Супер лига, да или не?

  • Креатор на темата Креатор на темата Io Sono Interista
  • Време на започнување Време на започнување

Дали сте за Супер лига?


  • Вкупно гласачи
    299
  • Гласањето е завршено на .
Реално, кои се мравните механзими да се спречи ова, а кои се другите? Навивачите најлесно можат да ја потопат оваа лига, со комплетен бојкот, посебно овие од Европа. Колку сакаат да се прават глобалисти, на ниту една екипа од Европа нема да и биде пријатно да игра натпревар на свој стадион (после короната) а на него да бидат дојдени само туристи. Покажување комплетен неинтерес во Европа за оваа лига би било крах за неа.
Ако им е само до парите, не гледам зошто би им било гајле. Баш напротив. Овие сега им плаќаат еднаш во сезона. Туристот за еден натпревар ќе потроши толку.
 
Така што креираат затворена лига можеби?

Џонсон и другите не се секирај, нема да легнат на брашното. Загубите за Англија ќе бидат значителни со одвојувањето на овие клубови плус огромната негативна реакција во Британија, а и самата идеолошка определба на водачот на Брегзит нема да дозволат тој да ги остави тек така.
И како ги спречува тоа останатите да си продолжат со тоа што го прават. Или можеби признаваат дека се зависни од нив, и не може да функионираат ако не паразитираат на нив?

А за второво да почекаме, ја верувам дека ништо од тоа нема да видите. Работата е што не е доволно Џонсон да го направи ова, има и други држави кој се умешани тука.
 
Ќе немало остри стартови за случајно да не се повреди некоја супер ѕвезда :pos:
 
Ако им е само до парите, не гледам зошто би им било гајле. Баш напротив. Овие сега им плаќаат еднаш во сезона. Туристот за еден натпревар ќе потроши толку.

Па не е толку едноставно. Замисли Евертон да го полни стадионот секој натпревар, Енфилд да зјае празен. Никој не е до толку материјалист да не сфати дека нешто очајно не е во ред.
 
Па не е толку едноставно. Замисли Евертон да го полни стадионот секој натпревар, Енфилд да зјае празен. Никој не е до толку материјалист да не сфати дека нешто очајно не е во ред.

Го заболе стојко некој што не бил на стадион од памти век. За глејзери зборам, последен пат го гледале Јунајтед пред 3 години и тоа на Ноу Камп, пред тоа којзнае од кога не се појавиле во Манчестер.
 
И како ги спречува тоа останатите да си продолжат со тоа што го прават. Или можеби признаваат дека се зависни од нив, и не може да функионираат ако не паразитираат на нив?

А за второво да почекаме, ја верувам дека ништо од тоа нема да видите. Работата е што не е доволно Џонсон да го направи ова, има и други држави кој се умешани тука.

Добро, зошто од прееска пишуваш рандом работи, онака глупости безврска?

Ќе видел тој, не можел Џонсон, други земји имало замешано.
Ало, пријател, Владата на Британија може да превенира и да се инволвира директно во случајов а доколку тоа се случи, нема ,,трета страна, земја" што да се прашува. Тоа се однесува само на англиските клубови. Постои легислатива која може да ги урне сите замисли на англиските големци.

Или, со еден збор, ако ги нема Англичаните нема Супер Лига.
 
Па не е толку едноставно. Замисли Евертон да го полни стадионот секој натпревар, Енфилд да зјае празен. Никој не е до толку материјалист да не сфати дека нешто очајно не е во ред.
Ама нема шанси да е празен според мене. Полни ќе бидат стадионите во секој случај.
 

Истиот аргумент може да се употреби и за обратната ситуација, зошто да инвестирам грди милиони на тим, еден грст паразити и време, за да освојам ЛШ/ПЛ (ако освојам) и пак на крај да останам у загуба? Дали вреди да си го дадам здравјето за 50м профит? Реално на такви билионери, 50м им се кусур.
 
