Коцкање

Член од
5 март 2018
Мислења
16.722
Поени од реакции
19.028
За секој порок треба цврст карактер и волја.
Како за почеток најди си некоја занимација, хоби, да ти го исполнува времето и да не мислиш на коцка.
Спортувај на пример рекреативно, планинарење, поминувај повеќе време со блиските, посвети им се нив.
Во никој случај не помислувај дека можиш да ги вратиш изгубените пари,така уште повеќе ќе дозаглавиш, заборај на то помири се.
 

пунтер

betfair trader
Член од
21 март 2011
Мислења
5.483
Поени од реакции
9.232
Кладилница во заднњава година и апарати почнав нив пред тоа не ни сум ги пипал
ако си ептен зависен гледај за почеток откажи ги апаратите, на место да дремеш на апарати оди малку џогирај нешто пешачи , било што тепај време со нешто друго, а кладилницата може да продолжиш да ја играш ако не можеш све наеднаш да оставиш, ама и таму мораш нешто да смениш, мора попаметно да играш, ако веќе мораш да ги задоволиш потребите, јас играм над 20 години па не должам ни пари и со здравјето сум супер.
Што играш од кладилница, кажи што играш, како вложуваш ?
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.409
Другари ептен заглавив со коцкање
Решен сум да прекинам барам и добредојдени се сите совети
Автоматски споено мислење:


Помош за одвикнување
pa prekini,pocni nesto drugo so sto i ke zarabotuvas,
deset lisja od stavelj ili kopriva naberi i vrzi gi so konce ili lastice i ete ti 20 denari
 

k3b

Член од
17 декември 2010
Мислења
2.811
Поени од реакции
4.287
Една од поголемите глупости е водење инает со апарат. 2 грама мозок ти треба да сфатиш дека играш против компјутер. Кое тенџере треба да си упорно да фрлаш пари на апарати навистина е необјасниво.


Sent from my iPhone using Tapatalk
 
Член од
6 декември 2011
Мислења
2.027
Поени од реакции
3.357
Познавам еден мој пријател (татко на мој близок другар), човекот има искоцкано се што можеше дури и жената ја имаше заложено на неколку наврати. Дома кај него често идеа аванташи ,идеа и луѓе што ги излажал (закрпил) на било каков начин, дали во пари или што и да можел да извлечи од нив да продаде за да коцка.
Последните неколку години веќе живее во село блиску до езеро, си одгледува бавча, си фаќа риби, си вари ракија и вино и не оди во казина. Малкумина го почитуваат, повеќето дури и мислам дека го мразат ради тој порок...дури и најблиската фамилија не го сака и не го прифаќа, али ете тоа е човекот сфати дека згрешил и касно е да се смени мислењето кај другите луѓе за него.
За да се откажеш треба огромна волја, гледај да не се движиш во улиците каде што се казината, смени го начинот на живот, оди планинари, оди фаќај риби, оди во теретани, оди во село, или оди еби се, ама не оди кај што си одел претходно.
Скрос промени го својот живот, стани нов човек.
 

Marquess

Ербап
Член од
20 јули 2009
Мислења
6.203
Поени од реакции
13.073
Почни постепено да намалуваш.
Овие што те советуваат - "од утре не се комари" нит некад коцкале,нит знаат какво лудило е тоа.


Sent from my SM-G975U using Tapatalk
 
Член од
19 април 2021
Мислења
48
Поени од реакции
51
ако си ептен зависен гледај за почеток откажи ги апаратите, на место да дремеш на апарати оди малку џогирај нешто пешачи , било што тепај време со нешто друго, а кладилницата може да продолжиш да ја играш ако не можеш све наеднаш да оставиш, ама и таму мораш нешто да смениш, мора попаметно да играш, ако веќе мораш да ги задоволиш потребите, јас играм над 20 години па не должам ни пари и со здравјето сум супер.
Што играш од кладилница, кажи што играш, како вложуваш ?
Mnogu vlozuvam 15000 -20000 dnevno
Igram dobivam ama krajot se znae kakov e mnogu mnogu se zadolziv sekade mnogu izgybiv oset na sve zadnjiov period
Автоматски споено мислење:

Почни постепено да намалуваш.
Овие што те советуваат - "од утре не се комари" нит некад коцкале,нит знаат какво лудило е тоа.


Sent from my SM-G975U using Tapatalk
Nema namaluvanje moram ama moram skros da prestanam da ne pomislam na toa veke
Imam poznanci od ova sto znam kako zavrsile imam i drugar sto prekina skros pred godina dena i gledam kako postana drug covek sve mi e jasno ama kako sto kaza koj nemal i neznae kakov problem e ova nemoze da razbere
 
Последно уредено:

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.513
За да се оправиш ти треба дисциплина, не мотивација и совети на форум. Истата може да ја добиеш на два начини: работа/учење со 1000% на ден, за да станеш човек и да вратиш тоа што должиш таму каде што должиш, ќотек - да те спакува некој за во болница со ќотек за парите што му ги должиш и да се плашиш дури си жив и откако ќе се опоравиш пак работа и само работа.

И ако не ти го кажал никој претходно: не постои начин да победиш апарати и рулет! Не седнувај да играш покер за пари ако не ја знаеш целата наука и филозофија позади него, не играј спортска како тиквар туку седни и читни малку. Обложувањето и игрите на среќа се наука која е создадена од најпаметните луѓе: хардкор математичари, хардкор статистичари, хардкор психолози, хардкор економисти и во последните години: data science, machine learning, ai експерти.

П.С и со повторно коцкање нема да вратиш тоа што си изгубил туку само ќе се дозаглавиш!
 
Член од
15 април 2019
Мислења
1.113
Поени од реакции
1.567
Kako vikaat pienje i drogiranje ke se razbolish i ke unresh , kurvarstvo ke ostaresh i nema da mozesh a kocka do groba. Najlosh porok. Dno dna. Za zal mnogu familii se unisteni radi poroci. Tragedija so da ti kazam. Jas karti i sah vo pari igram drugo niso ;)
 
Член од
19 април 2021
Мислења
48
Поени од реакции
51
За да се оправиш ти треба дисциплина, не мотивација и совети на форум. Истата може да ја добиеш на два начини: работа/учење со 1000% на ден, за да станеш човек и да вратиш тоа што должиш таму каде што должиш, ќотек - да те спакува некој за во болница со ќотек за парите што му ги должиш и да се плашиш дури си жив и откако ќе се опоравиш пак работа и само работа.

И ако не ти го кажал никој претходно: не постои начин да победиш апарати и рулет! Не седнувај да играш покер за пари ако не ја знаеш целата наука и филозофија позади него, не играј спортска како тиквар туку седни и читни малку. Обложувањето и игрите на среќа се наука која е создадена од најпаметните луѓе: хардкор математичари, хардкор статистичари, хардкор психолози, хардкор економисти и во последните години: data science, machine learning, ai експерти.

П.С и со повторно коцкање нема да вратиш тоа што си изгубил туку само ќе се дозаглавиш!
Vo pravo si 100% se dyr ne dojdov vo vakva situcaija nesvesno vlagav se podlaboko i podlaboko
Ova trevase mnogu porano da mi se sluci
Ocaen sum edbostavno ne disam mrtov covek sum
 

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.513
Vo pravo si 100% se dyr ne dojdov vo vakva situcaija nesvesno vlagav se podlaboko i podlaboko
Ova trevase mnogu porano da mi se sluci
Ocaen sum edbostavno ne disam mrtov covek sum
Со чекање и сожалување работите нема да се оправат!
Колку порано почнеш да работиш нешто толку побрзо ќе вратиш тоа што должиш!
 
Член од
13 април 2021
Мислења
3.444
Поени од реакции
11.317
За почеток, позитивно е што си искрен и сфаќаш и признаваш дека имаш проблем со коцкањето. Би било убаво да си дадеш простор тука да размислуваш и за последиците од истото.

Коцкањето е зависност и те става во искушение, така што советот да избегнуваш места и луѓе кои се поврзани со коцка е одличен. Бирај алтернативни патишта до дома и 'безбедни' луѓе за дружба. Пробај да разговараш со нив, затоа што поддршката е неминовен и составен дел од одвикнувањето. Барај алтернатива за времето кое што си го трошел на коцкање: пешачење, трчање, читање книга, гледање филм, дружба со најблиските. И мислам исто толку важно е дека треба да разговараш со стручно лице (психолог или психијатар) кое сигурно би ти дало квалитетни насоки во процесот на откажување.

Среќно!
 
Член од
29 март 2021
Мислења
301
Поени од реакции
864
Vo pravo si 100% se dyr ne dojdov vo vakva situcaija nesvesno vlagav se podlaboko i podlaboko
Ova trevase mnogu porano da mi se sluci
Ocaen sum edbostavno ne disam mrtov covek sum
Под услов да не си трол, еве јас ќе ти поделам неколку совети. Прва работа е дали должиш пари. Ако да, замини некаде странство и пробај да најдеш некаква работа да се раздолжиш. НИКОГАШ, ама баш НИКОГАШ нема да се раздолжиш со помош на коцката. Од она што го пиша, немаш ниту знаење ниту дисциплина да заработиш пари од кладење, а од автомати е АПСОЛУТНО невозможно да заработиш. Затоа ти велам, ако должиш пари само одење странство му е лекот, и неколку месеци работа.

Ако не должиш пари, тогаш е многу полесно. Прва работа, заборави ги парите кои до сега си ги изгубил. Едноставно отпиши ги. Сфати ги како пари кои си ги дал за да научиш нешто. Ова е клучно. Втора работа, смени го кругот на луѓе со кои се гледаш. Се додека ги гледаш истите луѓе и ги имаш истите навики, секогаш на крајот ќе завшиш во коцкарница. Трета работа, најди нешто за што имаш интерес и страст да го работиш. Коцкањето е зависност и страст, треба да го замениш со друга страст. Најди нешто на што можеш да му се посветиш со ќеф.

Тоа е тоа, нема друго што да направиш, и никој нема ова да го направи за тебе. Треба да станеш еден ден и да речеш доста беше.
 
Член од
17 август 2009
Мислења
3.678
Поени од реакции
5.305
Еден психолошки трик за сите коцкари.

Кој сака за стално да се одвикне и да бега од тоа, у потсвест ќе си туриш и стално ќе си го повторуваш - self hypnosis, дека и да фатиш пари за лошо ќе ги потрошиш. Значи -кога ќе фатиш пари, не само изгубените пари дека ти ствараат лошо расположение, туку и тие пари што ќе ги фатиш ќе имаш лоши последици од нив, онака прелоши, нај непосакувани, она што ќе ти текне у моментот дека не сакаш никат да ти се деси, да знаеш дека ќе ти се деси со тие пари кога ќе ги подигнеш/повлечеш.
Повторувај си го ова ептен често и стално пред да уплатиш спортска или кој што се и да прави, и ќе ја изгубиш мотивацијата комплет за да заработиш/фатиш такви пари.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom