Како некој што и сам се коцка долги години (претпоставувам дека е така за тебе) многу малициозно дури и љубоморно реплицираш кон сите што имаат различно мислење. Криво ти е некој што е навлечен да се оттргне? Ти не можеш, затоа е тоа така?
Наместо да си малициозен поддржи го човекот.
Доволно жално е што има дете и што стигнал до ова ниво, не треба сол на рана да му тураш само за да испаднеш паметен.
Сантинели убаво ти реплицира, само виде дека нема фајде од понатамошни реплики па се повлече.
@Dejmac
Ти кажаа другар погоре. Од мене само имаш поддршка да направиш нешто повеќе во ситуацијата т.е. наместо да размислуваш и да бараш поддршка веднаш да се ослониш на акција.
Иди лето, работите ќе се олабават во однос на мерки и сето тоа... обиди се да работиш по 2 работи во мкд или пак да одиш во странство за некој месец. Така ќе вратиш дел од долговите.
Нека ти биде водилка детето кое го имаш дома. Ако тоа дете не заслужува татко кој ќе го извади на прав пат тогаш верувај ништо друго и никој од нас нема да те преуми.
Остави ги тие што ти судат и што те осудуваат. Верувај никој од нив не е безгрешен во реалниот живот, само тука на форум може да ти продаваат мадиња за бубрези.
Делувај, биди активен. Барај 2 работи и ќе ти биде секојдневието дома спиење и лупање на работа но барем ќе избегниш се' oстанато додека не си ги вратиш долговите.
Посвети се на сопругата, детето и потесното семејство (твоите родители). Тие, а богами и ти го заслужувате тоа.
Со среќа другар.