Го заболе стојко некој што не бил на стадион од памти век. За глејзери зборам, последен пат го гледале Јунајтед пред 3 години и тоа на Ноу Камп, пред тоа којзнае од кога не се појавиле во Манчестер.

Не оди тоа така во Англија. Одењето на фудбал им е дел од животот, на многу семејства им е нешто што го прават со години, некои и децении. Ниту еден газда, колку сака да не го интересира фудбалот, не е имун на негативна перцепција и на негативен публицитет. It is bad for business.
Автоматски споено мислење:

Ама нема шанси да е празен според мене. Полни ќе бидат стадионите во секој случај.

Tиа е сосем друг мубает. Почеток на муабетот беше со што ако европската публика им прави бојкот? Никогаш нема да ги наполнат стадионите со туристи.
 
Последно уредено:
80 и кусур страни се збори овде за pros and cons за лигава. Доста членови ја доловијиа поентата мислам за ние што сме против. За мене поголема штета од моменталнава што ја има фудбалов ќе се направи доколку се креира оваа Лига.

Штом решиле да прават лига, ако успеат тоа е тоа. Секој ќе си одлучи дали ќе гледа или не.



Значи со тебе правам муабет не со другите 80 страни, бидејќи те сметам за паметен лик.
12те клуба не бараат да не играат во домашните лиги туку да не играат во Лига Шампиони. Како тоа го уништува фудбалот ? Се откажуваат од едно приватно натпреварување и одат во друго кое е креирано од нив зошто им се може. Објасни ми како го уништуваат фудбалот ? Ги уценуваат другите да играат таму, ги држат за грклан уефа да ја уќине ЛШ ? Не ти го сфаќам муабетот. Ете им го ПСЖ нека го држи кремот у ЛШ заедно со Баерн и компанија. Значи едноставно бизнисот ќе пропадне ако не го направат ова, а се доволно моќни за да го.


Фудбалот нема да престане да постои без овие 12 клуба, нити ќе пропаднат првенствата.Смешки се муабетиве
 
Истиот аргумент може да се употреби и за обратната ситуација, зошто да инвестирам грди милиони на тим, еден грст паразити и време, за да освојам ЛШ/ПЛ (ако освојам) и пак на крај да останам у загуба? Дали вреди да си го дадам здравјето за 50м профит? Реално на такви билионери, 50м им се кусур.
Еве ја и другата страна.

 
Не оди тоа така во Англија. Одењето на фудбал им е дел од животот, на многу семејства им е нешто што го прават со години, некои и децении. Ниту еден газда, колку сака да не го интересира фудбалот, не е имун на негативна перцепција и на негативен публицитет. It is bad for business.

Гледаме "Glazers Out" кампањите колкаво влијание имаа низ годините, а стадионот им е скоро 50% полн со странци + ОТ што не е реновиран од 2005та.
 
Ако клуб никогаш не се задолжи за да реновира стадион, да купи поквалитетни играчи, и да освојува титули, никогаш нема да се истакне, и да стане голем клуб...затоа малите клубови што "работат правилно" си остануваат мали клубови.
 
Добро, зошто од прееска пишуваш рандом работи, онака глупости безврска?

Ќе видел тој, не можел Џонсон, други земји имало замешано.
Ало, пријател, Владата на Британија може да превенира и да се инволвира директно во случајов а доколку тоа се случи, нема ,,трета страна, земја" што да се прашува. Тоа се однесува само на англиските клубови. Постои легислатива која може да ги урне сите замисли на англиските големци.

Или, со еден збор, ако ги нема Англичаните нема Супер Лига.
Ако направат Супер лига без англиските клубови, не мислиш дека истите ќе изгубат финансиски ( а со тоа и самата држава). Веќе имаш изјава дека дел од клубовите се согласиле само за да не бидат изоставени. Али океј чим лупетам, запали свеќа, ете може Џонсон ќе ја опраи работата. Замислите на Англиските големци :icon_lol: Колку години имаш, 12? Се надеваш дека премиер на држава ќе пресече на страна на една мултимилјардерска организацијана на сметка на друга.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom