Супер лига, да или не?

  • Креатор на темата Креатор на темата Io Sono Interista
  • Време на започнување Време на започнување

Дали сте за Супер лига?


  • Вкупно гласачи
    299
  • Гласањето е завршено на .
Пробуваш историски да го изедначиш Лајпциг со било кој клуб од лигава? Озбилен си?
Па тоа ми беше поентата, човече. Ни на Лајпциг, ни на Тотенхем не му е местото во било каква супер лига, по било кој критериум. На што ти ми одговараш дека Тотенхем бил првиот освојувач на европски трофеј, како да е тоа релевантно. Стеауа, ЦЗ и Нотингем Ф. се историски поуспешни клубови во Европа, зошто барем освоиле ЛШ. Торино има повеќе историја како клуб, од Тотенхем.
 
Тема "ЛШ сезона 2021/22, 22/23... " на Кајгана форум. Вечното прашање "Зошто нема фудбал на МТВ во вторник" е конечно заменето со "Oti gi nema Real????".

Веќе добивме ново прашање: "А како може Тотенхем во Супер Лига?"
 
Ова е брука за фудбалот понижување за малите екипи.
Сеа очигледно е докажано дека фудбалот е само бизнис и ништо друго.
 
Информацииве дека ќе ги исфрлат клубовиве уште сезонава од ЛШ и ЛЕ да не ви се од indykaila или Николо Шира како и да беше ликот тип на твитер акаунти? Зошто на сајтот на BBC нема ниедно бродолом сценарио.
 
Чекајте малце другари..

Што ако се дешава супер лигава..

За 20-30 години од сега, лигиве функционираат без овие екипи....некако, Лестер, Вест Хем, Виљареал, Севиља, Лацио, Рома стануваат ептен популарни брендови...

Дали Супер лигава ќе се распадне за да не играат Лајпциг, Тотенхем, Милан, Арсенал..

И ДА СЕ СОЗДАДЕ МЕГА ЕКСТРА СУПЕР ТРАЛАЛА ЛИГА КАДЕ ЌЕ ИГРААТ НАЈДОБРИТЕ ОД СУПЕР ЛИГАТА+ НАЈДОБРИТЕ ОД ДРУГИВЕ ЛИГИ?

IMAGINE THE PROFFITS!

:vozbud: :vozbud: :vozbud: :vozbud: :vozbud: :vozbud: :vozbud: :vozbud:
 
Незнам за тебе јас го осетив времето кога се водеше како фудбалски клуб а не како бизнис прекрасно време беше незнам за тебе ти дали си го осетил.
Јунајтед се води како бизнис од средина на 80ти. Предходно не сум го осетил, да.
 
Ќе им дадат ЛШ на ПСЖ и после недела дена и тие ќе се приклучат у Супер Лигава. :pos:

Најозбилно, баш вака мислам дека и ќе биде. ПСЖ ќе имаат “историско реноме“ со ЛШ титула, ќе помине светското во Катар и таман за 2022/23 сезона ете ги во Супер лигата.
 
И... што ќе добијат со ова? И онака не планираат да им играат од наредна сезона.


За да се спречи ова треба многу повеќе. Треба одма да реагираат и националните асоцијации, а ваљда и локалните фанови. Тоа го знаат и Скај и БТ Спорт и затоа скокнаа одма во офанзива против лигава. Како и да ја вртиш, 15 тима одат и газат историја стара 100 и кусур години - и тоа не е океј. Се надевам на крај ќе се изборат за различна распределба на парите од ТВ права и спонзори и дека ќе се заврши на тоа. Пак ќе кажам, за мене фудбалот е компетитивна игра и сакам да остане таква.
Истото го збореле кога се основала ЛШ, на сметка на лига купови.
 
Бајдвеј, премиите се 3,5 милијарди евра ПО КЛУБ само за учество. :pos:

Секако дека да сте CEO на клуб среде корона би одбиле вакво нешто.
 
Бајдвеј, премиите се 3,5 милијарди евра ПО КЛУБ само за учество. :pos:

Секако дека да сте CEO на клуб среде корона би одбиле вакво нешто.
Кој ги дава париве? (сериозно е прашањево, пошто не знам JP Morgan нешто читав?)
 
Голем број на негативни коментари од страна на навивачи на објавата на Арсенал дека клубот е дел од идејата за супер лигата. Исто така, колку што забележав и голем број луѓе веќе ја одлајкнуваат fb-страната на клубот.
 
Бајдвеј, премиите се 3,5 милијарди евра ПО КЛУБ само за учество. :pos:

Секако дека да сте CEO на клуб среде корона би одбиле вакво нешто.
Нормално кога фудбалот им е во втор план.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom