е пишано на 6ти Јануари, Бадник, роденден ми беше и игравме со Самдорија и со победа ќе избиевме прво место пошто вечерта меѓу себе играа Јуве и Милан. Ко што сум пишал кој и да тепаше ќе ни идеше у корист, или прво место или 12 бода поише од Јувентус.
Избивме дно и мизерија. Се откажав од Интер тогаш, инфаркт имав, нервен слом и сида.
Следниот викенд играме против истата Самдорија, сега ја пречекуваме како ШАМПИОНИ НА ИТАЛИЈА.
Вчера беше Велигден. Од Бадник до Велигден тотален преокрет на настаните и емоциите.
ИНТЕР Е ШАМПИОН НА ИТАЛИЈА!!!!!
Премногу сум среќен, премногу ми е убаво, сите видеа и слики ги изгледав од прославите ширум Милано. Греота е што сме у мртов корона период па не може баш да се напраи прикладна прослава, не може да грми препуна Меаца да ги пречека шампионите. Али јеби га, што е тоа е. Битно освоивме.
Прослава и поздрав до шампионите ќе се направи кад-тад, неам сумња у тоа.
Највеќе ми е мерак за староседелците, Хандановиќ и Ранокија како играчи со највеќе стаж.
Сарма, 50 години има и ништо освоено у кариерата, 9 години е у клубов и ниеднаш до сега се нема побунето, побарано трансфер и слично а имаше можности и греота ќе беше да ја заврши кариерата без ниеден трофеј.
Ранокија, 10 години е тука, со кратки излети у Сампа и Хул, екс капитен на Интер, му ја земаа лентата и уста не отвори. Играше у најтешкиот период за Интер и беше пцуен, вреѓан и омаловажуван како ретко кој. Штета, баш ми е криво што се погоди у таков период и го изеде притисокот а можеше да направи поголема и позавидна кариера. Честито титула Жабо.
Дамброзио, келнерот дојде како прво засилување на Тохир. Легендарен играч, го мразиш и го сакаш истовремено. Интераш. Крв дава за Интер, врие, све праи, глупости, корисни работи, неписменоќа, писменоќа, искуство, знаење, сила, глупоќа. Све има.
Перишиќ и Брозовиќ. Грозниот дое од Германија со солидна кариера позади него, еден од најдобрите трансфери во последниве 10 години, заслужи титула со Интер во секој случај. Лани им го дадовме на Баерн да им помогне, а летово се врати тука да си ја заврши задачата.
Броз, ретардираната петарда, икона на Интер, незаменлив дел од везниот ред. Дојде како изгубен германец, шатиран со мртва фаца како Тимон, дно избиваше. Премногу го мразевме едно време кога не знаеше што праи на терен. Дојде Спалети и му ја најде позицијата и од тогаш е незаменлив дел и прав мотор на екипата. Торнадо. Трча по 13 километри на утакмица и ништо не осеќа. Му истекле очите вчера.
Лажам. Највеќе мерак ми е за мене лично. Цела младост ми пројде у мртва бантер ера. 17 години имав последен пат коа бевме шампиони. Сеа иам 28 и ме боли кур, ШАМПИОН НА ИТАЛИЈА СУМ. Така може да ме викате од сега.
Тоталирам, прејако ми е, нирвана иам. Каки курац нирвана иам само Ганс ен роузес неам hhhhh.
Честитки и до другите играчи, војниците позади на чело со Генералот Стефан Де Фрај, полковникот Миланче и капларот Гери. Браво за Јанг вистински професионалец, стар како земја ама доста помогна со искуството. Браво за Дармијан, тивкиот и евтин играч, професионалец пар екселанс. Браво за пијаницата Видал, Сашо сељакот. Браво за тампон зоната Весино, Гаљардини мртвакот, братчето Сенси, моторот Барела, пастрмката Хакими, Ериксен дојде виде освои, Санчез кучето, Пинамонти братот.
Честитки и за намќорот Мартинез и машината Лукаку. Изврија сезонава, секоја чест.
Честитки и до господинот Антонио Конте кој истрпе милион критики, пцовки, откази и што уште не. На крај докажа дека треба да му се верува на процесот. На него му останува да ја продолжи работата, секако со јака поддршка од управата на чело со братот Стивен и големиот Дон Марота.
Честитки и до кељавото чиче Пинтус кој ги спреми играчите како маратонци. Ринат.
Честитки и до сите браќа интераши на темава. Честитки и до Урко секако.