The Wild Boy
љепотан
Епа дечки скоро имам положено, и пред неколку денови си ја земав возачката дозвола.
За книшката ми кажаа за едно 6 месеци наводно ќе ми се јавеле да ја земам, а до тогаш ќе сум можел да возам.
Еве што знам:
Е сега, освен ова дали има нешто друго што би ми препорачале, дале совет како за почетник? Основните работи мислам ги знам, горе доле ги наведов. Секако треба внимание, трпение и погледнување убаво бидејки сепак е автопат, збориме за брзини над 80 km/h. Нема играње со воланот, возењето е озбилна работа.
За книшката ми кажаа за едно 6 месеци наводно ќе ми се јавеле да ја земам, а до тогаш ќе сум можел да возам.
Еве што знам:
- Сега првите 2 години ќе сум возач почетник.
- На пат резервиран за моторни возила знам дека е 80 km/h максимум, а на автопат 100 km/h максимум. А и реално, јас не би возел повеќе од тоа.
- Знам дека на автопат треба да погледнувам на ретровизор (позади) кога престигнувам некој друг автомобил, или камион.
- На непрегледно место, или ако веке некој престигнува не смеам да престигнувам.
- За вклучување на автопат морам секогаш да ги почекам тие коли кои што се на автопатот да поминат па да се вклучам.
- За светла долгите ги пуштам само кога нема возило од другата страна, а кратките нонстоп вклучени. Исто и за кога нема да сум на автопат.
- Е сега за брзина намалување, како што сум возел низ град со инструкторот, треба постепено, пр. од 5-та брзина на 4-та, па на 3-та. Помала брзина за полесно искачување.
- Лентата за сопирање се користи стриктно за сопирање во итни случаеви, или пр. при несреќа