Се сложуваме. Само па не иде 100 клубови во еврпа да страдаат ради 12 великани што трошеле повеќе него што можеле. Сите бркаат успех и верувај успехот во фудбалот е најбитен. Ако Сити што троши по 150+ милиони на играчи секоја година не освојува титули тогаш џабе му е се. Не смее заради 12 екипи да се уништи се што со години се правело. Сите бизниси се економски нестабилни, никој не им е крив што се на раб на банкрот, веќе има и банкротирани тимови, имаш и тимови ко Нотингем Форест што биле алфа и омега па паднале 2-3 дивизија итн. Некако не ги жалам, нека си се борат за својот успех, борбата за успех е тоа што го прави фудбалот да биде најатрактивниот спорт у свет. Ако нема борба, ако нема ризик, ако нема награда и казна тогаш ќе нема ни жар.
Плус што е интересно, не може да нема „слаби“ екипи, мора некоја екипа да изгуби, мора некој да биде 1 и некој да биде 12 место. Не постои натпреварување без слаби и јаки екипи.
Исто така, дури и во таа НБА иако има стабилни тимови, исто има и огромен број на тимови + имаш и екипи што служат само за билдање разлика и за плеј оф можат само да сонуваат сезоната и имаш супер тимови како Лејкерс и Нетс на пример што направија. Значи најдобрата лига у свет ги има и Мемфис и Лејкерс, а не е составена само од Лејкерс, Бруклин итн. (не пратам многу нба се глеа)
Иако и во Нба има огромна разлика од пре-сеазон, сезона и Плеј Оф. Нормално најгледан е плеј офот. Нешто како ЛШ