Се работи за приватна клиника, од државните одамна кренавме раце... Цените се исти, мене не ме интересира неговиот обем на работа. Можеби ова не изгледа како клучен сервис се додека не дојдеш во ситуација лично да ти затреба инфрормација. Знаеш ли колку е очајна состојбата да имаш болен кој не е во состојба да користи мобилен и немаш никаква информација? Оставаат еден контакт на кој му звонат ако има значајна промена во состојбата.
На пријателкава почина татко и пред некој месец таму..По телефон и викаат состојбата е добра, има одличен напредок. По нецели 2 сата и звони лекарот и вика дека починал. Кога праша како така наеднаш, имаше одговор дека не знае од каде таква информација веќе подолго бил со влошена состојба.
Никој нема право во моменти кога некој се бори за живот да ти одземе право да ја знаеш состојбата и да бидеш информиран и тоа за сите што се блиски. Што ми е мене гајле дали има 100 пациенти и за секој да се јавуваат по 10 луѓе? Не ми пречи да е зафатено, ама да знам дека работи.