Во ред ти е критиката. Не сум бил на доктор повеќе од деценија и везе немам како оди тоа. Но татко ми сѐ рачно пишуваше. Како ги пишуваше имињата, искрено не знам. Но знам дека немаа принтани рецепти и систем на евиденција.
Само ги спорам аргументите на Бијонс. "Често" не е факт или аргумент. Сите различно го сфаќаме "често".
Читај ги форумските доктори, пасивно. После ќе те прашам дали би дозволил (и ако да, кој/а) да те лекува.
Имам кој да ме лекува, сопруга ми е
Имам и блиски пријатели од таа фела, но скраја да е и далеку да ми треба во тој дел некого од нив.
Инаку, еве јавно нека стои, Бјонс ја ценам како медицинско лице.
Тоа што пола форум си игра мајтап со неа не значи дека е лош човек или лошо медицинско лице, едноставно такви сме ние - силни кога нешто чопоративно треба да го направиме, а кога лично треба да се соочиме со проблемот никаде не нема (тука не мислам на тебе).
Има цел еден ред на членови, па дури и постари членови, кои добиле помош од неа но никаде не зборуваат јавно туку наместо тоа ја критикуваат по темите и ја исмеваат.
Не ми пречи бидејќи лично не сум засегнат и
самата е доволно возрасна да се одбрани или понекогаш дури и да ги испровоцира. НО, дволично е.
Ако некој го прашувам за медицински совет, нема да чекам истиот тој некој да напише нешто во тема за ковид (пример) и да му одам контра ради реда - чисто да сум во фазонот: Еееј хехе, докторката еве ја. збори глупости.
Не, ако реплицирам ќе реплицирам врз основа на изнесен став кој мислам дека е делумно или целосно погрешен, а не врз основа на јузернејм, на тоа дали сум скаран или сум во добри односи со членот и слично.
Ова што го пишувам знам дека за голем дел членови е утопија, али јбг го сфаќам тоа и ги сфаќам зошто се такви.
Во однос на другите доктори, медицински кадар и сите чие професионално секојдневие е тоа, а се членови на кајгана - не знам и искрено не ми е цел на интерес по темите што прават (ретко ги следам таквите дискусии тука, особено ако се води препукување помеѓу двајца на тема медицина тоа редовно прескакам - не сум доволно стручен и не сакам да се правам со сила стручен за нешто што
можам да извлечам информација, но не е последица на мое образование или поле на интерес).
Конкретно сега, сакав само да потенцирам дека ова со пишувањето на рецепти кај нас е реалност која постои и која мора да се искорени заради тоа што не е во ред фаворизирање на некој производител кога знаеш дека истиот лек од друг производител има подобро дејство.
Тој став да го изнесеше Рон, а да беше против Бјонс, ќе го бранев Рон. Толку е едноставно.
Дискутирам во однос на ставот, во однос на тоа што треба да се знае како неубава пракса во МКД. Штета што ФЗО нема контроли за ова и нема казни на терен кај ваквите „доктори“.