Прва вожња на автопат - препорака, совети, искуства

  • Креатор на темата Креатор на темата The Wild Boy
  • Време на започнување Време на започнување
Cajkan e za toa prasuva :D
Знам, само сакам да му укажам дека не се пишува коJ туку со И на крајот = коИ.

Инаку во право е, би реагирал и јас некој куче да ме вика.

А овај што ги нарекува така гарант вози по сите прописи за да не попие казна + ако го застанат цвили како кутре ама јбг тастатурата и достапноста до интернет некогаш знаат да те направат многу силен. ;)
 
Јас отсекогаш сум да ги казнуваат сите, ама не селективно и да застанат како што треба, а не сокриени во грмушки, ако врне под мост на трета лента на автопат со ризик да го прегазиш или позади некој поголем знак и колата во дупка мислиш превртена.
Затоа се кучиња.

Се фаќаат за помали коли кои надминале 10-20км/час, а оние со бмв со 100км/час над дозволени многу ретко ги гледаат или за оној со Порше или Ферари не знам што беше што неодамна возеше 320 на автопат.


Иначе вие не возите по прописи за да не добиете казна, многу обожавате да возите 80 на автопат каде условите дозволуваат и 100-120

Јас не се плашам од казна ако ми е заслужена и никогаш не сум бил во ситуација да ми пишат казна за брзо возење, алкохол, не застанување на пешачки итн и да молам. ;)
 
За кочницата да го дополнам @TrendS: никако кочење во кривина, ако си брз намалувај пред да влезеш во кривината.

На мостови/пропусти секогаш внимавај и влегувај побавно, бидејќи во: зима, рана пролет, доцна есен и кога не е замрзнато на другите места ваму може да биде (често се влажни, плус струењето на воздухот под нив ги прави поладни и замрзнуваат).

На почеток не се сили на брзина, барем не првите 7-8 000км, гледај да си 10-20км под дозволеното.

Ако е возилото задна влеча внимавај на кривини, може да те исфрли многу лесно затоа што најчесто моторот е напред и таквите се лесни позади.

Внимавај премногу на возила со приколка, често може да не го приметиш трепкачот ако тргнат да вртат, или пак истите да не те приметат тебе кога се разминувате и да направите белја.

Ако има снег не гази полна гас за да шлајфуваш затоа што ќе излеташ или ќе заглавиш.

Не верувај на кочниците, и секогаш држи растојание во зависност од брзината. Грубо на 50км на час ти требаат 40тина метри за да застанеш целосно, на 100ка речиси 100 метри (ова се теоретски вредности, секоја нерамнина на пат, камчиња, песок, гранулација, неисправност на систем за кочење, шара на гуми - влијаат на овие бројки).

Има уште многу работи, ама ќе ги учиш со тек на време, со среќа и безбедноста пред се!

Kochenjeto vo krivina so nezno trotlanje na noznata kochnica ne samo shto e 100% bezbedno, tuku i pomaga pri re-balansiranje na voziloto izednachuvajki ja distribucijata na tezina posle vrvot na krivinata.
Kaj kola so preden pogon ova dodava plus 10-15% povekje brzina niz celata krivina.

Kaj kola so zaden pogon ili awd:

1412928690974.png
 
Kochenjeto vo krivina so nezno trotlanje na noznata kochnica ne samo shto e 100% bezbedno, tuku i pomaga pri re-balansiranje na voziloto izednachuvajki ja distribucijata na tezina posle vrvot na krivinata.
Kaj kola so preden pogon ova dodava plus 10-15% povekje brzina niz celata krivina.

Kaj kola so zaden pogon ili awd:

Прегледај го приврзокот 293976
Пази не правиме муабет на темава за Иџе, Шумахер, Баричело, Хамилтон...правиме муабет за почетник кој веројатно уште меша прва со трета брзина.

Инаку на факултет ги имам полагано кривините и цртавме во Civil 3D и CGS Plateia, ако толку те интересираат симни ја Plateia и имаш туторијали на нет. Може да си правиш симулации да видиш што се случува со различни правци/радиуси/витоперење/преодници/наклони/типови на подлога + тип на возило/пневматици, цела наука е позади ова.
 

Attachments

Не играј многу ГТА, формула или други игри со коли на компјутер пред да возиш на автопат. Колку и да изгледа смешно делува на психата, се соживуваш, се губиш на моменти од реалноста...
Инаку општо за возач почетник е важно да биде опуштен, да не вози во грч, да не паничи...али тоа си доаѓа на место со тек на време, со искуството.
 
Најважно е да си смирен и сигурен во себе, и возилото да е технички исправно, на почеток вози си сигурно и полека со тек на време ќе се опушташ и ќе имаш поголема контрола и сигурност, се сеќавам кога положив и прв пат искочив на автопат од Скопје према Велес по тоа кривините возев максимално 70 зашто мислев дека ако возам побрзо ќе се преврти колата :D сега после години возење на истите кривини со 120 сум влевал со Ауди 6ка, што секако е неодговорно и ризично.
 
Скопје- Велес да не е патарината јас со Пежо Партнер под 120 на саат не би спуштил, не па со Ауди!
 
Скопје- Велес да не е патарината јас со Пежо Партнер под 120 на саат не би спуштил, не па со Ауди!
Абе ок ама може некоја карпа и во Вардар да те спушти :D
 
Денес возев на A4 од Миладиновци до Штип. Како за почеток не беше лошо. Буквално се осеќаш како на булевар, само со поголеми брзини, и мора многу внимавање и држење волан цврсто. Еден погрешен потег и готово е. На тие брзини играчка нема.

За удолница не ни имав потреба да мењавам брзина, бидејки ја тргнав ногата од гасата, и само малку на кочница.

Е сега си треба вежбање, неможе се од прва да биде. Треба да се усовршам за соодветно закочување, да поработам на тоа под ружна малку, а за другото горе доле сум океј.

Ќе се сложам за тоа дека полицијата треба да се фокусира на оние кои што летаат. Буквално денес ме прошиша едно порше брачата од швицарска 300 на саат леташе.

А да не зборам за тоа видеото што го видов по социјалните мрежи (од тик ток) каде што на оној мостот одма до веро, комотно си преминува во спротивен правец, и тоа полиција што помина буквално покрај него, нит да го казни, нит ништо.... а тогаш еден манијак со црно ауди што за малку ќе ме прегазеше... да не зборам има уште 1,000 такви случаеви. Кога имаш расипан систем кој за едните работи, а за другите не, и каде што секој си ги толкува своите правила, не ме чуди ништо...
 
Скопје- Велес да не е патарината јас со Пежо Партнер под 120 на саат не би спуштил, не па со Ауди!
Пази, на кривините пред Велес е дозволено 70 и често дремат џандари со радар, ќе ти ја земат возачката за толкава разлика.

Да не те тераат да преполагаш и после како "почетник" и ти да отвораш тема тука :D
 
Пази, на кривините пред Велес е дозволено 70 и често дремат џандари со радар, ќе ти ја земат возачката за толкава разлика.

Да не те тераат да преполагаш и после како "почетник" и ти да отвораш тема тука :D
Муабетот беше колку дозволува патот безбедно и брзо да се извози таа делница.
Колку што се сеќавам само кај Катланово има 80 ограничување, тоа пред Велес пред многу години беше, сега нит џандар сум видел нит бутур.
Ми се случувало да не ги видам и да ги прошишам :D ама или имале веќе пациент или со нешто биле зафатени.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom