Даjте сериозно... Ви недостига ли Jугославиjа?

Диле Јоргачев

Одделение за заштита на народот
Член од
3 април 2017
Мислења
8.693
Поени од реакции
28.204
...непобитен е фактот дека секоја проба за Југославија во било каков облик завршувала крваво и на грбот на народот
...Тито не ни ја призна Македонија оти многу ја сакаше,туку оти мораше
...ни изгради илјадници текстилни фабрики,па дури и по селата,каде што земјата се можно раѓа...одлично изпланирано нема што :)
...проблематичен е фактот дека после 30 гдини од пропаѓањето на Југославија уште се зборува за неа,наместо фокусот да ни биде на нашата државичка која го изгуби и ликот и сјајот кој можеше да го има
...уште ли ќе плукаме по навика по власта?
...па власта е комшијата,познаникот или роднината нели?
30 години од пропаѓањето на Југославија историски гледано се смета како вчера да било
 
Partizanen banditen

Психијатриски случај
Член од
24 август 2016
Мислења
5.857
Поени од реакции
17.586
Можеше да заврши со многу малку крв доколку обавештајните органи и воени сили си ја работеле работата во интерес на зачувавање на целовитоста на Југославија. Наместо Удба да дели пасоши на криминална багра да се враќа масовно во Југа 88-89 и на секакви сецесионистички лудаци од усташка, четничка, балистичка и остала ориентација, можеа сето тоа да го поапсат и осудат.

Можеме само да шпекулираме, но несоборлив факт е дека ЈНА не успеа во својата основа задача, за која што беше товена половина век, а тоа е да го зачува територијалниот интегритет и суверенитет на Југа.
Со сето тоа оружје и опрема и људство, ЈНА не успеа во Словенија. Дали навистина можела, што би било кад би било, кој би знаел. За моралот на трупите имаше едно видео од прашинари од ЈНА кои изјавуваат нешто во стил "они се као отцепљују а ми им као недамо". Но тоа повлекува друг муабет околу доктрината на оружените сили на одредени земји, пошто регрутната војска е одамна преживеан концепт, тоа е друга тема.
Нема да се сложам, кажав поради кого беше највише. Да и удба одигра голема работа, ама први за мажење со гомна се алија, слоба и фрањо. А после нив сите генерали и воени главешини кои дозволија да има крвопролевање.
 
Диле Јоргачев

Одделение за заштита на народот
Член од
3 април 2017
Мислења
8.693
Поени од реакции
28.204
Можеше да заврши со многу малку крв доколку обавештајните органи и воени сили си ја работеле работата во интерес на зачувавање на целовитоста на Југославија. Наместо Удба да дели пасоши на криминална багра да се враќа масовно во Југа 88-89 и на секакви сецесионистички лудаци од усташка, четничка, балистичка и остала ориентација, можеа сето тоа да го поапсат и осудат.

Можеме само да шпекулираме, но несоборлив факт е дека ЈНА не успеа во својата основа задача, за која што беше товена половина век, а тоа е да го зачува територијалниот интегритет и суверенитет на Југа.
Со сето тоа оружје и опрема и људство, ЈНА не успеа во Словенија. Дали навистина можела, што би било кад би било, кој би знаел. За моралот на трупите имаше едно видео од прашинари од ЈНА кои изјавуваат нешто во стил "они се као отцепљују а ми им као недамо". Но тоа повлекува друг муабет околу доктрината на оружените сили на одредени земји, пошто регрутната војска е одамна преживеан концепт, тоа е друга тема.
Претседателството не успеа да ја сочува Југославија,а не ЈНА.За да интервенира војската требаше дозвола од претседателството.Васил Тупурковски,Стипе Месиќ,Богиќ Богичевиќ гласаа против интервенцијата на ЈНА и спречија крвопролевање,а планот беше војската насилно да го одземе нелегалното оружје набавено од страна на Хрватите за насилно отцепување од Југославија
 
Joshua_Tree

Samo na minuvanje...
Член од
21 март 2010
Мислења
1.407
Поени од реакции
4.778
...секако,се сложувам со тебе
...тоа било вчера,и завчера и пред тоа...и ќе биде уште така со верглање за една творевина која им одговараше на Србите,Хрватите и Словенците(како и секогаш)
...а затоа на нас и на Босанците им се переше мозокот со Јусловенството,а го извлековме најдебелиот крај како и секогаш
... historica ist magistra vitae !!!
 
