https://infomax.mk/wp/колумна-на-мирка-велиновска-колектив/
Ако ви се чита празнично кремљовска пропаганда.
Неспорен е процентуално поголемиот придонес на Црвената армија а уништување на силита на Оската.
Но вакви небулози и глупости напишани на едно место одамна немам прочитано. (ваљда во некоја нејзина претходна колумна)
Посебно делот за Полска и Чешка. Да го прозиваш трулиот и порпаднат Запад за нивните предавства и грешки во 1938-39 со Полска и Чехословачка, но да го премолчиш 50-годишното комунистички црничење на тие две држави во лагерот наречен Варашвски пакт, да ги премолчиш тенковите во Прага и Будимпешта и најмногу од се да премолчиш дека од август 1939 до јуни 1941 година Третиот Рајх и СССР се сојузници во секоја можна смисла на зборот сојуз, дури и пред Италија да стане сојузник на Хитлер, дека заедно учествуваат во војна против Полска, дека СССР ја окупира Полска, тоа е веќе гротескно извртување факти.
Уште едно изртување факти, или воопшто незнаење на историја е овој дел
Специјално за франкофонска Полска која масовно го пречека освојувачот како свој ослободител и спасител од Русија. Ги лавна помрачина од еден цел век
Кремљовскиот агент извртува, намерно или ненамерно премолчува дека Полска веќе не постоеше на мапата и беше поделена уште пред Наполеон да ја нападне Русија, дури уште пред да дојде на власт, така да тезата дека Полска не постоела заради тоа што била сојузник на Наполеон преку Варшавското војводство е чиста лага и манипулација.
Но, со оглед на кој е автор на текстов, и не изненадува премногу.