Византиецот

Codename Duchess
Член од
14 март 2021
Мислења
2.829
Поени од реакции
6.435
Мојот став е следниот, ако сакате да барате невини, ве молам побогу не ги барајте во Хрватите и Словенците.

Како држави без вина можат да се спомнат само Македонија и Босна.
Црна Гора исто не е во невините, хинт хинт, на пример нападот на Дубровник. Главните виновници се Србија, Хрватска и особено Словенија, бог знај какви работи има оваа последнава ковано зад затворени врати, уште од 70ти, ако не и порано. Заболекар мој, студирал во Словенија во 70ти, ми кажа дека словенците се однесувале одвратно со 3цата вкрст македонски студенти, и нонстоп им ломотеле за поделба. Им пишувале работи по вратите. Во ебани 70ти. Војна меѓу студентски врати.

Не бе Србија ги окупираше, а тие невини имаа комплетно југословенски сентимент, како гром од ведро небо ги здрма. Скрос се невини.

Гарант и ова магарево Јанша ќе биди невино ако ја расчеречат Босна. Пак ќе бидат Србите или Хрватите криви. Само што волот испрати нон-пејпер во Брисел во тајност. Комплетно невина Сloveнија
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
4.059
Поени од реакции
6.540
Претседателството не успеа да ја сочува Југославија,а не ЈНА.За да интервенира војската требаше дозвола од претседателството.Васил Тупурковски,Стипе Месиќ,Богиќ Богичевиќ гласаа против интервенцијата на ЈНА и спречија крвопролевање,а планот беше војската насилно да го одземе нелегалното оружје набавено од страна на Хрватите за насилно отцепување од Југославија
А како летаа Јастреби, Орли и МиГ-21 и ракетираа аеродроми и мостови по Словенија? Како десантни Ми-8 и скаут Газели летаа по цела Словенија? Како М-84 газеа барикади по патишта?
Кој дал дозвола за тоа?
Автоматски споено мислење:

...секако,се сложувам со тебе
...тоа било вчера,и завчера и пред тоа...и ќе биде уште така со верглање за една творевина која има одговараше на Србите,Хрватите и Словенците(како и секогаш)
...а затоа на нас и на Босанците им се переше мозокот со Јусловенството,а го извлековме најдебелиот крај како и секогаш
... historica ist magistra vitae !!!
Ептен дебел крај извлече Македонија во Југа, патишта, аеродроми, комплетна електрификација, описменување, МАНУ, МПЦ, култура, литература, македонски кодифициран јазик, медиуми, телеком преку цела мкд, школи, факсови, болници, клиники, стадиони, спортски сали, искоренување на болести, пораст на животен век ихааа, тамница народа !!!
 
Joshua_Tree

Samo na minuvanje...
Член од
21 март 2010
Мислења
1.407
Поени од реакции
4.778
...тоа се вика по народски "мижи Асан да ти ги лапнам слатките"
...ако почнам да пишувам што изгубивме ќе ми треба еден цел реферат
...нејсе,нека биде како што ти пишуваш,а нашите поколенија кога и последната капка југо носталгија ќе исчезне од овие простори ќе дадат суд и оцена за сето тоа
 
Солун, така? :D
Напиши топ-3 работи кои биле изгубени, не мора реферат.
 
Joshua_Tree

Samo na minuvanje...
Член од
21 март 2010
Мислења
1.407
Поени од реакции
4.778
...ах кој црн Солун,ние не знаеме ова парче земја да си го чуваме и пазиме па за друго да не зборуваме :)
 
Диле Јоргачев

Одделение за заштита на народот
Член од
3 април 2017
Мислења
8.693
Поени од реакции
28.204
А како летаа Јастреби, Орли и МиГ-21 и ракетираа аеродроми и мостови по Словенија? Како десантни Ми-8 и скаут Газели летаа по цела Словенија? Како М-84 газеа барикади по патишта?
Кој дал дозвола за тоа?
Се заебаваш ти со мене или што е работава? Дали си свесен дека до ден денес ке имаше рушевини по Загреб и Љубљана во случај на масовен артилериски или воздушен напад?Ја бомбардираа резиденцијата на Туѓман,Банске Двори.Газелите и МИ 8 што летаа над Љубљана носеа леб за војниците на ЈНА.Има една две јебани снимки од цела војна у Словенија каде што тенк стрела во барикада од камиони без човечки жртви.Дали си свесен ако со авиони удреа на стратешките објекти низ Словенија дека ке умреа сите таму од глад и жед без струја и вода? Тогаш еден генерал на ЈНА Живота Паниќ инсистираше со две дивизии да тргне на Загреб,една по Посавина другата по Подравина и за 24 часа да го завземат Загреб.
 
Partizanen banditen

Психијатриски случај
Член од
24 август 2016
Мислења
5.857
Поени од реакции
17.586
...тоа се вика по народски "мижи Асан да ти ги лапнам слатките"
...ако почнам да пишувам што изгубивме ќе ми треба еден цел реферат
...нејсе,нека биде како што ти пишуваш,а нашите поколенија кога и последната капка југо носталгија ќе исчезне од овие простори ќе дадат суд и оцена за сето тоа
Ajде а сега ништо не изгубивме? Да не идам оф топик и во сегашноста, ама тогаш можеби работевме за други народи, ама не не ебаа како еден народ сега.
 
Joshua_Tree

Samo na minuvanje...
Член од
21 март 2010
Мислења
1.407
Поени од реакции
4.778
...ќе напишам само една,а таа не се купува со пари и не ја исправа ниедна МАНУ
...нашата национална самосвест и државна припадност
...доста е нели?
 
Член од
20 април 2012
Мислења
3.678
Поени од реакции
9.692
Како тоа Југославија била тампон? Немало никаков тампон меѓу НАТО и Варшавски пакт, имаа долга копнена граница меѓу себе. Плановите на СССР и Варшавски пакт за ковенционален судир секогаш биле да се стигне до Рајна што побрзо и да се оневозможи формирање на одбрамбена линија зад таква природна препрека, "Седум дена до Рајна" преку преминот Фулда со маса тенкови и моторизирана пешадија подржувана од авијација.

Настрана тоа што Југославија и ден денес би имала смисла во економски и цивилизациски смисол (примери Германија и Италија), ова што си го постирал е еден од митовите кои пливаат наоколу а тоа е воениот аспект. М-84 е само модернизирана варијанта на советскиот Т-72, односно прилагодена на Ју-услови или за потреба на странски клиенти, како во случајот Кувајт (филтри за песок и остало).
Тито.Нехру,Насер,место да бидат со СССР одлучиле да бидат неврзани со голема подршка од западот.
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
4.059
Поени од реакции
6.540
Се заебаваш ти со мене или што е работава? Дали си свесен дека до ден денес ке имаше рушевини по Загреб и Љубљана во случај на масовен артилериски или воздушен напад?Ја бомбардираа резиденцијата на Туѓман,Банске Двори.Газелите и МИ 8 што летаа над Љубљана носеа леб за војниците на ЈНА.Има една две јебани снимки од цела војна у Словенија каде што тенк стрела во барикада од камиони без човечки жртви.Дали си свесен ако со авиони удреа на стратешките објекти низ Словенија дека ке умреа сите таму од глад и жед без струја и вода? Тогаш еден генерал на ЈНА Живота Паниќ инсистираше со две дивизии да тргне на Загреб,една по Посавина другата по Подравина и за 24 часа да го завземат Загреб.

Една снимка? Ај види на документарецов дали е една. Интересно, учествувале и М-36 Џексони лол.
Кој тоа издал наредба за конвои тенкови да тргнат кон Словенија? И зошто претседателството се двоумело?
 
Диле Јоргачев

Одделение за заштита на народот
Член од
3 април 2017
Мислења
8.693
Поени од реакции
28.204

Една снимка? Ај види на документарецов дали е една. Интересно, учествувале и М-36 Џексони лол.
Кој тоа издал наредба за конвои тенкови да тргнат кон Словенија? И зошто претседателството се двоумело?
Не постои видео што го немам гледано од војната во Словенија.Штом си видел бомбардирање и масовна воена акција,ок.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom